Арменистис искрено глуп ми се виде начинот, извади што ти е букирано, што не, и ајт, чуму толкава мистерија, не знам. Кастело требало во рок од 30 мин да уплатиш, не наредниот ден, ми ја откАжаа резервацијата, па ми пратија после 'лимитед офер' што ја баталив, продолжив да барам, преубави кампови, ама се зафатено, еден камп дури од ноември почнале со резервации... и ја како тргнав надоле, ќе стигнам Турција. Сакам таков одмор, камп концепт, да сме на плажа со смештај.. ваљда ќе се најде нешто.
Во градот нема плажа, пристаниште е. Плажата пред неа мудања (пред да почне градот) е убава, песочна, широка, ама треба да внимаваш на смештај има многу што се угоре по многу скали. А самиот град е убав не е мало селце туку баш град и среден е. Една улица е, неколку таверни, едни флипери и играчки за деца
Гледавме грција, многу сакавме Кастело кампингот да одиме ама луѓе ценинее ја не знам што е ова. Сега ми се во игра Анталија и Бодрум, според тоа што сакамда има и за шетање. А во Анталија секој хотел што ми се допадна е надвор од град, во Бодрум како е, сте биле ли? Бебе ке биде 9-10 месеци
Ние резервиравме во Неа Флогита, знам дека е малечко место само, плажата е убава, песок, апартман земавме одма на сама плажа, има ресторан, лежалки од ресторанот/апартманите има Не баравме да е којзнае какво место оти мали легнува во 9, па нема кај да одиме подоцна од 8 секако Ако има некоја плажичка блиску да се види тука пишете, да не биде далеку оти мали е ѓавол в кола
Полихроно ти е преполн и бучен по мој вкус . Плажата за децата воопшто не е добра , има камења . Бевме лани летото , без деца (бев бремена) и кажав еднаш и никогаш повеќе. Шеталиштето ти е преполно од 18ч се до 01 по полноќ. Има доста флипери за деца ,но дефинитивно тоа е единствената "позитивна страна". А доколку веќе се одлучиш да одиш , гледај да не бидеш прв ред .
Неа Потидеа има убава плажа со ситен песок и барчиња со лежалки. Одма е до Неа Флогита за 5 10 мин со кола ќе стигнете.
А што мислите за Неа Потидеа, дали некој бил и дали е добро места за деца? Може ли за секој случај линк од сместувањето во Неа Флогита? Ви Благодарам на одговорите
Јас сум бил пред многу години, но мислам дека работите не се многу променети, барем за сместувањето. Во Хаус Литеа, нема класични кревети туку рамките на креветите се соѕидани и врз тоа се поставени душеци. Од аспираторите во кујните на два соседни апартмани сета миризба одеше во купатилата. Во апартманите на поткровје, кога врнеше еден ден, им прокисна и се разбудија со 2-3цм вода на подот. Плажата во тој дел кај хаус литеа беше скроз песочна, а во морето на места имаше и камења. Вака и многу не се сеќавам, ама не ми остави многу впечаток. Местото е доста мирно инаку, баш за фамилијарен одмор. Има една главна улица со дузина таверни, гиро, продавници и флипери, а воедно и парк со детски реквизити на крајот од улицата/шеталиштето. Додека над автопатот, горе е преостанатиот дел од градчето.
На фб - Brisket beach bar & Apartments Исто ги имате и на веб, brisketbeachbar.gr Зависно од периодот и видот на сместување дали сакате студио или апартман, цените се од 50 до 100 евра за наем Инаку ние прв пат ќе сме таму, па ќе видиме..
Некој предлог за место на јонски брег со 1 и пол годишно дете и кога е подобро да се оди крајот на јуни почеток на јули или во септември.
Лани бевме во хаус литра..искрено ич не ме бендиса сместувањето, демек имаш плажа пред куќата ама ич не е уредена, лежалките ги користи кој прв ќе стигни до нив, а и повеќето се искршени. Во водата пред вилата има многу камења. Другите плажи беа уредени и беа супер само требаше околу 10 мин пешки да стигнеш до нив. Единствено што газдариците неа многу фини, друго не ме бендиса. Не би одела пак тука.
И јас лани бев во таа вила За чисто не ме бендиса, бев во апартманите најгоре со поглед на море Пред вилата имаше едно дрво и баш ми одговараше таа природна сенка пошто бев бремена Таверните и другите кафулиња се подалечку и се друго како што е опишано- посебно за аспираторот
Јас искрено не би давала пари за Потидеа, ни за било каде на 1 крак за одмор. Такви гужви се, галама, плажите ништо посебно, лежалки секаде се плаќаат и тоа лани беа со мин конзумација, најчесто 20евра. Одете на 2 крак, Псахудија, Геракини се ефтини места со песочни плажи и сонцето заоѓа во море, цел ден може да го користите. Исто и 3 крак, Неа Рода, Јерисос, преубави и големи песочни плажи, идеални за со деца, без милион срби на м2 (во моја одбрана за мрчењето, пола сум србинка).