Нашето беше малку поголемо, 13 месеци, но исто така му студеше во водата во Ксамил во јули. Му купивме таму најмало базентче за да може да го носиме секој ден на плажа и му стававме од морската вода со кофичка и откако ќе се пристоплеше водата го седнувавме со играчиња се радуваше многу.
Дали сте биле на одмор во резорт со бебе? Многу ми се оди ама се секирам за јадењето, не можам да и дадам што готвеле таму, а не сакам па и само на готови кашички да биде, не знам има ли други опции, искуства?
Јас бев септември и супер поминавме сегде освен во Сарти, зашто стварно дуваше од сабајле до вечер и морето беше со преголеми бранови што ние возрасни не одевме подлабоко а не тек со деца. Никогаш не би отишла повторно таму и не го препорачувам. Одморот го спасивме со тоа што секој ден бевме на околните плажи како Каламици, Кариди (малку подалеку) и останатите диви во околината и тие се преубави вреди да се посетат дефинитивно пак би одела. Ама Сарти како Сарти не
Зависи од годината. Ако е сончева пролет е потопла водата ако беше ко лани што истураше до 20 јуни поладна е, ама пак прифатлива беше за бањање. Зависи и кој дел ќе го одите. Како и да е ако е сончево ќе може да се бања
Лани беше прилично топло во јуни, се бањавме уште пред изгрејсонце. Секоја година во јуни одиме, последната недела, топло е.
На вториот крак, на влезот во Неа Мармарас. Ама јас уплаќам во јануари, поевтино ми доаѓа и поголем е изборот. Потешко се наоѓа солидно сместување кога бараш овој период, обично се' е резервирано. Е сега, јас може и не сум репер, оти за мене и водата во Охридско езеро е таман, не ми е ладна. Ама лани дефинитивно и морето, и Охридско езеро беа топли. За годинава ќе видиме, се очекува променливо лето.
Да ми кажете доколку знаете или имате одено во вила/хотел што излегува одма на плажа во Грчка? Барам нешто најблиску до плажа за да не мора да носам две деца во раце од кое едното бебе и плус 300 други работи
Лани бевме од 19ти до 24ти јуни во Никити. Јас не можев да се бањам, а не пак бебе. Тек последниот ден беше малку потопла, кратко го внесовме бебе. Ама лани врнеше некаде до 15 Јуни мислам. Моја препорака после 25ти јуни мислам ќе е ок
Ние годинава ќе одиме во Неа Пори, вила Тсампика на сама плажа, исто со бебе и поголемо дете, таму се е резервирано, имаат фб разгледај, пиши им ако ти фаќа око. општо Неа Пори цел прв ред е тоа што го бараш од вила на плажа си. А ова сместување http://www.at-psarogiannis.com/en/accommodation/kamares-house си го зачував од членка, погоре пишувано е, за идна година на пример.
Извини што упаѓам во разговор,може да ми кажеш која цена е во вила Тсампика? Баш гледав и јас за таму
Годинава собите со поглед на море се 80€ јули/август. Тие што гледаат назад можда се 60/70€ претпоставувам.
Имате ли предлог за одмор во Црна Гора со дете 2 години, и сместување на сама плажа или близу до плажа? Лани бевме Олимпијада со бебе и супер поминавме ама мислам дека годинава зошто е поголем ќе му биде досадно, мало местенце и без многу опции за него да му биде интересно навечер за шетање/играње.
https://www.instagram.com/_diamond_suites?igsh=MTFnaXM4M2dkZXo1dw== Дали некој бил во овие апартмани во Неа Мудања? Дали водата е чиста, плитка?