Првата ќерка ми беше научена само на готови кашички, доручекот и беше од хотелот овесни со пвошје и правев, додека ручек и вечера си беше повеќе на млекце и некое овошје.
Dali nekoj bil vo apartmanite na kukata Makis vo Nea Flogita, da mi kazes kade po tocno se naogjaat i kakvo e tamu moreto, plazata?
Zdravo. Majki vie so ste bile so bebe staro od 5,6 meseci na odmor,moze da predlozite mesta i iskustva vo Grcija. Isto i smestuvanje i osnovni raboti koi bi trebalo da gi imam so mene
Секаде ке ти биде убаво со бебе на 5 месеци,бирај само место блиску до плажа.За да можеш за дремка,хранење(доколку не сакаш тоа на плажа) да си одиш во смештајот. Секако е мн мало не ти прави разлика дали има бранови или не водата.На таа возраст не одат,не играат сеуште со мн играчки,нанкаат и јадат. Можеш мало базентче да земеш.За да се шлапка под сенка. И нешто основно од домашна аптека( што ке ти препорача лекар)..пробиотик,електролит,антипирептик,ханзапласт,нешто за алергија.
Колкаво е? Кога беше 9 месеци мојата сеуште беше на 1-2 оброци мислам и претежно беше на цицање. Инаку носев шмукалчиња, овошни каши, бисквити, бебешките смоки и сл. Во ресторан и нарачував макарони без сосови, варива, пилешко, за доручек од таму си купив кисело млеко, лепче за попара и така некако крпевме таа недела. Мн ми беше мачно, сега да ми е паметов ќе ја оставев да цица цел ден па ако сака да јаде нека јаде. И во суштина 1 недела ако не е во ритамот кој што е дома не е страшно, уживајте, ништо нема да смени. Последниот одмор на година и 9 месеци на леб и помфрит беше 7 дена, до тогаш помфрит немаше пробано. Ама веќе бев поопуштена и реков и она на одмор е што сака нека јаде или не јаде. Само доволно хидрирај, млеко, вода што и да пие. Ако не јаде парчиња земи си еден рачен блендер, ако сте во хотел земи во чаша од храната изблендирај ја и нека јаде домашна кашичка.
Здраво феминки Дали сте оделе на одмор во Lagomandra? Сум со бебе од 9 месеци, тогаш веќе скоро годинка и ми кажаа дека таму било убаво, со борова шума и многу сенки за да моеж бебе и да преспие на плажа. Се прашувам дали е океј за толкаво бебе да е цел ден на плажа? Не знам, немам искуство, а и не сум одела мн по Грција за да знам други места. Нормално, би сакала да е сместувањето на плажа ама да не е еден тон пари.
Јас сум си носела рачен блендер (иако рачен, убаво мн блендираше). Па сум си готвела таму. Палента, житарки разни ќе си земеш.. а овошје и зеленчук ќе си купуваш од таму. Јаделе моиве и купечки, ама јас сум си преферирала да готвам
Мами како ги облекувавте бебушките навечер за шетање? Ќе одиме од 1 јули во Неи Пори а беба ќе има 4 месеци.
Неа моуданиа, флогита сум била пред година и супер беше, само барај сместување подалеку од таверни и барови, за навечер да не сметаат.
Ајде да кажете искуство од лани, кои плажи ги посетувавте со бебе на прв крак? Добив инфо дека тие што се со "попознати" кафиќи ( на Паљури ) касно отварале, примале само со резервации и барале задолжителна комзумација 50€ од лежалки. Ме интересираат ваши искуства, одамна не сум била во Грција, секогаш бирав далечни дестинации, но оваа година сакам само заради бебето коe ќе е 8 месеци.
Паљури да, лани бевме таму. Со резервација, испод 40евра немаше, и задолжителна конзумација. Плажата е преубава, но тесна и претржно е гужва, водата чиста, топла и плитка. Искрено и плажите во Калитеа така функционираа лани но беа поевтини од Паљури. Во тој ред Пефкохори, Ханиоти имаше една Elephant ама и таа беше со конзумација ама не се сеќавам колку беше. За пешкири да си ставиш имаше повеќе место и локалните бич барчиња беа далеку поефтини од тие во Паљури и Калитеа.
За со бебе да го разгледаш втор крак како опција ако сакаш секако, само предлог дадов. Многу помирни места има и поубави од прв крак. Премногу гужва е за бебе прв
И за возрасни е исто бар за мене, сега за Велигден бевме на прв крак, благо кажано ужас. Не сум била натаму 5 години и сега мислам дека во следни 15 сигурно нема да одам. И втор крак не е тоа што беше ама па додека се мали децата мислам дека е подобар избор.