Не се доплаќа за уште една вечер, можеш да доплатеш за да излезеш од соба во 4 или 5 наместо во 12. Ние во Аланија пред 2г.така направивме, мислам беше 10 евра. Инаку, летовите се на полноќ, да, ама автобусите доаѓаат околу 7 да ве соберат, оти се повеќе патници и хотели, плус пат до Анталија. Ние 2 пати летавме со Сан експрес, мислам летот беше околу 12, а не собраа околу 7.
Не, само сакав да ти кажам дека има можност да доплатеш за покасно да ја напуштеш собата, секако ако не е за други резервирана од тој ден. На рецепција ќе ви кажат. Сами бевме, доручек и ручек има и тој ден, бевме на плажа, си искористивме собата до кога можеше и после чекавме превозот.
Има некоја мајка да нашла сместување (само спиење) во Грција за 4ца (2 возрасни и 2 бебиња), а да е под 1000евра? Што им е годинава со цените? Лани бевме Вурвуру, годинава ми дава сместување за 10 дена 1700 евра. Ок е друже
Пред 2 год бевме Турција, со тодлер и тоа што само што фрливме пелени, мене тоа ми беше пострашниот дел Инаку иако ја напуштивме собата во 12 цел ден користевме се, а имавме на рсдполагање туширање во спа центарот. Ние дека со дете си почнавме со средување од кај 17ч па си одмаравме низ хотел, а и вечера фативме од 18ч. Да во Неа Пори, 80€ од ноќ, читав низ темата и за многу помалку нашле таму годинава.
Луѓе ние уште се мислиме каде да одиме. Бебо ќе е 1годинка тогаш. Ја земаме и Црна Гора во предвид но не сум сигурна како ќе поминеме по пат, дека малку подолго е. И друго нешто сакав да прашам, имам малку анксиозност околу моментот, што ако бебе ми се разболи, крене температура и слично. Го помислував ова, ама и многу луѓе околу мене го спомнуваат тој момент, као "не одете толку далеку бла бла". Што мислите за ова? Нели не дај боже да треба лекар, но и да би требало, сигурно има болници, не одиме во пустина.
Ние ке одиме септември бебе прави годинка во август, јас би одела и после 7-8 зависи мм како ке биде со работа за да не е спарно и жешко толку, да може да сме поголемипт дел од денот надвор. 99% ке е Никити, ако не се промени нешто. За тоа ич не се замарај, ке си земеш што ти е најпотребно од лекарства можеш са извадиш приватно здравстевно за не дај боже(барем јас вадам секогаш). Да одите да се изнауживате и бебе ке се изнаужива остај кој што збори. На мм сестра му лани беа Хрватска со кола, бебушка тогаш имаше 8 месеци, тргнаа вечерта кога заспа, стасаа сабајлето кога се разбуди.
Јас една недела пред одење не и мешам со луѓе и со деца, големата не ја пуштам во градинка и досега сме избегнувале настинки да фатат на одмор. Сепак се вируси што се префаат па на тоа внимавајте. А и да настини таму ќе посетите доктор и плус сигурно и лекарства ќе си носиш. И недела до две исто давам пробиотик превентивно
Мајки како се викаше една српска страна за смештаи низ Грција? Никако да ми текне, а често беше спомнувана низ темава.
На оваа мислиш? Grčka letovanje 2024 | Apartmani, hoteli, smeštaj u Grčkoj bez agencije (grckainfo.com)
Ние бевме лани и годинава пак ќе идеме. Мало е местото (едно гиро, две три таверни и 4 продавнички) Апартманите се блиску до плажата. Дел слободен дел со лежалки е. Знае да фати гужва на слободните делови ама па сите се со тодлери и бебиња дојдени, на никој ништо не му смета. За плажа дома е топ, ако сакате да шетнувате повеќе не е.
Нее, не сме за шетање, најбитно е да сме со апартманите што поблиску до плажа.. сепак сме со бебе кое заспива во 20:30 Не ни е до кафичи или шеталишта, живееме во прилично голем град, таман се враќаме тој период и за МК па ќе искористиме и до Грција. Највеќе одиме за плажа/апартман/плажа
Сакаме да одиме на одмор во Грција втор крак, беба ќе има 8 9 месеци, Август-Септември тој период планираме, препорачајте ми убаво местенце..со маж сме биле само Вурвуру, убаво мирно ми е и за со дете ама сакам и др места да разгледам, па препорачајте нешто...