Кхм па јас одам UAL во Турција последниве 3 години, куферчето во рака, авиончето и на ништо не мислам ако веќе ме прашуваш каде одам Турција во срце ми е А каде и да одам, пијам флаширана вода. Тоа со водата и сончаницата во друг контекст го кажав ако ме разбра. Имам проблем со синуси, и јас не знаејќи тогаш за ова со канализацијава, си гњурев, нели море, сол, јод и помага, ама сум нашла каде да правам експерименти и бидна што бидна ок, може никаде не е идеално, ама овде е врвот ова со морево.
Што е смешно? Дека одам во Турција? А демек лажам? И што корист имам да лажам? Си имам можности ќе си одам, нема потреба од исмејување. И кој рече дека сите се болни? МОЕ искуство кажав, слобода на говор, јавен форум што сакам ќе си кажам. Ако ти се оди во Албанија среќен пат. Намали со иритантноста, со цел форум се закачаш. Може ко луѓе да се разбереме.
Лани ние бевме во Сивири, малечката имаше 9 месеци. Преубаво, мирно, културно место. Водата пречиста, нема многу гужва. Отидовме на жими мајка, испадна еден од поубавите одмори што сме биле. Се зависи од тоа што барате од одморот. Ние сакавме мирен одмор, без никакви гужви, дискотеки и одлично беше.
Со голо око гледаш како се испуштаат фекалии наутро директ во море. Има слики кај маж ми, ако најдам од 2020 ќе ставам. Одевме со бебе во 8 сабајле на плажа и се гледаше точно од каде ги испуштаат. Ни се згади одморот ни ние, ни дете избањавме. Така е. Има ЕУ регулативи кои мора да ги почитуваат.
Ние бевме пред 3 години баш во Орикум и сите тројца се вративме со стомачен вирус. Не би отишла никогаш повеќе. Долг пат посебно за мало дете, возат катастрофа и ни ја удрија колата, плажата баш во Орикум тиња, одевме со кола секој ден и баравме попристојни плажи, никој не знае англиски, пожар гореше 10 дена по околните ридови и никој не го гасеше, чад се изнадишевме, маркетите неснабдени, плажите несредени, катастрофа.
Мила каде одите со детенце ? И колку е исплатливо? Баш на мм за следна година му зборев кога ќе има бебе 1.5год дали вреди да одиме одмор Турција, бевме Аланија сами ама пренапорно е со автобус од Анталија па по тебе кое е најдобро местенце за и на бебко да не му е пренапорно. А баш е одмор одмор UAL @lo=over преку букинг резервиравте,ако може вилата? За септември не знам каде да одиме, сега бевме 5 дена Полихроно супер пројдовме зошто малово е баш мало и немаше некои захтеви ама во септември 8месеци па да има и сенкички, убави плажички
Мила ние како дечко и девојка пред 10год бевме во Кушадаси. Последниве 3 год шетавме Кемер, Сиде и Аланија. За со бебе, год ќе ја избереме Грција, не би се осудила со неа во Турција а баш ми е криво. Ќе потпорасне, следна или наредна година после таа па би одела. Турција е прекрасна, како домаќини се феноменални, кога и да кажевме дека сме од Мк, одма се насмеани, супер сме прифатени таму. Услугата е врвна, никогаш гладни не сме останале, има избор за сечиј вкус. И морска храна, и за оние што сè си јадат и диетална. Турците каде што одевме во хотелите, тоа ми беше мн штосно, секоја вечер им беше различна кујна, пр. Шпанска, Италијанска итн и нема што нема на масите. Е сеа за морето, Кемер беше подлабоко, уште на самото влегување во море, плажата со камчиња, ама пречиста вода, Сиде беше песочна, по плитка ама знаеше да биде нечиста ако задува а и од песокот внатре па ќе се замати ама за чиста си беше чиста, немаше тревки или ѓубренца итн. Инаку нас секогаш ни беше приоритет плажата да е приватна на хотелот, така да, близината беше смешна, за 2 мин си на плажа. Во Аланија беше помала плажата, и длабоко беше реално ама за тој што си е пливач не смета. Не можам да издвојам каде е нај убаво, секаде ни било феноменално, прав одмор, убаво да одмориш. Е сеа за со детенце ја за почеток Аланија би ја одбрала. Ама нај веќе од сè, треба да се пази кога се оди таму. Ние строго Септември одиме, маж ми може кога сака да си одбере да оди на одмор, со претходна најава. Јуни, Јули, Август никако не се оди, има страшна влага и не се дише. Па со детенце па ич. Е сеа гледав парови и со бебенца ама од тоа што видов, бебињата од премн топлина плачеа па родителиве ќе соберат пешкирите и во апартман. Затоа и за со дете е нај битно хотел со сопствена плажа. Кога сум кај пешкири итн да напоменам дека на ваквите места ти даваат секој ден нови пешкири за плажа, има фрижидери на плажата, ресторан, си јадеш, пд фриж си земаш сладолед, водичка, сокче, хигиената во хотелите(за мене е мн битна) на врвно ниво, на неколку дена менуваат постелнина, има фен, козметика, шампон, гел за туширање, сапуни, хартија итн итн. Ако сакаш можам и во пп да ти ги кажам хотелите па да си разгледаш и да видиш кое место нај веќе ќе ти одговара. П.С ти опишав детално по ваквите хотели каква е UAI услугата, инаку прочитав дека сте биле во Аланија. За тоа со бусчето, неизбежно е, каде и да бевме, мораше со бус од аеродромот па до хотелот. Е сеа спас е, ако одберете место нај блиску што е од аеродромот, до местава што ги спомнав. Мислам нај блиску Сиде беше, ако не се лажам. А и тоа е ланец од хотели, ако одберете меѓу првите 2 3 е поблиску, нас ни се паѓало и 6 7ми по ред хотел па било подалеку.
Пред неколку дена се вративме од Сивири, мало местенце со неколку ресторани и кафичи, видов две пекари, слаткара и на 3 места имаше занимации за деца. Водата до кај 12h беше мирна, подоцна скоро секој ден фаќаа бранови, ама пак плитко е и песочна плажа. Лежалките веќе до 10h беа пополнети. На едната страна од мостот плажата беше потесна, на другата страна накај кафичите поширока и поубава.
Супер е Сивири,два пати сме биле кога малата беше 9 месеци и после на 2,5 години,првиот пат септември а после крај на август. Мене ми се допадна ,баш онака за одмор без многу гужви и панаѓури,се беа парови со мали деца,на плажа до 20 часот може да си седеш ,се на се прав одмор. @TheSecret може ли да ми пишеш,затворена си за пораки,нешто да те прашам?
Nekako kontradiktorna si. Neli ne ti cinese Albanija, a sega pisuvas citiram: Е сеа за со детенце ја за почеток Аланија би ја одбрала.
Не знам кај да го прашам прашањево па ај тука. Се наканивме да одиме со мало бебе на одмор 2 ипол месеци ќе е. Е сега ме интересира ваше искуство со доени бебиња, како им давате на плажа да цицаат? да соблекувам сдо пола купаќи? ( сите ми се едноделни ) да се покриам со тетра ли? и уште едно глупо прашање со оглед дека имам тодлер и ќе користам секој момент да сум со него, после капење во море се туширате на плажа па му давате на бебе или во соба да трчам да се средам? знам, глупи прашања, плис не ми замерувајте постпартум мама со прво бебе што е на доење
Нема глупо прашање. Еве пред 2 дена се вратив од плажа со 6мес бебе во 5ти скок, би да дреме на цице 24/7 Први денови тетри пешкири магии правев да се кријам, јас нервозна испотена, бебе жива вода не сака да цица топло нема воздух. Веќе следно едноделни купаки, симињам 1 прерамка маичка на мене дигната над градите бебе легнато, лежалка, нозе свиткани во колена, само со спротивна рака симињам купаќа кај града, маичката мааалце си држи од горе и тоа е тоа не се гледа ништо повеќе ние се замараме отколку што реално некој гледа ама те разбирам скроз. Јас не одев до смештај, секогаш носевме вода за пиење па пред да дојам малце се измивав само на рака еве ништо не му е