Можеби, не знам. Се резервира со упорност. Кнап е не дека не, ама наоѓаат по нешто. Плус стално се гради по нешто ново. Да, се плаќа 30% за резервација. Не рефундираат. Сме биле и во СТД Мобајл Хаус и во Лукс за 4. Разлика е во големината. Во лукс има две засебни спални и поголемо купатило. Во СТД има еден кревет на спуштање кога влегуваш во куќарката и плус спална. Бањата е нешто помала. Ние цел одмор го минуваме буквално надвор на двор. Затоа и ја сакаме комоцијата . Не си затворен во соба 2*2 со еден ќош балкон. Има ценовник на страната. Лукс излегува околу 135е. Стандард околу 110. Ова се цени со 5% попуст. Добиваш попуст со секоја резервација на вкупната сума. Имаат на страната ценовник. Без попуст. https://www.armenistis.gr/en/reservation-form-accommodation
Браво, како успевате да резервирате. Сум пробала неколку пати и ништо. А сме биле денски на плажа, врв е плажата на кампот
Мислам дека беше 6е за возрасни, 3е за дете. За колата не знам. Ваљда се остава горе на паркингот. Има сенки да.
Мајки била ли некоја Олимпијада? Како е за со дете? Моето 1год ке има, решена бев за Никити ама се погодивме со едни пријатели да имаат одмор со мм а они имаат резервирано таму? Имаат детенце па најмногу ми е за бебо да си има друштво ама и да може да се шлапка
Мене ми беше преубаав одмор на два километри има рајски плажи,тука ви е и Бабилон која е плитка.Е сега нема за шетање нешто особено има ресторанчиња две три продавници ама Ставрос ви е тука за ноќен живот.
Не ми треба ноќен живот, имам бебе што заспива во 9 плажа блиску плитка, бебо да се шапка, а од ноќен живот пиво на тераса
Ај едно прашање, кое време сте тргнувале на одмор со бебе од скоро годинка? Немам појма како ќе се понаша по пат со спиење, не сме патувсле на повеќе од 2 часа
Јас го пренесувам спиејќи ако е релацијата подолга 5+ часа тргаме кај 1ипол најкасно 2, пошо во 7 се буди па да го преспие поголемиот дел од патот, и тогаш штом е разбуден одсабајле не е страшен. А ако е саат два трмпирам на дремка да биде. Мене ми е битно да стасам па он нека се разбуди после не е проблем, проблемот е ако се разбуди на пола пат
Мало мирно место. Неколку таверни, две маркетчиња, неколку бич барови, во близина накај неа мудања има лидл, лулашки на плоштатчето и флипери. Плажата е широка и комотна, претежно песочна со по некое камче. Ние неколку пати одевме заради близината, ама лани на скоро сите денови ни дуваше и имаше бранови .
Kako se odnesuvate so bebe na plaza . Moevo na 8 m ke go nosam vo grcka nei pori kako najbliska destinacija, e sea nezam kolku vreme smee vo voda dali da mu zemam bazence da se slapka od kolku do kolku saat da ne odime na plaza i dali nesto plus ke mi bide potrebno kako rekvizit za na plaza osvem sekako faktor 50ka i dali e okej da se macka na 2h ili treba pocesto bebeto mi e belo
Ние 2 одмори тераме од 8до11-11.30 зависи од температура моментално и од 18до 20.30. Количка задолжително носиме за спиење, играчки, твоето тоа време ќе биде и поголемко ќе седи па можеш базенче за шлапкање. Ние по 10тина мин го бањавме не цело време во вода туку разладување, после сушење и го заплакнував раце нозе со водичка од шише. Тетра си носев за на лежалка си уживаше на мешко со играчки
Isto zaboraviv da prasam da ne slucajno si informirana kako da fukncionoram so ad mleko na plaza poradi zeskoto isto i so klimata zasto e studio za zal ne najdov app so prikladna cena ili bea dupleksi ili studia
Клима пуштавме на 27 28 ко дома зошто беше доста топло, сега во Охрид сме со Вентилатор насочен на друга страна зошто е пекол од 2ч до 5 А за Ад имаш диспанзери за дози АД во локо кроко, зегин, си ставаш точно лажички колку што треба, јас имам термос најобичен таму му ја загревам водата за да е така баш топла, држи до кај 3 4ч и остаток за да не е претопло млекото додај од флаширана. Ако не се лажам мислам смее така @Brpbrp мајка мислам ти го правиш млекцето со пола-пола вода.
@Brpbrp ako moze info dali e problem mlekoto vo prav da stoi vo dozerka na zeskoto na plaza. @Fenix05 fala tii
О јас барав имаат само од онид џангл кампови, а маж ми не сака во такво дека нема клима. И тоа барав за почеток на Септемвти, немаат. Зборувам за во Арменитис.