Ние само што се вративме, мојот помал е 22 месеци. Обично сум депре кога се враќаме од одмор, а сега ѕидовите сакав да ги гушнам кога влегов дома Понапорно лето не памтам да сум имала. А не е темпераментно дете, баш напротив ама таква му е возраста, не седнува.
Значи убаво си викам јас, воопшто да не мислам за одмор следното лето. Мојов е сега 8 месеци, одкако почна да лази од пред месец и пол не е седнат, по цел ден само трчам по него. Не сакам ни да помислам што ме чека кога ќе прооди Туку нека се живи и здрави само, ќе се смират ваљда, нема цело време да бидат така бесни.
Ајде помош место на крациве во Грција кое е убаво за со мали деца? бебе е 1 год и дете 4 год. Ако имате и предлог сместување уште подобро
Ja izbravme nea flogita za so bebe od 4 meseci vo brisket beach bar apartment, na sama plaza e apartmanot , Dali nekoj dosega bil tamu ,da spodeli iskustvo.
Неа Скиони или Фурка? Вие што сте биле за со бебе каде е поубаво? Големиот нема мука. 5год има. Најмногу ми е за со бебе да се погодиме.
Предложете место во Грција за одмор со четиримесечно бебе. По можност: да е доволно развиено за да се чувствувам безбедно (амбуланти, аптеки), да нема многу гужва и журки, да има плажи со природни сенки и чисто море. Ако знаете некој хотел со пристапни цени и блиску до плажа, ве молам предложете, тоа би било идеално (еден да седи со бебе в соба, а другиот да може да тркне да поплива).
Ставрос ти е идеален за барањава, педијатри мислам 3 има. Ние одиме во апартмани на плажа ама тешко место да има, година уназад ги резервираме. Само ако гледаш, немој новиот дел, ем немаш скроз на плажа куќи, ем кафичи е претежно.
Сега и јас да не останам покусо отворив, ми дава дека по пат може да има големи пожари...не знам како е ситуација накај Грција, проверете пред закажување
Здраво. Планираме да одиме на одмор во Грција со 18 месечно дете. Искрено гледав нешто за во Ставрос меѓутоа читав по групи дека има и големи бранови. Дали има некој што бил таму на одмор и да сподели некое искуство? Или пак предложете други места за одмор со мало дете.
Бранови понекогаш има,но не се толку големи. Често дува ветар. Во Врасна и Аспровалта се поголеми брановите и брзо доаѓа длабокото,додека во Ставрос има поголем дел со плитко
Здраво ние колку да истераме лето ќе појдеме до Охрид со 7 месечно бебе. Па да ми кажете во кој дел е боље и за плажа и се?
Св.Стефан одевме ние со малово, седнувавме на плажа во ресторанот Лихнидија, сенки од чадори и дрва, бебе во количка топ пројдовме.
Не знаев каде да го поставам прашањево, па ајде тука. Што им постилате на бебиња на плажа да си лежат, тркалаат? Имам гледано такви постилки како гумени низ интернетов, но не знам од каде би набавила? Знае некој за нешто такво кај нас?
Како е Флогита во септември? Да не почнува да биде пусто местото со оглед на тоа што е крај на сезона?Морето топло ли е тој период? Ќе идеме од 1ви ,бебе е 8 месеци.
Јас ја носам подлогата од дома, не знам дали сум улава ама па топ ми беше така играчки тука има, ја перам со вода се суши одма