Јонско море е секогаш поладно, и во сред сезона е поладно таму, а и подлабоко е, веднаш е длабоко во Парга, убаво место е ама не ми е за мали дечиња поради тие причини, сите плажи се убави Валтос, Саракинико, Корали... ама длабокичко е и поладно од останативе места на прв-втор крак.
А за Албанија Орикум или Химаре или исто јонско е па поладно морето ќе е иначе ние сме од Охрид и научени сме на поладна вода ама што знам мала е уште.
https://m.facebook.com/profile.php?id=100054865461290 Имаат објавено број на фб, можеш да ги контактираш на вибер.
Каде правите паузи на колку време возење и колку долги за до прв крак и колку долги? Ќе одиме со 4 месечно бебе
На 2-2.5ч по 20тина мин. Е сега зошто и на граница има гужва ќе искористиш таму да го извадиш бебе. Ние во јуни заглавивме и на обиколницата па и таму искористив за да не стоиме плус
Тино, Ривиера, Су Кумовите беа во Корнер, не е строг центар, на кружниот е ама многу беа задоволни пред 3год ова.
Мојата е 2 и пол месеци, се мислам ако најдам апартман во Берово Има некоја идено натака , каков е патот од Скопје , колку е далеку?
Да не знаете некое апартманче попатно Солун,првиве да не е изгор скапо? За 1 ноќ ми е од сабота сме на одмор ама сега сфаќам дека е продолжен викенд ќе биде хаос па да земеме ноќ пред тоа да пресечеме пат на пола...ама букинг е се над 100+
Побарајте Переа или Агиа Тријада, на 20км од Солун е, поприфатливи цени и плус имате плажа, ќе си одите на плажа и тој ден. А може и да побарате по групите на фб, најчесто српски се групите, нешто со поповолна цена.
Max lux the one побарај на букинг во Переа блиску е до Солун,таму бевме лани баш беа поволни цените а намерата ни беше да сме блиску до Солун
Има возење околу 2 часа, не е лош патот. Ние бевме во Аурора кога имаше два месеци и супер си поминавме. Баш добро му влијаеше шетањето надвор, погодно за спиење во количка
Знам дека е рано за одморите ама ние летово што помина не бевме бидејќи бебе беше мало и сеа оваа година остана одморот од 2024 па јуни здравје одвај чекам да одиме Дајте мислење за Ситонија каде би оделе со 14 месечно бебе тогаш? Битно ми е да е многу блиску до убава песочна плажа со плиток дел, да има аптека, амбуланта и шеталиште за колку толку да прошетаме навечер.
Ние бевме во Порфи хотелот, тоа му доаѓа пред Никити. Хотелот е океј, храната исто ама плажата пред хотелот е катастрофа. Така да ако сте повеќе да се стационирате и да не шетате наоколу по плажи, не го препорачувам. Иначе како појдовна станица за шетање на поуостровот е океј. Во градчето одевме неколку пати на ручек, вака плажата ми се виде убава, со големо шеталиште. Следно поголемо градче ти е Неос Мармарас, но Никити е поблиску.