Ние бевме септември Неос Мармарис, сместени во центарот, излегуваш и покрај море си. Градчето е убаво, ама ептен угорници, удолници затоа и баравме смештај баш доле, карши пристаништето бевме сместени. Мене ми се бендиса за навечер шетање. Ама плажи одевме со кола, Лагомандра во срце ми остана ако можете таму сместете се јас од оваа гледна точка тоа би направила. Плажа до газ што се вели, а за шетање би палела кола. Секако не излегувавме секоја вечер а останувавме покасно на плажа. Моето беше годинка тогаш, тераше он дремки и на плажа ама мене ми беше мачно да се мкнам со сто торби искрено.
Значи ништо од тој хотел. Да сакам тука да ми е се, не би палела кола за на плажа сега и да се мкнам со триста тракатанци. А и за шетање не дека којзнае колку ќе шетаме, еден круг пред спиење и ајт у соба, како и да е бебе си легнува 9ипол 10. Кога бевме само ние двајца уживавме така од едно место на друго со ранчето и пијачките ама заврши тоа
Неос Мармарис затоа и го тргнав од можностите, ради угорниците. Јас сакам се да ми е тука на куп, не сакам кола да палиме за нигде нити маж ми ќе сака а и бебе у 9ипол 10 заспива, така да тоа шетање ќе биде кратко пред спиење што не се исплати да палиш кола. А каде е таа плажа?
Ковиу или Македнос хотелот. Плажа песочна, вода чиста. Хотелите и 2та се добри. Никити е на 5 мин со кола.
Измеѓу никити и неос мармарас, имаше и куќи, апартмани за изнајмување, хотел исто има Лагомандра се вика, маркет видов, водата е пречиста, плажата е со борови сенки па има асвалтиран пат и одма се смештајите. Имаше и игралиште за деца на плажата 2-3 кафичи тоа беше. А плжата е огромна.
Звучи добро ама не можам да најдам сместување таму. Знам пиша дека не сте биле сместени таму но ако знаеш сместување некое освен хотелот кажувај
Да видиш на грчка инфо или никиана, ние преку никиана резервиравме, ама прашувавме и во една вила баш на плажата ако ги најдам пораките ке ти пратам обавезно
Барав, не најдов ни таму ни на букинг, ни на гугл, нигде. Фала ти во секој случај, те чекам да пратиш ако најдеш
На овие две се сеќавам дека немаше место. Ако најдам уште нешто ке ти шуштам линк https://grckainfo.com/sr/smestaj/twoside-olivelias-beachfront-apartment/4747/ https://grckainfo.com/sr/smestaj/kohyli-prestige/2240/
Да ми предложите нешто со доручек и вечера на втор крак, со 8месечно бебе и годинка бебе. Ќе идеме со пријатели, ама некако енормно се качени цениве во Грција, па ако имате нешто приступачно а фино.
Toroni blue sea hotel да го видиш. Ние резервиравме за јули и не беше прескапо. Прв пат одиме па ќе видиме како ќе биди.
Мислите ли е паметно да се оди средина на февруари во Златибор со малово? Тогаш би имал 7 месеци. Ме плаши малце како би било ако се разболи дека ќе биде во ек на сезоната на грип. Има ли таму педијатри што работат 24/7? Моментално не го носам по трговски центри и затворени простории, освен до кај нашите. Се вакцинирав и јас за грип за да го заштитам.
Дежурна служба има најблиску во Чајетина, тоа е на 10тина минути возење отприлика. За педијатар конкретно дали има, не знам. Ама според мене не треба стравот дека можеби ќе се разболи да ве спречува да одите. 90% нема да се разболи, ќе си поминете убаво, бебето ќе се изнадише убав воздух и едвај ќе чекате да планирате следно патување Најдете сместување со free cancellation или flexible за ако не дај боже му се растече носе пред тргање да може да откажете или презакажете без трошоци.
Јас бев кога малата имаше 10 мес, катастрофа поминавме и од тогаш реков дур не пораснат деца одам само во куќа на плажа, макс 4 саати од Скопје. Преубави плажи има ама не можеш со дете да ги шеташ, е сеа твоево поголемко е па може и ќе шетнете. Ако сте решени за Тасос, гледај околу Голден бич.
Може ли да ми препорачаш место во Грција за крај на август? Исто сакам да е блиску и да има педијатри во близина
Има педијатри но сепак е подолг пат. ако ти е шубе , можеш некаде поблиску. дека ќе биде заштитено 100% нема неможеш така да размислуваш и да се тресеш на секое излегување