Ако се мислиш за Торони blue sea, немој. Не сум била, ама ништо убаво немам слушнато за тој хотел. Порто Матина во Метаморфози види го, мислам дека е ок за со мало дете, со појадок и вечера е.
Јас моментално разгледувам, собирам корисни информации за одмор со бебе така да ако имате поискусните предлози за солиден смештај во близина на плажа споделете.
Отвори на Trip advisor, ќе видиш. И јас се мислев за таму, ама после критиките се премислив. Не сакав ни да одиме во Грција, ама годинава решивме поблиску да биде. Но претераа со цени, а реално не вредат толку. Бар од моето искуство со хотели во Грција, а сум била во неколку.
Не ме сваќај погрешно ама ако размислуваш така, сеј си дома. Има доктори секаде кај што е Град или туристичко место, ако е нешто недај Боже посериозно ќе се вози колку е потребно ама побогу... ти си знаеш. Само не знам дали го заштитуваш или му одмагаш на дете со толкава изолација.
Пресмешни сте како се навраќате на мојот пост од јануари. Пола форум пишува дека не ги шета бебињата во трговски центри периодот, ама вие за мене се фативте. Супер ни е надвор на сонце и кафенце, си мекнееме. Фала за советите ама да не ме сфатиш погрешно како што ти би рекла, не ми е потребно вашето мислење повеќе на оваа тема.
Баш е за со дете хотелот. Јас бев со сопругот сами и мене ми се допадна. Од спротивс е плажата, блиску е одма ако треба да тркниш до соба. Храната ако не пребирваш е во ред. Буквално местото целосно е фамилијарно и дечиња има многу, што е преубаво. Слободно ако ти треба друга информација прашај
Ние бевме кога беше година и 8-9 месеци. Скоро секој ден си шетавме на плажи, а навечер одевме до градот или по селцата. Сместени бевме на голден бич, пак да одам пак би одела таму и тоа во истиот смештај, од терасата се симнувавме на плажа. Ама нас ни се погоди многу да дува на таа плажа, а не е стално така. На другите места кај што одевме претежно беа во заливи и беше сосема ок. Да не дуваше мислам дека ќе си окапевме секој ден на голден бич.
Дали може да ми го пратиш смештајот ? Се мислев дали скала потамија или потос гледам и тоа го фалат за со деца
Ние првично ја биравме плажата со намера ако не ни се шета да окапеме таму па затоа на Голден Бич баравме, а и беше некако на средина од местата што сакавме да ги видиме, па одевме нагоре надоле Инаку овде бевме сместени https://www.thassos-view.com/hotels-rooms/rooms/artemis-apartments баравме да е во прв ред и тогаш немаше многу останати апартмани и ова случајно го најдовме и мислам дека сликиве не го доловуваат моментот од самата тераса и поглед. Едит: Во студиото бевме сместени, имаат и креветче на барање за дете ако сакаш.
Здраво на сите, Неколку години уназад одиме во Camping Castello, местото е совршено за со мало дете, но од годинава смештајот каде што престојувавме го класифицирале како adults only (нема кујна) па решивме да видиме за други кампови. Дали некоја има искуство со Tsitreli camp? Слободно нека сподели
Мајка, јас те разбирам тотално. Нормално е дека ќе се распрашаш што и како има во местото каде ќе бидете со бебето, и тоа е за поздрав. Би требало мајкиве малку појќе да се загрижени за своите деца, не од ко ќе се деси бељата, да му ја мислиш. Со животот на детето, еве јас лично не би се коцкала. На другиве шо се толки лежерни, алал, јас не би можела. Сакам да знам и да сум максимално подготвена во секоја ситуација. Ама, секој за своето си знае најдобро.
Кај Јорго https://nikana.gr/en/accommodation/sithonia/paradissos-neos-marmaras/4512/avra-apartments Инаку Roses е многу убав смештај за со деца, ама се касно прашувам и немало место.
Пред 2г 85 евра од вечер. Лани ни го даде по иста цена за крај на јуни, дека одевме неколку години, инаку 100 го дава. На крај во Торони Блу Сеа бевме со last minute offer, со појадок и вечера за иста цена во реновираниот дел. После во септември бевме во Олимпијада, јас со цело срце ја препорачувам Олимпијада за со мали деца. Пак ќе одиме годинава, здравје. Нема гужви, нема миљон луѓе, плажата е песок и плитка, блиску е.. идеално.
А селцето какво е за навечер? Ние лани во Ставрос бевме,ама за шетање некако досадно е,во Аспровалта одевме. Често одевме на Бабилон плажата после Олимпијада,па размислувавме годинава некаде во близина да најдеме сместување.
Нема баш за шетање, Ставрос е голем град за ова. Нас ни одговара дека до касно на плажа седиме, и рано легнуваат децата, па не ни шетаме ноќе. Ама реално Нема ништо, едни лулашки и неколку онакви колички со паричка, два три кафичи, таверна и тоа. На таа страна после Олимпијада, накај трет крак се Неа Рода и Јерисос и се со преубави плажи, ама мислам дела сите се прилично досадни места за шетање. За шетање одете накај Мармарас, баш е убав градот. И плажата е песок, голема убава.