Каде на одмор со бебенце?

Дискусија во 'Бебе' започната од gorda, 9 мај 2013.

  1. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    808
    Мислење за Метаморфозис крајот на Јуни ме интересира и дали има тогаш многу гужви и дали е топла водата тој период?
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.892
    Допаѓања:
    203.053
    Пол:
    Женски
    Секогаш ни се погодило да е топло крајот на јуни во Грција. Водата е секако топла, море е. Дури и претопла, за разлика од порано. Ич не мислете се, резервирајте со време, оти се' е полно и покрај високите цени.
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    808
    А за ова место нешто читав плажата не чинела матна била водата ежови имало валда не е до толку неубаво морето, јас би го одбарала местово пошто е со борова шума и сенки.
     
  4. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.260
    Допаѓања:
    19.344
    Пол:
    Женски

    Лани на мм вујко му беа Метаморфози они го испофалија местото, ама ич не ми текнува кој хотел беше.
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    808
    Апартман ќе барам јас во гратчето само за плажите каде што можи пешки да се оди дали е убаво морето, со кола ќе сме ама не планираме многу да шетаме сакаме да се одмориме и да дишиме чист воздух.
     
  6. Carolin.

    Carolin. Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2014
    Пораки:
    3.260
    Допаѓања:
    19.344
    Пол:
    Женски
    Ние лани бевме Неос Мармарис, ако ви се вози малку повеќе побарај нешто на Лагомандра плажата или Парадисоос таму се е апартмани на плажа, а плажата е сон.
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    Дали некој бил во Уранополи,хотел Xenios Theoxenia 4*?
     
  8. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.892
    Допаѓања:
    203.053
    Пол:
    Женски
    Ние годинава уплативме таму, во Порто Матина. Се мислевме дали воопшто да одиме во Грција, некако ја избегнуваме, ама дека краток е одморот, најблиску е.
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  9. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.136
    Допаѓања:
    808
    Дали некој уплаќал преку страната грка инфо дали е безбедна страната?
     
  10. Butterfly30

    Butterfly30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2024
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Дали сте биле во Неа Рода , искуства ?
     
  11. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.680
    Допаѓања:
    24.034
    Пол:
    Женски
    Да, лани бевме преку нив во Торони. Исто како Никана се и тие, сосема ок.
     
    На ija му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Monas95

    Monas95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2023
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Сјде од искуства кој хотел би ми го препорачале во Грција за со 8месечно бебенце средина на јуни ?
     
  13. Верче4

    Верче4 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    5.368
    Пол:
    Женски
    Како сте задоволни од торони блу? Ние сакаме да резервираме во новиот дел. Какви се собите и храната најмногу ме интересира заради децата. Дали има вклучени пијачки во понудата или само вода? Благодарам
     
  14. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.277
    Допаѓања:
    27.965
    Новиот дел не е мн нов. Пред 2 години ни дадоа преубава соба, реновирана, чиста, голема. Таа им е како претседателака и ваљда таа само им беше слободна па ни ја дадоа по цена на обична. Лани ни дадоа пак голема соба, со најголемата тераса во хотелот, ама не беше баш чисто, па пребришувавме. Нема услуга како хотел за 5 ѕвезди, не чистат секој ден, на 5 дена менуваат пешкири, така по смештајот њ како во апартман, сам си правиш се :)
    Храната е ок. Пред 2 години беше подобра, лани полоша. Генерално има избор, за доручек класика континентален со многу грдо кафе и грд сок. Вечерата најчесто е избор од неколку видови манџи со месо, има риба, помфрит некогаш, некогаш пире, шпагети... за деца што јадат има избор. Моите деца се доста специфични за храна, така шо не јадеа баш. Нема никаква пијачка за вечера, ни вода. Треба да купиш

    Се плаќаат 2 пијачки на плажа, и можеш цел ден да користиш лежалки.
    Базенот е катастрофа прљав.

    Новите мазонети кои ги нуди Савана мислам се нови и убаво средени, НО немаат тераса (на тротоар искачаш) и се направени одма пред јамата, често мириса лошо.

    Генерално за парите кои ние ги плаќавме се исплати ептен, плажата е преубава на 30 секунди од смештај, храната ќе тр најаде.. но не очекувај хотелска услуга. Ние многу ефтино плаќавме, по некои 80е пр вечер за сите и ептен се исплатеше. Инаку лично повеќе од 120евра од вечер мислам дека не вреди да се даде.
     
    Последна измена: 5 март 2025
    На Верче4 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Верче4

    Верче4 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    5.368
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу на опширниот одговор. Тоа ме имтересираше најмногу за храната реков дали има да јадат нешто да не е специфична со многу зачини. Се гледа дека не е луксузен хотел па не ни очекував некоја посебна хотелска услуга. Нас ни иди по 100 евра од вечер за јуни. Мислам е океј. Хотелска такса колку се плаќа? И навечер дали има каде да прошетаат деца. Ти благодарам.
     
  16. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.277
    Допаѓања:
    27.965
    Да за таа цена супер е. Не е зачинета храната, доручек има убав, лиснати, јајца, кашкавал, салата, корнфлекс, овошје. Вечера се грчки јадења , мусака, ќофте, такви работи. Ина и печено месо, риба некогаш, и има торти за вечера и сладолед :))) има деца што да јадат.

    Таксата не знам колку беше ситно нешто, дали 3е по ден?

    За шетање има шеталиште, има онакви флипери за деца, има лулашки. Тоа.

    Неос Марамарас е блиску, ние обавезно и таму шетаме бар две вечери. Цел град е Мармарас, со пристаниште, туристички воз итн..

    Искрено за плажата вреди да се оди, до касно е сонце, песок убав и чист, не знам колкаво ви е детето/децата ама ако се над 3г стално ќе има со кој да се заигра на плажа. Кога беше големиот 3 ипол години, јас трудна се изнаодморивме, играа со деца на плажа ние си седевме ги гледавме, баш одмор.
     
    На Верче4 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Верче4

    Верче4 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    5.368
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам многу. Се убедив да одиме. Ќе платам утре па ќе видиме како ќе поминиме. Сигурно и Мармарас ќе одиме гледав блиску е. 3 год е малата, големиот 8.
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.044
    Допаѓања:
    328.316
    Пол:
    Женски
    За Toroni Blue Sea зборуваш?Прочитај на нет, сите коментари се негативни.А и низ форумот имаше незадоволни.Да не си фрлиш парите за џабе.Инаку Торони скоро и да нема каде да прошеташ.За разлика од шеталишта на прв крак овде е ептен монотоно.
     
    На Верче4 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.261
    Допаѓања:
    11.924
    Пол:
    Женски
    Јас па сите позитивни ги прочитав. Прв пат на форумов прочитав негативно. Еве и последниов не е негативен. Ние резервиравме, па ќе видам дали сме згрешиле.
     
    На KuklickaSk и Верче4 им се допаѓа ова.
  20. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.044
    Допаѓања:
    328.316
    Пол:
    Женски
    IMG_1156.jpeg

    IMG_1157.jpeg IMG_1158.jpeg

    IMG_1159.jpeg

    Натака има уште мн ме мрзи да постирам
     
    На Aschenputtel, Верче4 и Feniksgirl им се допаѓа ова.