1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде на одмор со бебенце?

Дискусија во 'Бебе' започната од gorda, 9 мај 2013.

  1. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    1.169
    Допаѓања:
    658
    Пол:
    Женски
    Бебе во јуни ќе прави 7 месеци. Ќе почнеме со вкусови од 6. Дали е ок периодот за одмор на пример крај на јуни?
     
  2. Butterfly30

    Butterfly30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2024
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    108
    Пол:
    Женски
    Да , зашто да не
     
    На snowwhite.24 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. FitGirlK

    FitGirlK Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Никити е најубавото место на втор крак. Плажата е песочна, чиста, со многу кафичи и на крајот најдобриот Ергон бич клуб. Одат и со деца и бебиња има места кај што не трешти музиката и има убави сенки. Најубаво во количка беби и одете пешки нема паркинзи толку колку што со коли пробуваат да дојдат и се паркираат до самиот песок на некои делови. Навечер е живо со преубави ресторани слаткари флипери лулашки сѐ до полноќ. После е штама мир и тишина. Никити е топ!
     
    На IRBBB, Isabela23 и sanja-84 им се допаѓа ова.
  4. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.397
    Допаѓања:
    18.643
    Предлог за сместување да не имаш?
     
    На sanja-84 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.419
    Допаѓања:
    12.455
    Пол:
    Женски
    Каде би ми предложиле за со деца, песочна плажа и чиста вода, да нема бранови.
    Пожелно е и искуство со смештај, значи досега каде и да имам одено во Грција, хигиената ми е под ниво, сосема различно од слики, и сосема обратно пропорционално од она што го плаќам.
    Хигиената на смешрајот ми е преважна, не ми е битно да е луксузен стан или хотел само да е чисто.
     
  6. ardnaskela199

    ardnaskela199 Активен член

    Се зачлени на:
    5 април 2023
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Здраво. Ве молам кој може да сподели искуства за Олимпијада?!

    Размислуваме со маж ми годинава да одиме таму на одмор со мало дете 2 ипол години. Па ме интересираат искуства кој бил и како поминал, дали сте задоволни од плажата и водата, дали има медузи, дали има бранови, цените како се… Ви благодарам :)
     
    На V.N. му/ѝ се допаѓа ова.
  7. FitGirlK

    FitGirlK Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    https://www.booking.com/Share-9m74CL

    Ние овде сме биле, во прв ред е куќата, од страна се влегува во апсртманот и колата ти е во двор.
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.311
    Допаѓања:
    15.403
    Пол:
    Женски
    Ние бевме лани. Малата беше 2 год. Плажата е убава, морето чисто без медузи и бранови. Една уличка шеталиште со кафанчиња и мало плоштадче со фонтана. Е ќерка ми од таму не мрдна :)
    Фино и мирно место. Ако сакате се да ви е на 2 чекори идеално. Ние бевме преку Анастасија
     
  9. Зеленоокатаа

    Зеленоокатаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2019
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    142
    Пол:
    Женски
    Дали некоја била во Албанија со бебе? Да ми кажете место со чиста вода и чист смештај
     
  10. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    893
    Допаѓања:
    971
    Пол:
    Женски
    Се мислам помеѓу Неа Каликратија, Неа Потидеа и Фурка. Каде препорачувате за со дете од 1 година? Битно ми е да е многу близу до плажа која би била со чиста вода, песочна и да има доста плиток дел.
    Не ми е битен ноќен живот ама барем некоја улица да има за навечер круг да свртиме. И да, по можност амбуланта да има.
     
  11. Ena05

    Ena05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2019
    Пораки:
    893
    Допаѓања:
    971
    Пол:
    Женски
    Може ли ако сакаш да споделиш нешто повеќе за местово? Плажата каква е, мала голема, плитка, песочна, со лежалки или можеш свои пешкири да си ставиш? Гужви, комарци дали има? Дали има навечер кај да се прошета? И амбулата дали има?
     
    На Зеленоокатаа му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Carpe Diem New

    Carpe Diem New Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    583
    Пол:
    Женски
    Јас не би ја препорачала. Еднаш бевме во Орикум и никогаш повеќе. Мн.долг пат, сите фативме цревен вирус, никој не знае англиски, маркетите неопремени, плажите несредени.
     
    На Marijanche33 и Зеленоокатаа им се допаѓа ова.
  13. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    9.602
    Вурвуру е идеално за мали дечиња. За смештај не знам, ние кај што бевме лани, сега е се' фул, за цела сезона... И јас барам сега.
     
    На anggell му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Isabela23

    Isabela23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    311
    Јас бев во Неа Каликратија со осум месечно бебе. За навечер има каде да го прошеташ и ресторанчиња за вечера. Но, плажата воопшто не ми се допадна, ниту морето во тој дел. Така да, и покрај тоа што бевме одма до плажа, секој ден одевме со кола на Сахара. И Солун е блиску нели, мене и тоа ми е плус за шетање на крај. Ама чудно ми е што не прочитав претходно ниту еден лош коментар за плажата и морето, така да баш бев разочарана првиот ден. Среќа бебе спиеше или во море или на плажа, па користевме таму цел ден.
     
    На Зеленоокатаа и Ena05 им се допаѓа ова.
  15. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    1.169
    Допаѓања:
    658
    Пол:
    Женски
    Неа Каликатрија бев пред неколку години, плажата крш и водата исто. Сахара преубава плажа се согласувам, иако ние бевме на крај сезона и немаше скоро никој.
     
  16. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.673
    Допаѓања:
    9.602
    Кој период одевте на одмор со 9-10 месечно бебе?
    Јас немам гајле од жешко, и до сега секогаш одиме втора половина на Јули. Ама за бебево баш и не знам колку е тој период океј.
     
  17. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    5.599
    Пол:
    Женски
    Најдобро до сега нас ни се покажа крај на август,од 25 август идеална температура е :)
     
    На Bella.alleB и LadyR им се допаѓа ова.
  18. Bella.alleB

    Bella.alleB Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2019
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    4.157
    Пол:
    Женски
    Никити за со бебе како е?
     
  19. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.324
    Допаѓања:
    33.659
    Пол:
    Женски
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Isabela23

    Isabela23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2014
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    311
    Јас секогаш одам во сезона, па и лани и оваа година ќе одам втора половина на јули. Бебе си сака море и затоа подобро да е потопло кога ќе излезе надвор. А, лани и вентилаторче на количка му ставав хаха Оваа година ќе видиме каков хаос ќе е со 20 месечно бебе што не седнува воопшто (facepalm)
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.