Крај на јуни или почеток на септември. Крај на јуни оти денот е поголем, нема толку луѓе, помирно е, не е почната жештината. Почеток на септември е топло, поминати се главните гужви, не е толку жешко оти и денот е пократок. И обично е поевтино во тие периоди, ама зависи и кога ќе резервираш. Сега, зависи и каде ќе одите, секако. Јас и сега со големи деца одам на одмор крај на јуни (почеток на септември не можам, оти се во училиште). Не е толку жешко, а денот е голем, на плажа сме до стемнување. Два одмори си тераме, во јуни надвор од Мк, во август во Охрид, попрактично ми е така.