Читај на Никана на инстаграм, баш пишуваа за цени таму. Лежалки ако сакаш прв ред по 50€ конзумација од сет лежалки, а другите редови имаш и за 30-40 €. Ние ќе одиме во јули.
Овде бев пред 5 години.Прво не зезнаа со собата.Место соба добивме бунгалов ..кој ем беше подалеку од плажата ем мн неубаво уреден.Над нас имаше млади германци.10 пати пријавив на рецепција дека прават мн галама сред ноќ и ништо. Второ храната.Платен ручек и вечера.Ама немаше шведска маса туку мени кои за сите беше исто.Значи немаш избор туку за предјадење имаш потаж од тиква и тоа е тоа за сите Е бидејки не беше агенциски така договорено се искаравме саглам на рецепција, баравме парите да ни бидат вратени па на крај се согласиа да добиеме мени по наша желба Се надевам сега веќе се имаат доста раб променето.Плажата беше песочна и убава баш.
Ние резервиравме за Флогита, може ли да ми кажеш за плажата дали е песочна надвор и внатре и дали е плитко на почетокот?
Причитав убави коментари и за хранава па се надевам смениле нешто Некој нов кувар имало, преубаво било.. па ќе видиме баш... А како уплати? Дека кога резервирав преку страната нивна си пишува дека е Family room со поглед планина, надоле имаше избор и други соби само поскапи.. јас ја избрав таа, таа и на меил ми стои дека е. Не ми е битно искрено далечината, не ми смета и 200м да е Ваљда повеќе од тоа не е Плус две фамилии резервиравме и пријателов се јави директно таму да сме една до друга соба, па демек рекоа и тоа океј...
Посиди, блиску до Фурка е. На прв крак. На Фурка сум била и имаше прекрасни зајдисонца... Еден ден ќе фатиме и до Калитеа, на 20-30мин е преку кракот.
Кои места ги препорачувате за со бебе 7-8 месеци? Има некое без комарци и без ветер? Се мислам за Црна Гора, ама некако многу пат ми е до таму, па најверојатно Грција ќе биде. Ако некоја била во Црна Гора, кое место и како поминавте по пат?
Песочна е плажата, ние лани бевме таму. Широка и долга е плажата песок и да плитко е на почетокот, за со деца е супер. Има ресторани со лежалки лани беше мислам 5 евра со кафе и вода. Ама има и доста простор за сам да си донесеш чадор, столици... Има и убаво шеталиште за со количка топ. Ние во количка го заспивавме синко навечер. Е сега не е нешто wow местото, класично селце и знае да е доста гужва ама не е ни лошо за одмор.
Јерисос некој да бил, да сподели какво место е? Уплативме таму, прв пат ќе одиме. Има песочни плажи? Бранови?
Јас имам одено во Јерисос пред 2 год со дете 1 год и 3 месеци. На страна бевме сместени во Тера д’оро ама плажата е таа. Мене местото ми се свиѓаше, посебно што има шеталиште кај што нема коли. Има доволно места за јадење, да се седне на пијачка и слично. Во однос на плажата, брзо е длабоко ако споредам со Никити пример кај што треба да одиш ехеее за длабоко, овде е на 3 метри. Мене лично не ми пречеше, особено што моево дете нејќе да се бања па не се ни приближуваше до водата. Едвај еднаш дали влезе.
Некој да препорача хотели на прв и втор крак, со полупансион, што имаат излез на плажа? Би патувале со 2.5 месечно бебе.
Zdravo devojki, planirame sega da odime na tri dena so maloto na odmor vo Grcija (ima 4 meseci).. pa mi treba soveti okolu sto se mi e neophodno i na sto treba da vnimavame+nekoi soveti za na plaza (kade da go stavime bebeto, koe vreme da odime na plaza,zastita od sonce, banjanje vo more...) fala odnapred
Се јавуваш да закажеш термин, одите двајцата родители со бебето со ваши лични карти, барање се пополнува и копија од извод на родени за бебето. После може еден родител да го подигне.