Каде на одмор со бебенце?

Дискусија во 'Бебе' започната од gorda, 9 мај 2013.

  1. gwenst

    gwenst Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.535
    Допаѓања:
    1.527
    Пол:
    Женски
    Дали Пефкохори е добро место за со бебе? Планираме крајот август, почеток септември да одиме. Тогаш малото ќе има скоро годинка.
     
  2. CareTee

    CareTee Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.251
    Допаѓања:
    3.778
    Пол:
    Женски
    Ние бевме таму минатата година, убаво си поминавме. Поголема е плажата барем не е како на прв крак поширока е. Предност има мало шеталиште, каде да се купи за јадење, негативно според мене е само влезот на водата, едно две три метра и веднаш почнува длабоко. Нас ни се погоди период многу дуваше ветер наутро, а поручек беше многу убаво и мирно. Ние од сабајле одевме на една друга плажа xiropotamo на 10 мин возење од другата страна е и е преубава за деца рај, долга плитка песок. Има и за јадење/пијачки дел со убава сенка под дрва има и слободен дел од плажата.
     
    На Secret-Angel7 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Secret-Angel7

    Secret-Angel7 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    1.062
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Многу ти фала на корисното инфо! Посебно за плажава! Ја изгуглав, баш таква ми треба. Како Кариди е на Вурвуру.
     
    На CareTee му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Зеленоокатаа

    Зеленоокатаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Да ми препорачате смештај во Галичник за со бебе, хигиената ми е многу битна.
     
  5. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.671
    Допаѓања:
    9.599
    Ние денес се враќаме од Пефкохори. Бебето мое е скоро 7 месеци. Мене искрено многу ми се допадна, посебно за со бебенце.
    Бевме сместено во Emily's Luxury Suites. Најнајнајтопла препорака за смештајот. Веднаш се на плажа, и си имаат нивна плажа. Лежалки следуваат со смештајот, кажуваш ден однапред за утредента да ти резервираат и колку лежалки сакаш. Плажата нивна е многу добра, песочна. Пречисто, чистат секој ден. Има доручек, кој е превкусен. Во склоп на истиот објект на приземје имаат ресторан (каде и се служи доручекот), Бакалис се вика. Прсти да излижеш колку е се' вкусно. Ручек, вечера - јадевме во ресторанот цело време. Маркет поголем исто има веднаш тука.
    Имаат соби со џакузи на тараса, ако сакаш екстра уживање. Ние го заспивавме бебо и си уживавме во џакузито ноќно време. :D

    Навечер има каде да се прошета, имаш ресторани, кафичи, таверни, слаткарници. Две ординации има кои работат цел ден, и навечер кога поминував во 11 ч беа отворени (за не дај Боже).
    Мене лично местото ми е баш за со деца. Голем дел од плажата е јавна плажа, ако не сакаш на приватна плажа.
     
    На Baby warrior, kozuf, naturally и 4 други им се допаѓа ова.
  6. gwenst

    gwenst Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.535
    Допаѓања:
    1.527
    Пол:
    Женски
    Фала ти за споделеното искуство и за препораката за смештајот :nod:
    Сега немам дилеми веќе :rofl:
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    7.303
    Допаѓања:
    11.958
    Пол:
    Женски
    Како се движат цените? Не ми дава на странава нивна.
     
  8. gwenst

    gwenst Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    1.535
    Допаѓања:
    1.527
    Пол:
    Женски
    И јас сега отворив, дојдов исто да прашам :rofl:
    @LadyR
     
  9. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.671
    Допаѓања:
    9.599
    Пишете им на бројчето на WhatsApp. Јас преку Букинг букирав, ама не им е цел капацитет објавен таму.
    Ние плативме 140 евра од вечер, со доручек вклучен. Ама имавме соба со спална плус уште еден кревет како гарнитура беше. Зависи какви соби, цените им се различни.
     
    На gwenst, Bella.alleB и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  10. Зеленоокатаа

    Зеленоокатаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Пишува дека нема паркинг, каде ја паркиравте колата? И дали беше скапо во ресторанот?
     
  11. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.671
    Допаѓања:
    9.599
    Немаат од хотел, ама се паркира на улица секаде. Ние малку подолу на улица паркиравме.
    Инаку за цени, како за Грција.
    Отвори на гугл ресторан Бакалис, има мени и ќе ги видиш цените.
     
    На Зеленоокатаа му/ѝ се допаѓа ова.
  12. WhiteCat33

    WhiteCat33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2020
    Пораки:
    1.087
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Јас да се надоврзам на твоето мислење, пред три години бевме во Emily главно задоволни од смештајот, нивната плажа беше супер имавме лежалки вклучени во цената, кафе на плажа и доручек, тогаш плативме 100евра од ноќ, единствено што не не бендиса дека беше многу топло во собата, дали тоа централното ладење или што и да беше не беше во ред незнам. Имаше и еден инцидент, касно во ноќта пијани гости се расправаа и чукаа на нашата врата, нареден ден се пожаливме, се сеќавам за извинување добивме вино од нив. Генерално се беше супер освен што беше многу топло и некако притушно во собата.
     
  13. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.671
    Допаѓања:
    9.599
    Што знам, ладењето супер работеше. Го пуштавме периодично бидејќи не спиеме со клима заради бебето. Ама не ни беше топло воопшто. Девојчето што е како менаџер таму - Александра, е од Србија мажена таму. Српски си зборуваше со нас, префина, што и да треба одма излегува во пресрет. Ни даваше и крпи за на плажа. :D Јас од ништо немам замерки. Да можеше уште 3-4 недели да потрае одмор. :D
    А за гости, може секаде секакви да се погодат.
    На плажа до нас се степаа од Србија некои заради лежалки. :D
     
    На WhiteCat33 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Зеленоокатаа

    Зеленоокатаа Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2019
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Дали некоја била во хотелов ?
     

    Прикачени фајлови:

  15. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    658
    Пол:
    Женски
    Предлог планина за бебе?
    Сакам да го однесам на чист воздух додека не сум тргнала на работа.
     
  16. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.516
    Допаѓања:
    10.963
    Пол:
    Женски
    Предлог за место и убав хотел со спа центар на планина, може и надвор од Македонија?
     
  17. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.128
    Допаѓања:
    10.496
    Пол:
    Женски
    Пониква, апартмани Костески, два пати до сега сме биле преубаво е.
     
    На snowwhite.24 и kozuf им се допаѓа ова.
  18. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    658
    Пол:
    Женски
    За таму и се мислев.. немам одено Пониква во лето.
     
  19. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.128
    Допаѓања:
    10.496
    Пол:
    Женски
    Пред некоја недела бевме ние, мир невиден. Чист воздух, природа, си дувка ветре навечер. Ем со 2 деца ем батерии наполнивме. Си седиш навечер си гледаш диви коњи низ планината, убавини.
     
    На snowwhite.24 и Fenix05 им се допаѓа ова.
  20. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.646
    Допаѓања:
    9.965
    Јас планирам Пирин Голф, мирно е, многу зеленило има и место за шетање количка. Ако сакате да идете после прва недела на јули може да ти кажам импресии за со бебе.
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.