За тогаш и е планот, после прва недела од јули. Сум била во пирин голф пред 10тина години, од тогаш имам прекрасно искуство. Баш пиши ми како е со бебе. едит: преку букинг или директно со нив резервиравте?
Директно, на букинг ми дозволуваше само 2 соби да резервирам пошо со бебе 3ца не рачуна А и имаат некои промоции на сајтот за 3 или повеќе ноќи.
За надвор навечер не знам како би биле,зашто заспиваа во 6 ипол . Во апартманите е топло, по кратки спиевме.
Дали сте задоволни од Врахос за со дете 15 месеци? Битно ми е да биде водата тиркизно плава, чиста, плажата да е блиску за да може еден да оди да се капи ако другиот е со бебето во апартман, да има природни сенки...
Врахос не е за со мало дете, на отворено море е стално дува има и големи бранови и одма е длабоко и природни сенки нема. Сивота да видиш од овие на јонско или евентуално Парга.
Нема природни сенки, за водата како ќе ти се погоди, може и 10 дена да е мирна, може па и 10 дена да е со бранови огромни.Инаку плажата е долга и широка не се осеќа гужва, водата таква е чиста и блиску се апартманите до плажа ама нема ништо посебно.
Ние ќе идиме во август со едногодишно дете. Ако има бранови ќе одиме на Амудиа во близина. Природни сенки нема ама сите смештаи се близу.
Дали сте биле во Неа Пори во хотел со доручек и вечера да препорачате и да е блиску до море? Ми се оди таму во септември зошто викаат убаво е за деца.
Женски некој да бил/планира да оди во Toroni blue sea ама во мезонетите? Пишува дека се реновирани во 2024, а и цените се бајаги повисоки од оние во old wings. Не знам дали ми се ризикува
Јас ќе одам во новиот дел ама на 22.07, а пред тоа колешка ќе оди па ќе ми пушти слики, а то мезонетите не знам шо се
Здраво, Сакаме да идеме за Грција со 1.5 годишно детенце. Минатата година кога беше бебе бевме во Неа Каликратија, но искрено воопшто не сум задоволна. Дали може да ми предложите некое местенце со убава песочна плажа,чиста вода и да биде плитко? Имам некои опции за кои се мислам, но некој со искуство би било убаво да каже. Никити, Калитеа, Пефкохори, Неа Пори?
Како ти е планот да готвиш за малото? Знам дека сме блиску со возраст, а конкретно сместувањево гледам нема кујна не знам како да се организирам
Ама купи си се, да не рачунаш од таму да докупуваш... Зошто низ маркети освен зеленчукови и шмукалчиња овошни, ништо др нема
Немаат ни вода бебешка. 6 години веќе немале, јас врска немав. Аптекарот ми вика: Baby drink normal water its safe Смешно ми беше, не дека мора таква да и дадам ама знам овде има па рачунам и таму има ама јок