Што мислите за Паралиа со дете 4 години? Не ми смета гужва и сл, но дали е погодно за помали деца и дали е чиста водата на слики изгледа ок.
Јас мислам ако одите натака подобро уште некој километар плус и да одите во Неи Пори ,рај е за со деца и водата е супер и чисто е морето
Преубаво е ,има шеталиште ,таверни,рингишпил и е доста раздвижено некаде до 23:30 се е отворено, навистина е милина имате и кај да седнете и кај да прошетате
Никити какво место е за со бебе и тодлер? Има убава плажа или некои во близина? Имаме идено на втор крак, ама Никити не сме биле
Ние бевме годинава со 6 месечно бебе. Имаше доста семејства со деца но искрено јас не би го одбрала повторно. Има долга плажа, можеш да си ставиш и сопствен чадор и лежалки. Плажата е песочна на почеток имаше некои ситни каменчиња. Водата е чиста. Има доста местенца за седнување. Е сега мене не ми се допадна тоа што воопшто нема природна сенка никаква, 3 дрва дали беа долж плажата/шеталиштето. Исто ние бевме трета недела јуни и навечер се правеше баш гужва да не можеш да се разминеш. Искрено јас не бев нешто воодушевена ама нека пишат и други членки можеби само мене таков впечаток ми остави местото.
Па генерално во Грција плажите се голи, без сенки. Има плажи што имаат дрва, ама треба рано рано да одиш за да фатиш место. Лагомандра е пример со природна сенка, ама годинава преполна беше ние кога бевме. Не сум била на плажата во Никити, ама околните плажи се многу поубави, иако повеќето се без природна сенка.
Зборот ми беше дека општо во целото место дали 3 дрва имаше, за плажите да повеќето се без природна сенка освен Лагомандра. Пак ќе кажам мене таков впечаток ми остави што не значи дека на некој друг дека не би му се допаднало.
@Secret-Angel7 ако сте во можност да шетате по други плажи, Никити е супер база а ако ви е за секој ден ѕирни видеа и на YT или почекај искуства па решете.
Па тоа зборам и јас, факт е дека повеќето плажи се без природни сенки, и јас не сакам што е така ама повеќето немаат проблем со тоа, Грција е полна секоја година. Ние бевме годинава сместени во Порто Матина во Метаморфози, што ни беше база за шетање по втор крак, а самата плажа од хотелот имаше природна сенка после пладне (делот што не е зафатен со лежалки). Сенка имаше некаде од два часот попладне, само на песокот, водата е на сонце, а утрото е директно на сонце изложена цела плажа. Хотелската плажа е песочна, плитка, идеална за со мали деца, ама мене не ми се допадна оти беше многу нечисто и претрупано, премногу гужва имаше. На Лагомандра отидовме еднаш, во 9 наутро бевме таму, се' беше зафатено под дрвјата и плажата беше преполна, што искрено, не очекував, оти досега во јуни месец немало вакви гужви на втор крак. Одевме на Трани Амоуда, односно Пиргос, Вурвуру, Кариди, Лагомандра и Кастри, на последнава најчесто оти најмалку луѓе имаше, не си дишевме во врат едни на други како што беше на другите плажи. Ама сенки немаше. И да, многу семејства со мали деца имаше по плажите, ама очигледно не им пречеше што нема сенки, чадори и лежалки ако има, не прават проблем, а повеќето и си носат сопствена опрема.
За мене водата не е чиста, далеку од Лагомандра, Ковиоу, Калогриа,Трани, Талата, Каламитси плус многу гужва од сабајле до вечер. Ние еднаш бевме ама не би одела пак.
И јас го гледав Никити на Букинг за одмор...значи не е ништо посебно сакате да кажете? Дајте ми предлог за убаво место, плажата да е блиску до сместувањето, на втор крак или нешто во близина на вториот...
Мене Парадисос ми беше убава, пред влезот во Неа Мармарас, е не е баш песочна, ниту пак баш плитка, ама е чиста, имаше лежалки и чадор од самиот смештај според број на апартман, а апартманите се понови, не се крш. На сама плажа се, со голем тревник, патот не е меѓу смештајот и плажата, туку горе. https://www.google.com/search?q=par...me-mobile&ie=UTF-8#vhid=/g/1td55mml&vssid=lcl
Неос Мармарас ако успееш да најдеш смештај на градската плажа. Ние бевме сместени ама во центар на самото шеталиште, до плажата со кола бевме за 2мин, нас ни беше избор како база за шетање по плажи. Мене на втор крак Лагомандра ми остана во срце, ние бевме септември лани мислам од 5, имаше гужви ама можеше да се најде место под дрвата. Иначе и Евиа плажата е убава и имаше колку што се сеќавам природна сенка.
Мене пак Лагомандра ич не ми се бендиса за со деца, одма е длабоко. Сенките од дрвјата се подалеку од плажата, пак одиш по жешкиот песок за да стигнеш до водата. Калогриа, Ковиу, Трани Амуда, Кариди, Фава - преубави плажи во близина на Никити. Ние секој ден одевме на разна плажа од сабајле до кај 12-13ч, после се враќавме во смештајот во Никити да одмориме, и поручек бевме на плажата во Никити, и таму ми беше ок. Плитко е, чисто. Е навечер е многу гужва за шетање, ама не ни сметаше. Торони исто има убави плажи, Дестеника е одлична за со деца. Каламици исто така многу ми се допадна.
И мене Торони и Каламици ми се најубави на втор крак. Ај Каламици е селце, може подобро на еден ден да се оди ама Торони има се што треба, а пак не е гужва. Плус во Торони секоја вила е одма на плажа, долж е градчето по главната улица и буквално хотелите и вилите се преку патот. Никити ми е ок ама overrated.