Мене ми се свиѓа Радика дека има патека околу езерото и патчињата од хотел до езеро према базенот за шеткање со количка со бебе ако има други опции низ мк слични баш сакам идеи
Имам и јас транспортно креветче ама и уште едно дете така да не е опција да го носиме и тоа освен ако купам приколка или камион да се однесеме
Не беше ли и Аурора во Берово вака слично? Немам одено а и ако бирам во одмос на пат попрво би во Маврово.
Па да, маж ми беше од рабпта на тим билфонг и исто го помисливме и таму има езеро со брана за шеткање како во шумичка ми рече ама патот е долг не знам за прв пат како ќе биде затоа маврово прва опција ми беше
Е ај може ќе се погодиме во исто време, јас гледам крај на август таму на 2-3 дена, не знам колку ќе издржиме со големиов. Повеќе ме привлекува Миа’с дека има и лулашки. Маживе мои не се по бањањето а јас сум ко шифоњер така да не ми е клучно да има базен.
Го има Радика на букинг? Не можам да го најдам, а знам дека од порано сум го гледала. Јас би сакала предлог за вила/апартмани што и да е, било каде во Мк, да е приватен и по можност со сопствен базен. Секаде пребарав, такво нешто не најдов. Имате предлози?
Јас дефинитивно одлучив Радика не. Баш сега колешка е таму, катастрофа хигиена и храна. Не знам како може ваков хотел да си дозволи вакви работи Сите што ги прашав се негативно ми кажаа..
Значи ништо не се подобриле од пред 3 години… Спа центарот е супер, ама кога ќе размислам не беше многу чисто.
Катастрофа се хотелите во Маврово, бев низ сите пред еден месец. Миа, екс Макпетрол (не знам како беше по ново), Радика.. Сите се со дебели теписони по собите бог знае од кога неисчистени, мириса на прашина, собите премали а прескапи. За со мало бебе (а и без) не е. Подобра опција ви е да си изнајмите соба во приватните вили отколку хотел.
Има многу убави, нови и чисти апартманчиња што се издаваат во големата зграда што е горе, па преку ден може да се шета по хотелите за ручек и/или прошетки, љуљашки итн.
Ее скроз ми се скрши филм сега за Маврово. Миа е бивши Макпетрол? Леле тој беше очаен. Не можам по вили па после да лутам со коли или пеш не знам колку за јадење со тодлер и бебе. Сакам тука до газ да ми е. Па ако ептен сакам да одам на друго место на кафе пример. Бапка за 2-3 дена се работи. А нема погнасно од тепих во хотел.
Не знам кое било, ама јас резервирав 5 дена цел ден денес го утепав прашувајќи кој бил како бил, изналистав букинг ривјус, инста, фб искрено како најдобра опција од сите ми се виде. Доручек, чисто, за деца има, за шетање, ресторани се друго е блиску..следна недела ќе ви споделам впечатоци