Дали е можно да се паднавме у истава соба само фотелјата е извадена ни донесоа креветче за бебчо апдејт чисто е, игралиште за деца позади супер уредено, услугата е одлична, цените во ресторанот се исто ко во Скопје, времево е одлично воопшто не е жешко, шетаме со чорапчиња, хеланчиња и боди во 22 сега закажавме спа, сабајле доручек па ќе допишам впечатоци сега за сега е супер
Јас со маж ми сум била неколку пати во Миа. Мене ми е океј, може малку се прецениле со цената само (како и многу други хотели и апартмани во Маврово). Имаат и СПА, ама ништо спектакуларно. За со бебе мислам дека не е прикладно во тоа СПА. Доручекот беше океј, јајца со други работи. Имаат широка тераса, веднаш се на патот. често имаше свирки навечер. Немам замерки, ама не е ни нешто wow, просечно. Ќе ви биде убаво.
Супер е карши ни е мавровски мерак, мини палачинки и шетање колку сакаш за бебе нема шанси во спа, кој е дежурен го чува додека спие пошо и сестра ми ја земавме се мењаме секоја вечер ахахаха Инаку да, не само тука, во цело Маврово цениве за престој се машала цените за храна исто ко во Скопје, над 300-400 ден е било која порција
Да ми предложите смештај во Дојран, близу границата? Планираме таму да останеме на спиење и да продолжиме утрото за Грција.
Vo momentov sme vo Golem I ne go preporacuvame radi problem so voda.Imaat restrikcii I NEMA voda ne mozes da se istusiras.Prv pat odime I nikogas poveke.Plazata e top toa NEMA zamerka
Не вреди за парите Јас сум 13 години во кампот до него, си го сакам местото, ама Дион на слики изгледа како кујзнае што да е, а не не. Хотелот да, убав е среден, и плажата си ја средуваат, ама пак е до камчиња, морето исто на почеток е со камчиња после зависи од периодот се гази на песок или не. Плус од кампот многу деца одат во Дион се бањаат во базените така да верувам се прави гужва (не одам не знам точно ама знам дека одат ). Хотелот сум го прошетала затоа ти кажувам мислење Јас од градовите тука би ти го препорачала Неа Пори, огромни песочни плажи, просторно, има шеталиште... Е сеа ние сме на 100 метра од Дион со 6 месечно, супер ни е. Плажата како што ти ја опишав, водата е супер, ама не очекувај плава бистра вода, овој период почесто има и бранови и треви/гадчиња.
Фала ти хотелите општо во Грција годинава се преценети, лудило е а за плажата од агенција ми рекоа ситна песок ко за бебе да лази
па не баш да истураат од дион ситна песок и верувам дека нема многу каменчиња како кај нас на кампот, ама па сепак природно плажата има камења така да не би кажала
Имаме во план да застаниме во Дојран една вечер. Е сега да ми препорачате смештај за со бебе, ако имате искуство со некој смештај од кој сте задоволни. Убава вечер
Пред 10 дена се вративме од Лагадин, преубав одмор истеравме. Бебка е 3м, не ја бањавме во езерото, ама затоа ние и баткото не излеговме од водата. Бевме сместени во прв ред, одма преку пат ни беше плажата. Мене најубава плажа ми е Лагадин, ако е со камења, ама водата е стакло чиста, плус блиску е до градот за шетање навечер. Лани бевме сместени на Св. Стефан, исто преку пат, ама таму од песокот веднаш се заматува водата, плус и многу гужва, одма е темна водата.
Ние бевме 2 пати годинава во Охрид. Првиот пат бевме на плажата во Извиднички, Славија, Кај Дивоно (дека во центарот сместени, па да не лутаме подалеку). Плажата Кај Дивоно е препре убава, како на море да си. Тоа е плажа за трејлери, има чисти вециња, малечка е ама убава е ептен. Вториов пат бевме Љубаништа, убаво е и тука само си дуваше... незнам дали секогаш е така. За поголемки дечиња е таму. Ние само таму одевме на плажа и до Св.Наум шеткавме (на 3 дена бевме). Патот е утепувачка башка до таму..
Ние решивме со мм да идеме 3-4 дена да смениме од скопјево, и ми треба промена. Навечер знам дека е поладно ќе спремам и за неа и за нас облека. Ама се мислев ако појдеме на плажа каде би иделе. Значи Љубаниште дува. И ние во центар најдовме смештај, за да прошетаме и приквечер малку. Ќе земам едно транспортно за неа креветче.. дека си спие дома само во кревет не сум ја легнала на спална. сакам што порелакс да не се замарам многу.