1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде на одмор со бебенце?

Дискусија во 'Бебе' започната од gorda, 9 мај 2013.

  1. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.918
    Допаѓања:
    77.481
    Пол:
    Женски
    Ако, баш сакав да ти речам сепак да прашаш педијатар да прошетате малку.. ќе видиш колку поубаво ќе ти биде :) Далеку е инаку до таму да одите.. да сте повеќе денови, па еден ден да утепате лутање до таму океј...
    И викенд е гужвички да знаеш. Особено недела ако ти се падне за враќање, ако си тргнете касно.. ќе патувате 4,5 саати. Ние два пати недела се враќавме, ама си тргнавме 12. Пријатели доцна што си одеа, заглавуваа... Башка сме со м-таг картичка, па патарини одма си поминувавме (а имаше редици на обичниве ленти иако 12 тргнати).
     
    На naturally и Ladyme им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.952
    Допаѓања:
    203.273
    Пол:
    Женски
    Ладно е деновиве, од денес не знам, може ќе стопли малце. Ама ноќе е ладно, навечер дува, вчера и преку ден дуваше, и заврна. Имај предвид дека водата во езерото е заладена бајаги, оти викендот имаше невреме во Љубаништа и Св. Наум, а генерално кога оттаму доаѓаат дождовите овој период веќе и сезоната за капење завршува. За шетање е милина, нема ни толку гужва, дури и преку ден со сонцето е пријатно да се биде надвор.
    За плажи, не мора Љубаништа, пошто секако сте со бебе што нема да го бањате (водата може да е топла, ама надвор е ладно од ветрето што е присутно цело време). Можете да одите до поблиските плажи, Горица прва или кај Дивоно, Горица втора или Инекс Олгица, како и Горица трета или плажа Немо, после неа Славија, Св. Стефан, или према Струга, кај Извиднички
     
    На naturally и Ladyme им се допаѓа ова.
  3. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.147
    Допаѓања:
    4.486
    Пол:
    Женски
    Па повеќе сум за шетање не толку за вода, јас може и ќе добијам, еден ден на плажа така малку др два дена да прошетаме. Идеме утре до сабота и се враќаме. Мм од пон е на работа па да не трчаме недела. :f::sun:
     
    На mariz му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ladyme

    Ladyme Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2020
    Пораки:
    2.147
    Допаѓања:
    4.486
    Пол:
    Женски
    Не онака еден ден до плажа мислев негде, не да патувам секој ден. Може да појдеме до св наум на еден ручек и така да останеме сабајлето негде на плажа.
     
    На mariz и naturally им се допаѓа ова.
  5. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.918
    Допаѓања:
    77.481
    Пол:
    Женски
    Да зезнат е патот... Ние ептен таму се сместивме вториов пат и не мрднавме подалеку :D Баш намерата ми беше тишина, повисоко некаде, чист воздух... А патот лудила, тоа еден ден се издржува и толку :D Мене второто ми повраќа на возење, па цел пат издржа не поврати од Ск до Трпејца.. ама од таму и се слоши на кривините, па повраќаше. А мислам и на бебка и се слоши, зошто почна мн да плаче :sweat: и мм вика, убаво супер беше ама навака веќе долго не ти возам :rofl:
     
    На Ladyme и naturally им се допаѓа ова.
  6. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.565
    Допаѓања:
    4.878
    Пол:
    Женски
    Првпат ќе одиме на одмор со бебе, иако досега двапати имаме патувано со бебе до Мкд, но, сега ќе бидеме 10 дена на море. Освен лекови за температура, чепчиња, топломер, електолити, активен јаглен, што друго можам да понесам за секој случај?
    Ако имате списоче некое, дајте. Одлично фунционирам со список, све да си прешкртам и да сум раат. Тенкју.
     
  7. Elly989

    Elly989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2024
    Пораки:
    595
    Допаѓања:
    378
    Повели

    IMG-20250813-WA0009.jpg
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sss26

    Sss26 Активен член

    Се зачлени на:
    26 април 2025
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки,
    Ние одиме на одмор за некоја недела, ке бидеме 5 месеци
    На оваа возраст дали да мачкам со заштитна крема, или само купаќи по долги?
    Дали сте ги бањале на оваа возраст, или само ноџиња?
    Дали смеам нешто против комарци да мачкам?
     
  9. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    327
    Пол:
    Женски
    Здраво, ние ќе одиме на одмор со 4ипол месеци и можам да ти ги кажам препораките што ги добив од двајца педијатри (матичната и од Систина).
    Купив купачи со долги ракави, но без ногавички (ова по своја желба), за фактор ми рекоа да мачкам, ќе го купам Bioderma 50ка од 0 месеци со минерални филтри.
    За бањање во море ми рекоа двете да, по излегување да се исплакне со чиста вода бебето.
    Против комарци има на Chicco, но ако можеш подобро заштити го со мрежа на количка.
    За каснато од комарче ми го кажаа Flenty гелот.
     
    На dummy и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  10. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.913
    Допаѓања:
    3.827
    Пол:
    Женски
    Ние истеравме прв мини baby одмор во Леуново во Радика. Бебка се уби од спиење, среќна и насмеана по цели денови. Секако и мама и тато :inlove: Хотелот средно жалосен, вработените преуслужливи а самата ситуација не знам што да кажам… ние имавме нова реновирана соба ама 4денови никој не дојде да смете и ѓубре да фрли друго не требаше. Бидејќи се реновира еден од деновите попладнето бушеа, бебе разбудено :( хигиената во холовите ок, ресторанот супер, околината на хотелот некако запуштена и така…класичен мак туризам :u: чисто како рецензија пошто го правевме муабетот да се оди или не … за тие пари и за да се смени од Скопје е ок, на 2-3 вечери повеќе не.
     
    На azelea и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  11. Radiolog

    Radiolog Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Каде на одмор во Грција со едно бебе 5 месеци и едно дете година и 4 месеци? По можност смеетување со 2 соби бидејќи сме две семејства?
     
  12. Radiolog

    Radiolog Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски



    Каде предлог?
     
  13. Fenix05

    Fenix05 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2022
    Пораки:
    3.841
    Допаѓања:
    9.702
    Пол:
    Женски
    Лани бевме полихроно, годинава бевме дионисос а во септ одиме Фурка. До 150м од плажа макс бираме
     
  14. Dodo1

    Dodo1 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.729
    Допаѓања:
    2.424
    Пол:
    Женски
    Колку пеленки за во вода да и земам за една недела одмор? Не ни знам дали ќе сака да се бања..
     
  15. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.807
    Допаѓања:
    145.398
    Едно земи. Иста цена се и во Грција. 6е.
     
    На Dodo1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.913
    Допаѓања:
    3.827
    Пол:
    Женски
    Женски за средина септември разгледувам хотели пред прв крак, почеток на прв крак или евентуално околу Никити. Битно ми е да е полу пансион или полн пансион и да е нов хотел. Сакам да има убава плажа и вклучени лежалки со бебе од 3месеци одиме. Искуства од ова лето пто бевте по хотели ептен ќе ми значи за изборот.
    Моментално ги гледам Potidea Palace, Ammoa luxury и Pomegranate, ако имате нешто во тој ранг што сте си поминале супер предложете плс 8)
     
  17. KittyT

    KittyT Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    206
    Море со бебе од два месеци? Што мислите?
     
  18. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    1.913
    Допаѓања:
    3.827
    Пол:
    Женски
    Педијатрите викаат од три натаму, плус да прими први вакцини да видиш како ќе реагира па да терате
     
  19. _budaletinka*

    _budaletinka* Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2022
    Пораки:
    1.601
    Допаѓања:
    1.393
    Пол:
    Женски
    Дали некој бил на одмор во Грција ма 3 крак во Јерисон (ierisson) со бебе односно 14месечно дете? Како сте поминале и слично? Прв пат идеме на одмор до сега не сме биле ..
     
  20. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    11.866
    Пол:
    Женски
    Мислиш на Јерисос? Јас бев, пред неколку дена се вратив. И ние прв пат бевме со малава, год и 9 месеци е.
     
    На _budaletinka* му/ѝ се допаѓа ова.