Тие што планирате да одите Пефкохори со мало дете(бебе) што ви станува навечер, да си размислите два пати. Многу е бучно навечер, ја не знаев дека е вака. Малава ако во Мк се бидете навечер по три пати сега по 33 пати, хаос е. Млади има многу, лудуваат до сабалје, фрчат мотори од сите страни, гласна музика. Само тоа вака ми пречи од местово можеби ете ние во центар дека сместени повеќе осетивме. Можеби на поспоредна локација негде во местово е поинаку .. Има за деца доста работи што да се прават со деца, паркови има , лулашки, количиња за возење.. Ефтини дисконти,маркети поголеми и помали, ефтини пицерии .. Препорачувам, само напоменувам има гужва многу на шеталиште игла нема кај да се фрли и за со деца е малце ризично - освен ако се мирни па да си седат во количка тогаш не би имале проблем. Ние не ја сакаме количката, во раце сакаме само.. И плажата е сета со карпи во водата .И во плиткото се карпи, баш деца кај што се капат. Мм прстот си го удри незгодно на карпа и му потече малце.
Имав веќе пишано опширно во темата одмор со деца, сега ќе ти копирам. Местово е баш фамилијарно, има и со поголеми деца и со помали. Плажата е огроомна песочна, има простор за сопствени лежалки и лежалки од кафичите. Цените за лежалките се од 5 до 10 евра без пијалоци. Капучино во кафич е отприлика 4 евра, за носење нешто поевтино, пиво кригла 5 евра, пица 11 евра, гиро 5 евра итн. Морето е тамански со температура за пливање, на почетокот плитко со ситни камчиња и песок и одма почнува длабокото и таму е повеќе со песок. Ние стануваме рано и одма одиме на плажа, ама овде некако друго функционираат, плажата се полни после 11ч. Сабајле знае да е ветровито и со бранови да е морето, а попладне е преполна плажата, морето мирно, топло мерак за пливање Ние сме на 50м од плажа, морето си го гледаме од тераса па заради близината одиме сабајле и попладне. Има занимација и за деца, вртелешки, оние количкине за возење што се удираат една со друга итн итн. Има така долго шеталиште, доста ресторанчиња. Мал минус е што немаат мн избор на храна, риба има, морска храна, гиро, ладен сендвич, пици, ражничи, за разлика од нашиве ресторани, тука е каде каде помал изборот, ама пак има што да се јаде Времето си е топличко секој ден, еден ден само се погоди по ладен и со силен ветер. Во глобала е место баш за одмор, нас ни се погоди зошто тоа и баравме, оцена 10/10. Обично не одиме на исто место 2 пати, секоја год менуваме така авантуристички, ама тука би се вратила за некоја година пак. Инаку прошетавме и до други две околни плажи, Kakoudia и Poco Loco. Колите да не ги мислите, има паркинг на секоја плажа. Пресоблекувални и тушеви исто. Kakoudia има барче, пуштаат летни хитчиња ние седевме на нивни лежалки, коктелчиња имаат од 9+ евра, кафе 4+ евра, за јадење исто има. Има простор за сопствени лежалки. Poco Loco е малку по релакс плажа, исто има барче, пуштаат реге музиче по приватни се лежалките за разлика од кај Кakoudia што беа едни до други. Кафе, храна, коктели сè си има. Патот инаку си е супер, освен некои 10 15мин што има кривини пред Јерисос ама воопшто не е страшно, брзо се поминува. Ние тргнавме после празникот почеток на Август и заглавивме 3ипол часа на граница, среќа што малава нема гајле во седиште, малку дремна, малку игра и издржа. За назад саат ипол се задржавме на граница. Сега не би знаела како е со гужви.
Фала ти многу не сум прочитала дека имаш пишано преубаво ми објасни и ние сме на 50м од плажа со смештај и ми е препорака од колешка што иде веќе 4та година на исто место и исти смештај. Се надевам ќе поминеме убаво баш ќе пишам. Мене ме фаќа страв со возењето ние многу ретко спиеме во кола .. играме па ни здосадува па песни и тоа ни здосадува па приказни, па биби и боби .. страшно е за пат ..
Немај гајле убав помин па да пишеш како сте си поминале. Гледај да тргнете кога ќе му се спие на детенцето, за да може полесно патот да го поминете. Инаку кога не спие, само занимации, песнички, играчки и ќе помине време. Се надевам нема да заглавите на граница, со лесно
Патот е тој што беше, обновен е после Градиште, баш е ок. Кривини има, ама ништо страшно, за 20-30 минути сте во Љубаништа од Охрид, не е толку далеку.
Од бензинската макпетрол на излезот кај Биљанини нели , до Љубаништа за точно 20 мин стигам. Не возам ни малку брзо
Не бе 40 минути...што знам, не мислам дека беше толку, не гледав на саат додуша... Минатата недела неколку пати отидовме до Љубаништа. За некаде 20-30 минути бевме таму, и тоа не ни возевме брзо, а имаше и доста возила.
Скопје-Штип- Радовиш- Струмица- Валандово-Дојран Или Скопје-Велес и све по автопатот преку Кавадарци до Валандово и таму фаќаш Дојран. Втората мислам поарна ти е. Преку Куманово нема како да одиш за Дојран
Скопје - Велес и се по автопатот правец Гевгелија, но се исклучуваш во Валандово. Влегуваш во Валандово само во никој друг град. Следи ја навигацијата, на знаците не се спомнува ич Дојран дури на крај кога ќе стигнеш. Нешто повеќе од 2часа е патот, ок е брзо се стигнува.