Majki, vie sto dosega ste bile na odmor so bebence, ve molam spodelete mesto/ime na apartmani/tur.agencija, od koi ste bile zadovolni? Bi sakala aparman vo grcija koj e bas blisku do plaza. Godinava ne sum za hotel, pa ako ste zadovolni od nekoj smestaj/mesto, ve molam spodelete...fala
Следам и ние одиме годинава Грција на втор крак се мислам,помеѓу Мармарас и Никити...ајде кажувајте искуства?
И јас мислев за море годинава, во септември бебето ќе има три месеци, се си мислев мало ќе биде, ама со сопругот зборевме , па излезе дека и можеме да направиме некоја комбинација за море таму средина на септември. Мајки, споделете за апартман/бунгалов баш на плажа, првиот или вториот крак во Грција, што е потопло и почисто за тој период? Ако има некој и контакт за таму, уште поубаво
I nie planirame za septemvri vo Grcija, Kalitea, malata ke ima 6 meseci. Neznam kako ke bide Zosto voopsto nesaka da se vozi I nesaka sonce. Daj boze da se sredi do togas.
Јас незнам и немам искуство, и ако некоја мајка знае нека напише, какви биле тие апчиња што има ги давале на децата за против повраќање а содржеле и некоја состојка што тера на спиење. Смее ли на бебе да се даде тоа или си има некоја пропишана возраст
Hm...jas ne sun cula, ama iskreno na moe bebe ne bi gi dala..sepak, ke namalis hrana po pat ionaka site bebinja/deca sakaat da zaspivaat po pat...ti si znaes najubavo...
Мој предлог, ако патуваш со бебенце, а сакаш на море, тогаш Грција. А убаво ти е и во Дојран, да го намачкаш со кал и да го избањаш во топлото езеро.
Лани бевме на одмор во Грција (Сарти) и тоа кампувавме на диво во 'portokali beach' (без струја вода и основни ствари) малиот имаше само 6 месеци ама одлично си поминавме. Плажите блиску, шаторот во блиската шумичка под борова сенка, луѓето сите беа културни и тивки, а вие со малечкото може да уживате во природата и морето
Jas eve da gi preporacam:aparmani gilis vo nea potidea, ama tie novite, posto ina gilis i postari. Preku iguana, lani bev vo juni koga bev bremena, preubavi, golemi, ubava kujna, lcd tv, internet, blisku plaza. Vodata cista, plazata siroka. Mana-navecer nema nisto, ke zbudalis...nie sreka so kola pa setavme..
сега Гилис има и најнови апартмани, сега во мај месец се градеа. прекрасно е за со мали деца Ама навечер навистина нема ништо...кога заспие бебето МИСЛЕТЕ МУ ЈА
Ме стрвиш со постов. Крај на Септември и ние ќе бидеме 3 месеци здравје боже па некако до сега воопшто не мислевме на одмор бидејќи мало. Кај нас ама малку покомплицирано, посебно доколку сакаме Мак.. Не знам дали би можело како лани тура, тогаш возевме 9 часа па некој д н загреб и после уште толку. Исто и за назад. За годинава со бебче на иста рута да се одлучиме, пола патека да се извози, некаде да ноќеваме на пола, па уште пола. Многу да не е напорно за бебче? Секако има квалитетно седиште/транспортер и ќе се прават паузи на 2 часа... Ако не се решиме, барем некоја поблиска дестинација барем
Нема што да се мислите за навечер, ќе удрите на секс само внимателно, ако не ви е во план уште едно дете во брзо време него, ако се мислите меѓу Мармарас и Никити, тогаш одберете го второво, Мармарас е цело со угорници и удолници, не е баш за со дете, а и во Никити мислам има повеќе апартмани на сама плажа. Контакти за жал немам. Сарти не знам дали би одела со мало дете, пошто патот пред самото место е за никаде, со кривини, лошо за оние што не сакаат да се возат, инаку плажите се преубави. А во однос на апчиња против повраќање - на бебиња и помали деца може да им ставите чепчиња Емесан К, тие се користат и против повраќање од други причини, не само при патување. Имало и некои лижавчиња во Зегин, токму за таа намена. Прашајте си. Ама ако одите за Грција, ќе тргнете по ладот, рано рано, бебе/дете ќе спие најголем дел од патот.
Za zal, jas propustiv mnogu dobar apartman vo kalitea, na sama plaza..posejdon..uste pred mesec dena koga se javiv se bese bukirano za do kraj na septemvri...uh... ke si pyknam sto ne se javiv porano, ama koga slusas maz......da ne zaboravam-imase sopstvena plaza i besplatni lezalki...
I nie ovaa godina najverojatno Ohrid ce odime slab bugetot ni e za na more. Kazete kaj e najdobro da se smestime vo gradot ili lokalnite mesta?
И ние годинава ќе одиме во Охрид. Иако малата ќе биде година и месец и мене и на мм ни е сртав да одиме надвор од МК. Сепак бидејќи ни е прв одмор со дете сакаме да биде на наша територија за нешто не дај Боже да не се деси, а и со мм во Орхид имаме преубави спомени (како дечко и девојка) тоа е уште една причина оваа година фамилјарно да одиме таму Иначе кога одиме во Охрид секогаш си одиме на исто место во градот, си резервираме апартман и си се чуствуваме како дома зошто газдите се прекрасни луѓе
И ние, здравје, во Охрид планираме, на 3-4 дена. Малку да се порадуваат децава. Крај на јули некаде. @iki26 доколку најдете сместување пиши. Ние повеќе пати одиме и се на различни места. Најубаво ни беше во центар, ама тогаш начекавме цел апартман поефтино, немаше туристи. Сега не верувам дека ќе биде пак така ефтино. А соба со две мали деца некако не ми се зема. А за на плажа сакам на Градиште да одиме. Таму најчиста е водата. Не сум била на многу плажи, но таа најдобра ми се чини.
Според мене најчиста е Љубаништа. Градиште и најмногу гужва има, реално. Секоја година сум во Охрид и летово таму ќе го минеме. На крајот од летото ќе одиме во Турција. Како секоја година така и оваа.
Мармарас дефинитивно. Три години по ред одам таму и годинава ќе одам. Се сместуваме на сама плажа, односно пред градот од десната страна. Ниту улица, ниту коли има па да се плашам за децата ,лежалки, чадори следуваат со смештајот, прекрасно. Навечер за вечера и шетање одиме до градот, ако не ни се оди во гужва седнуваме во рестораните исто поставени на сама плажа. За со деца е прекрасно. Водата пречиста, плажата со ситен песок. Ама малку збудалеле со цените, ама тоа е, си можат
Спојлер http://www.galenika.rs/downloads/spc-pil/pil/dimigal_tableta_pil.pdf И јас порано бев против овие апчиња, ама кога ќе тргнеш на пат радосен и весел и кога детето ќе ти исповраќа неколку пати, кога цела резервна облека ќе стане лом, кога автомобилот ќе смрди на повраќаници и кога детето ќе го изгладнуваш и дехидрираш само да не повраќа, тогаш ќе се видиш дека е подобро да му дадеш еднаш или двапати годишно. Сигурно остава помалку штетни последици на организмот за разлика од антибиотиците кои понекогаш им ги даваме непотребно. Оние кои имаат мали бебиња најдобро е да тргнат во период кога им спијат малите. Кај нас малото повраќа и си го решив проблемот со тие апчиња. Задолжително си носам шише за миење и пластичен сад, бидејќи ќесињата не ни вршат работа. Кога патуваме имам приметено дека кога лежи не повраќа, па го занимавам со нешто. Да Н.Мармарас посебно делот пред градот е прекрасен. Се е точно што напиша + чадорот, лежалките играчките може да си ги оставиш на плажа преку ноќ, никој не чепка.