Форумџика на годината

Каде на одмор со бебенце?

Дискусија во 'Бебе' започната од gorda, 9 мај 2013.

  1. snowwhite.24

    snowwhite.24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2023
    Пораки:
    1.298
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Летово ќе имаме годинка ипол, па се мислам каде на одмор дали Турција или Грција. Предлози? Да се почне со планови уште сега :)
    Турција сме биле сами и со тодлер мислам би било супер тоа што се ќе има на едно место, не треба да се мисли за храна и ништо баш, дека би било прав одмор. А Грција би оделе негде поблиску, ама па сепак плажите и водата ми се поубави.
     
    На blackdeath му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.920
    Допаѓања:
    189.090
    Пол:
    Женски
    Не знам кај да прашам па тука. Ми треба некој предлог за смештај во Белград. Датумот што ми одговара и во хотелот во кој редовно одиме, а и тие неколку во близина е се букирано.
    Претпочитам хотел, ама и приватно сместување ќе заврши работа, ако имате некое убаво искуство да споделите. Центар да е.
     
  3. Cherry79

    Cherry79 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2021
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    1.851
    Пол:
    Женски
    Royal Inn види дали ќе ти де допадне.
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  4. blodixx

    blodixx Активен член

    Се зачлени на:
    28 април 2025
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки,

    летово бебче до Јуни здравје ќе биде 6 месеци, каде најдобро да гледаме опции за одмор во Грција?

    кој период летото е најдобро? Каде, колку долго е ОК?
    Авион или кола е подобра опција?

    благодарам
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Снегулк@23

    Снегулк@23 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    3.874
    Допаѓања:
    6.027
    Пол:
    Женски
    Моја препорака е почеток на септември, ако можете со кола најдобро, колку долго, колку повеќе можете подобро
     
  6. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.144
    Допаѓања:
    11.824
    Кола дефинитивно за целиот багаж на светот да може да го соберете :DНа 7месеци бевме летово, барајте смештај на плажа зошто ќе сте со 3 дремки уште и да ви биде удобно бргу да тркнете до соба. На оваа возраст веќе стануваат многу свесни за светот околу себе па може потешко ќе заспива на плажа. Барајте плажа со природни сенки. На нас ни вршеше работа и игротеката во хотелот за да пополниме време и да одмориме раце.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. blackdeath

    blackdeath Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    245
    На иста мисла сум. Сега отворив и јас да видам предлози. Ама мислам дека Турција би било подобро во хотел на прва линија а не да викне да плаче ѓтп ќе го правам, дома неможам пд корито да го смирам не од море.
     
    На Снегулк@23 и snowwhite.24 им се допаѓа ова.
  8. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    5.843
    Пол:
    Женски
    Ние ја носевме на 3месеци во септември, ти го препорачувам хотелов за бебе, Potidea Palace, блиску е, прекрасен е со мн убава плажа, преубава храна и услуга
    https://www.booking.com/Share-bzLbPd8
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.193
    Допаѓања:
    5.435
    Колку плаќавте од вечер? 740€ од вечер за септември ми дава на букинг :worried:, па да знам дали има шанси да ги сменат да го имам во предвид.
     
  10. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    5.843
    Пол:
    Женски
    Уф ич не знам ама не беше 740е од вечер … за 5 ноќевања негде околу 2200eur мислам во соба sea view / од 10ти септ
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    4.132
    Пол:
    Женски
    Се мислам дали да идеме со бебе во Турција.
    Ќе има годинка здравје планираме крај на август почеток на септември.
    Е сега ме ремети тоа што рачунам ќе и се измрда све, летот е накај 3 саат сабајле после со бус до хотел не знам да не и биде многу малтретирање..
    И уште од сега се мислам што би јадела претпоставувам ќе имаме воведено се, ама од кај знам тоа зачините, солта за бебе..
    Или подобра опција ми е Грција со кола?
     
  12. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    5.843
    Пол:
    Женски
    И јас ептен ја сакам турска ради хотелите и ал инк ама од искуство пошто мн пати сме биле анталија/кемер/аланија претпоставувам тој дел го гледаш летовите за назад се секогаш околу полноќ или по полноќ закупени поефтини чартери од агенцииве наши а од хотел искачаш сабајлето во 10/11 е check out. Јас не би идела ради тоа со мало дете. Едни пријатели лани што беа со бебе знам доплатија за late check out едино нешто така да направите и цел ден да си ја задржите собата ама пак некако летот е у сред ноќ штознам, јас мислам Грчка ми е букирана за првиве 2-3години ем со кола може да застанам кај сакам па да продолжам ем се ми е познато тука првиве краци да не мислам многу има убави хотели за со бебе на safe варијанта
     
    На Peperutce6 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    4.132
    Пол:
    Женски
    Е истото ме кочи.. Бевме пред две години со мм преубаво стварно ама не верувам дека ќе ми е практично со дете сега. Да е над 3 години океј ама вака и тоа што викаш треба дремки треба све.
    И да, за враќање стигнавме накај 3 саат сабајле во ск а го напуштивме хотелот сабајле рано. Тогаш беше океј дека сами ама со бебе ноу.
    Мислам дека многу ќе се изремети све.
    Фала бејби
     
    На Baby warrior му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    5.843
    Пол:
    Женски
    Букирајте си некој убав хотел низ Грчка да си поуживате раат и бебе наспано и убава плажа и убава храна и блиску за 3-4саати сме доле плус Солун шопингче, тоа ни е животот сега првиве години додека не почнат повеќе да разбираат после ќе патуваме повеќе за две три години ќе е друго сигурно :l: па ќе се вратиме на подалечни дестинации да им го покажеме светот :*:
     
    На naturally и Peperutce6 им се допаѓа ова.
  15. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    4.132
    Пол:
    Женски
    Баш така , малце само да пркнат па сите држави се наши:hug:
    Кажи ми хотелов што го имаш ставено погоре, ал инклузив е или?
     
  16. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    5.843
    Пол:
    Женски
    Да
     
  17. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.144
    Допаѓања:
    11.824
    Види Амоа ама на нивниот сајт со лог ин дава попуст, околу 21000 e полупансион од први септември во соба страничен поглед без базен, баш пред некој ден отварав. Ако не најдам нешто слично јас пак би одела едино ме кочи што е доста подалеку од центарот, ама секако рано си легнува нема кај да одиме:rofl:
     
    На naturally и Baby warrior им се допаѓа ова.
  18. Baby warrior

    Baby warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    5.843
    Пол:
    Женски
    Јас лани го гледав ама немаше убави соби беа погоре доста одење до плажа а ние бевме ептен со мало бебе, за оваа година ќе пробам некоја поубава соба да букнам бар за некој викенд, мн убав ми изгледа
     
  19. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.144
    Допаѓања:
    11.824
    Ние лани апартман земавме во главната зграда, да може да си поседиме раат додека спие, многу бев задоволна од храна, чистота, активности, прекрасна игротека имаат, базените секоја ноќ се чистат, алал да им е.
     
    На naturally и Baby warrior им се допаѓа ова.
  20. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    542
    Допаѓања:
    1.122
    Мајки што сте оделе на одмор со бебе и тодлер, што би препорачале повеќе, хотел или апартман со двор? Гледам хотели ама со две деца е дупла цена, а малото ќе биде баш бебе од 3 месеци, ми нема логика да плаќам дупло. Не знам дали можам да закажам соба за со едно дете или мора баш со две, немам искуство а сакам да идеме септември ради малиот, лани уживаше на плажа и море..