Ќерка ми ќе има 2 ипол во лето, и маж ми исто повеќе е за Турција, одевме кога бевме сами ние двајца и ја обожаваме Турција и таму е прав одмор, ама мене ме кочи тоа со летовите, мене ми е премн исцрпувачки а верувам и на дете би било...а за плажи и шетање па ми е по убава Грција, посебно втор крак..се мислам за годинава за Амулијани да би оделе...сепак ти нај веќе си го знаеш детенцето и спрема тоа одлучи си дали ви одговара Турција. Јас мислам ќе се осудам да одиме кога ќе има 3 4 годинки
Јас досега хотел/апартман немам платено за детето (3 години има). Сум плаќала цена само за двајца возрасни. Нема да внесеш возраст на децата при букирање? За бебето ич нема логика да плаќаш. Таму кај што сум идела јас, иста цена ми давало за со дете и без.
Може да ми пратиш каде конкретно беше мила да разгледам? Што сме се распишале уште сега за летоска леле .
Ми се свиѓа дека сме активни крај на јануари за лето 2026 изминативе 5 години со исклучок на минатото лето ми е цело лето во Грчка, рботата ми дозволуваше да работам и од таму или идев четврток се враќав недела навечер такви комбинации кога имв важни состаноци преку недела. Сега со бебка ја планирам уште во мај да се спуштам надоле и да поседам гледаме опции и за изнајмување апартман мај јуни и јули маж ми да доаѓа петоци да си оди понеделник сабајле накај Скопје пошто така му дозволуваат обврските со работа ама ќе видиме што ќе направиме секако во Скопје е хаос лето жештини вака барем ќе сме на моренце ќе проодуваме по плажи татко ми е во пензија па си замислувам да го земам и него за испомош и он ја сака Грчка ептен ама ќе видиме што ќе искочи, маж ми нешто ме поддржува нешто демек како ќе издржел он без мене и бебка преку недела - ќе видиме што ќе искочи на крај Лани дента направи 3 месеци ние вечерта ја спакувавме и ја однесовме во Грчка, најмала беше во хотел сите ја гледаа како кукличка Ова лето ќе биде годинка више ќе треба да проодуваме сигурно ќе биде напорно на плажа ама па одвај чекам да се бањамњ заедно и да уживкаме Пуштајте препораки за апартмани за подолг престој ако имате плс или македонци со станови што ги издаваат
https://www.ammoa-resort.com/?gad_s...vpGko4FFHXSoLq1UlsHj4EBcZyCy10D0aAjAQEALw_wcB Не е како да имаме многу дестинации за бирање со тодлери летоска
Да не ве цитирам поединечно, погледнете го и Profi Beach хотелот на втор крак е на плажа одма мене ме бендиса ептен за годинава. Сакаат пријатели Амуљани ама нишо асално не можам да најдам, на мм вујко му кај што биле лани нема место. Мене Турција за со дете под 4-5години не ми е, пошо ептен нас ни било малтретирање, а не пак на бебе. Да се ти е тука ама ние последно лога бевме летот за натаму ни каснеше 3ипол часа па од 12 до 4ипол може и 5 седевме на аеродром, за на кај дома ни каснеше 2 часа требаше во 1 ние тргнавме во 3, а од хотел излезени од 10. И плус мм го фати жолчката последниот ден хаос бевме се на се. Така да грција ене ја кај е и да биде нешто за 4часа макс си дома, мене тоа најважно ми е.
За без дете и со едно дете е иста цена, ама ако ставиш уште едно дете помало од една година е веќе дупла цената што нема логика, ама па да не праат проблем коа видат и бебе. Ќе треба да пишам директно на хотелот па да си прашам најубаво.
Ќе се надоврзам на твојот пост, ние последно бевме јас 5ти месец трудна, на одење ај само 1 саат каснеше летот ама за назад беше хорор. Немаа слободна соба да доплатам за касен чек аут, во 19 не земаа до аеродром 2 саати возење трескање, на аеродромот хаос. 50 степени, немаше стол кај да седнам а 4 саати до лет. Имав ладало на една мајка со мало детенце и го позајмував да го олади да се смири да му даде да јаде. На чекирање ќе ме прегазеа нашите сограѓани шо дека трудна пак пробуваа да ми земат ред. Да хотелите се милион за секаков буџет и алл инк е удобно со дете, во последниов хотел имаше дел со кашички и формула на сите оброци, ама патот е тешко малтретирање. Со дете да ми се деси ова нервен слом ќе доживеам.
Баш се мислев за Турција летово ама добро што ја отворивте темата ме предомисливте со право. За Грција дали некои од хотеливе имаат опции како Турција кај што има некакви активности за деца годинка и некој месец? И дали е all inclusive како на нивото што е во Турција да има и баш некои опции за бебе да јаде? По хотеливе во Турција имаше како “фит” оддели кај што имаше незачинети ствари сам да си комбинираш, пример варен морков компир мевце… @Noemi @Baby warrior ќе ве тагнам дека вие споделивте препораки
Конкретно potidea palace е all inc храната беше мн убава и има ептен широк избор, сњкоја вечер прават и тема на пример една вечер мексичко деуга морско трета медитеранско четврта азиско во делови од целата вечера иначе си има и класика бафе секоја вечер ама врвни кулинари работеа се гледаше и од декорација на храната и од вкус. Низ ресортот има паркчиња и делови за деца и игралишта. Турска е друго ниво на алл инк и пространства ама мене хотелов мн ми се допадна и пак ќе пдиме годинава макар на викенд Мн убаво зајдисонце имаше секоја вечер
Во Амоа имаше грчки јогурт, овошје и свеж зеленчук без зачини на секој оброк, паста без сос, имаше варени зеленчуци брокула, проќељ, компир, не се сеќавам за друго ама имаше различно секоја вечера. Излегуваат во пресрет ако побараш однапред да ти зготват нешто без сол или варено пример. Ручек немаат вклучено на шведска маса има ресторан на плажа и плус уште еден со морска храна. Еден голем минус е што немаат вц со подлога за преоблекување во лобито, па мораш во соба да одиш кога не си на плажа. Ова за со помали бебиња.
Не сум била таму... и мене плажите ми се преубави, само што Турција би било баш одмор, само се двоумам заради летот и храната за дете таму.
За храната да ти кажам ние минатово лето бевме во Јерисос, пре слаб избор на храна, вртевме во круг 5 6 јадења, мн мн слаб избор. А за Турција ние одевме UAI и во таквите хотели гледав имаше избор и за дечиња. Блиски пријатели беа во по обичен хотел, изборот на храна за дете не им се погодил..реално и до изборот на хотелот е дефинитивно. Ако се одлучиш за Турција, читај мн рецензии, јас по месец два читам барам хотели и тоа ми е пресудно, реални искуства.
Убаво изгледа хотелот, ама 418€ е од ноќ во јули за двајца возрасни и едно дете. Така да, ајде и тука да го поставам прашањето дали остана некој хотел со нормална цена за оваа лето? Значи почнав веќе да се нервирам
Погледни ги и цените оваа год. па уште повеќе ќе се двоумиш, освен ако не избереш некое хотелче од пониска категоризација чисто заради цена.
Пред неколку години бевме во Кемер со ultra all за околу 900е и стварно беше врв се хотелот од услуга до хигиена, а годинава братучедка ми што уште сега уплати за јуни 1600е...
Не, не остана сите хотели заминаа со цените до плафон во Грција. Сакав и годинава хотел да уплатам, но се премислив, затоа што стварно нема смисла да дадам толку пари, а исто приметив преку агенции дека и ноќевањата се намалени се цената никако да се спушти. Така да се решив оваа година апартман со две мали деца. Се надевам ќе се снајдеме
Здраво досега немаме никогаш одено на море годинава прв пат сакаме да одиме а тогаш малата ќе е 1год и 3м па предложете ми некои места за во Грција гледав за Неа Флогита што мислите за ова место или дајте ми ваши предлози и кој период би бил добар мислевме некаде за 20 јуни Ви благодарам