Може или со транспортер или со големата корпа едно од тие. До вратата на авионот одите со неа после ја склопувате и тие ја земаат. Не треба да бидат спакувани.
Мирно, семејно место. без гужви. мене многу ми се допадна. плажата е мешана со каменчиња. не е баш нај нај, но во околина има многу убави песочни плажи ако сакаш да смениш.
Ве молам кажете место за одмор во Грција со бебе кое ќе има 5 месеци и бебе 12 месеци? Ќе одиме 2 пара со бебиња.
Дали имате патувано преку интертравел охрид и какви ви се искуствата? Гледам преку нив за во Потидеа Палас поефтино иди отколку закажување директно во хотелот.
Кога резервирате на букинг со бебе како резервирате соба? За двајца? Или мора да се внесе и бебето? Секако спие со нас, а од хотелот уште не ми вратиле.
Се наведува колку лица престојуваат. Има на букинг да ставиш возраст. Нема врска што спие со вас. Најчесто двокреветна соба даваат и не се плаќа за бебиња, ама некаде се доплаќа за креветче.
Ако ставиш дете (и под една година да е), најчесто ти нуди само поголема (и поскапа) соба иако најверојатно не ти менува ако спие со вас и не планираш да бараш креветче. Мислам најдобро директно со хотелот да разговараш за ова.
Еве јас да се пријавам, стигнавме завчера со синко, да речам поминавме океј. Имавме ноќен лет од 10 часа, 2 часа лејовер и уште 1.5час лет. Најмачно беше на полетување, зашто не фати некој си саат време откако се уклучи сијаличката за појаси дури да полетаме и тој период бебе мора да е врзано за твојот појас и нема станување. Па тука кенкаше и заплакуваше, ама штом полетавме веќе можеш да станеш да го смириш и успиеш, и одма ни го закачија басинетот па си спиеше таму. Во главно си го преспа цел лет, стануваше само за јадење, тогаш и ќе отидев до вц да го пресоблечам за секој случај и пак си заспиваше брзо. Со вториот лет некако побрзо беше полетувањето па не плачеше многу, ама исто, си заспа штом полетавме.
Инаку, како патувате со 5-6 месечно бебе во кола на подолха релација, пример 3-4 саати пат? Во што седи бебето во кола?
Во седиште или транспортер, зависи што користиш. На таа возраст за јадење не сум ја вадела. Најчесто млеко во шише давав, и знаеше да го спие патот. Освен ако е какана па да треба пелена да сменам сме застанувале. Инаку пат од 3-4 часа без пауза сме го возеле.
Исто и ние, во транспортер, цел пат без паузи, и со двајцата така сме возеле, само еднаш имало потреба да застаниме за преслекување и цицање. Тргнуваме во рани зори, досега спиеле секогаш дури патуваме.
Посиди како е за одмор со мали деца? Гледам има два хотели со пристспни понуди Xenios Dolphin и Possidi Holiday некој ги има ли посетено
Во транспортер или детско седиште за новороденче.. свртено наназад. Се препорачува макс. ~1.5–2 часа во седиште без пауза, да се извади да се испружи/размрда
Ние бевме со 3месечно бебенце, прекрасно поминавме ептен убава плажа, преубава храна, убави патеки за шетање низ ресортот како парк, базени, кафичи се што ти треба за со бебе