Здравооо. Да препорачате студио/апартман во Грција за со 5 месечно бебче? Планираме да одиме во Септември. Буџетот ми е од 30-50 евра од ноќевање за двајца, да не биде повеќе од 4 саати возење, водата да биде чиста и плитка, рамно за шетање со количка, по можност со маркет/аптека во близина. Chat gpt вика Никити и Вурвуру дека се најдобар избор, исто така и Неа Каликратија, ама ме интересира ваше мислење и искуство, секоја препорака е добредојдена. Доколку имате и конкретно студио или апартман каде што сте биле да препорачате супер.
Или Неа Потидеа, на втор крак е доста поскапо. Никити има се што бараат, Вурвуру нема ништо. Ама тешко ефтин смештај. И септември е скапо.
Ние предлани бевме Неа Потидеа и плаќавме 40-50 ЕУР, во јуни ама другиве места на втор крак мин 90 ЕУР
Предлог за одмор на втор крак со годинка детенце? Искуства за Торони? Битно ми е да нема ветер и да има убави плажи
Ние лани бевме во Торини со 3 годишно дете и супер поминавме. Водата е плитка и чиста, ветер немаше ич, плажата убав песок (не за џабе викаат дека е најубавиот песок во Грција). За шетање нема шеталиште, само 2 места со такви колички на евро, две што се. Ресторани за храна има, тоа е ок. Мене ми треба совет за со 2 деца (4 години и 1 година) дали да избереме Тасос апартман некој или Турцијa all inclusive за Сиде гледав? Не сум била ни таму ни таму до сега, па да ми кажете и препораки би биле добредојдени. За крај на мај/почеток јуни
Тие што ќе одиме за Грција летово, што ќе праиме со граница и новиве правила? Зар да чекаме со саати со бебе? Дај некоја петиција да направиме, да отворат посебна лента само за коли со бебиња и деца под 5г?
Ние на унгарска граница чекавме 40тина мин со бебе и издржавме, а патувавме повеќе од 1000 км со кола (за шетачки урбан одмор). Напорно е, му се ремети ред на бебе, но издржавме сите јуначки. Сега повторно толку далечен одмор, но овој пат со авион. Во Грција обично не одиме. Бебето се прилагодува, а мајката и таткото треба да имаат многу трпение. Убав помин каде и да одите.
Od kade kupuvate ubavi gumi za bebe 8m. za na odmor so streicka? Barav vo jumbo i ne najdov. I uste edno prasanje kade da najdam banjarka(poncho) pomala velicina za bebe 8m?
Имам другар со туристичка агенција, ми рече дека работат мк државјани да имаат некои ослободувања зошто се најбројни во сезона, рече лудница ќе биде ако вака прајме излези влези. Ние одиме по сто пати натака навака со закупени апартмани за цело лето ама имаме и бизниси во ск па ќе мора да се враќаме. Сега на 20ти ќе одиме па ќе споделам како ќе биде се надевам ќе се опраат со глупостиве у сред сезона ако не бебка ќе проодува на граница викендов намерно не отидовме надоле зошто знаев дека ќе биде лудница а ќерка ми е хаос во кола, буквално се борам да седи ако не спие
Се воодушевувам на храбри родители, опуштени, кои прават road trips со бебе, патуваат во авион итн...Јас ич не сум флексибилна за тоа, си го сакам редот и рутината...а би сакала да бидам похрабра и поавантуристички да ги растам децата.
Освен Грција, каде би можеле со 19 месечно да одиме? Гледав Албанија и Црна Гора, не сме биле досега таму на одмор, па не знам ни кое место да го гледам. Била некоја од вас? Досега Грција одевме, ама цениве некако се повисоки.
Секаде може да одите. Немате ограничувања. Само биде храбри и одлучни. Погоре пишав, повеќе од 1000 км поминавме со бебе на 7 месеци, претходно ококу 500км (за во еден правец кажувам), до Охрид (тежок е патот), со првото бебе исто многу патувавме. За 2-3 недели повторно одам јас и бебе со авион, сами. Ама јас сум авантуристички тип и сакам патувања, но не секој може, различни сме сите. Од блиски дестинации, Драч има огромна песочна плажа, плитко до колена скоро 20-30 метри да се движиш во морето. За бебе е идеално. Но, само подалеку од пристаништето. Голем е исто убаво место. Лани се воодушевив од тоа што го видов во Албанија и топло ја препорачувам.