Да, таква со дупки носевме. И сега сме со таква, 19 месеци е. Ужива во неа, плус е со кровче, штити од сонце. Се мислев за елек, ама не земав. Многу мал ми е некако за елек.
Бебе од 4 месеци го бањате во море? Колку време, кога? Секако ќе го носам наутро и попладне на плажа ама не знам за бањање..
Гумата со дупки за ноџиња,најмногу ја искористивме.Бепка уживаше,а имаше 10 месеци.Кофичките и лопатки не ги ни погледна.
Гума со седло е доста практична особено до некои 2 години, ама провери си да е соодветна на годините и тежината на бебето. Или ако можеш да најдеш ваква уште подобро. Имам многу сличен модел и бебе ужива. Има широка лепенка преку стомак и меѓу нозе и плус над тоа има каиши. Може бебе да биде на грб или меше врзано. Имам и гума со седло и двете се до 36 месеци. Отворена не, со седло соодветна на возраста.
Нарачани ми се од Амазон, ама провери во спортските продавници. Ако не најдеш, секако ќе ти заврши работа и гумата со седло.
Mamabobaby има во Muppet. Доста ограничувачка е на нас не ни беше искористена лани, годинава не знам дали воопшто ќе пробам да ја ставам. https://muppetkids.com/products/mambobaby-гума-за-пливање-со-тенда?srsltid=AfmBOorc13BpVo8V9jcfHRIcPQDX8gnJI2BfU8XEpqa2BG9WsAgmMw4V Јас лани од Србија ја нарачав ама праќаат преку регулар пошта и се чека. https://mambobaby.rs/
Здраво мајки, бебе има 8 месеци и прв пат ќе одиме на одмор. Каде можам да најдам online соодветни купачи? Некако за женски има голем избор, ама за мажињава се измачив да најдам Исто од каде сте земале шаторче и гума со покривче?
Лани бевме во септември на 4 месеци и ја бањавме 2-3 пати. Водата беше топла ама некои денови дувкаше ветре па не ми се ризикуваше.