Каде на одмор со бебенце?

Дискусија во 'Бебе' започната од gorda, 9 мај 2013.

  1. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    3.045
    Допаѓања:
    11.371
    Се вративме по втор пат од Вурвуру. Значи за бебиња и мали деца е рај. И 90% се фамилии со деца. Песок, вода чиста и бистра.

    Препорака само: вилата да излегува на сама плажа. Сите вили што се на плажа си имаат нивен простор на плажа, и јавниот слободен дел е прилично помал. Во глобала сите вили имаат дворови, зеленило, реквизити за деца.

    Единствена маана (за мене не е маана) за некој би било што нема широко шеталиште со продавници, играчки за деца. Има два поголеми маркети, и уште 5-6 ресторани и тоа е тоа во глобала.

    Ние секако едвај стасуваме да се средиме после плажа и да излеземе на вечера пред на ќерка ми да и се преспие ептен. Така да не ни менува дали има шеталиштето или такви работи. После 10-10 ипол, селцето веќе спие. Се празнат и рестораните и ептен е мирно.
    Ние сакаме кога стигаме да ја паркираме колата и следно палење да биде за враќање назад во Македонија. Вурвуру е баш за тоа. :)
     
    На *Снегулка*, Tiny Love, dummy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.847
    Допаѓања:
    145.603
    Да го посетите кампот до Вурвуро Арменистис. Ние у Вуруро на вечера одиме. Баш оти нема тезги и дуќани. :)
     
    На LadyR му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    3.045
    Допаѓања:
    11.371
    Кога бевме во Сарти, бевме во Арменистис неколку пати. Мене ми се допадна, само гужва беше некако. Сега со дете не ми се мрда никаде кола да палиме. :D Еден ден бевме до Трани Амуда, исто предобра плажа за деца. Сакав првично таму, ама дека last minute букиравме и не можев да најдам на сама плажа смештај, бевме во Вурвуру. Ама и Трани и Вурвуру не може да се погрешен избор за со деца.