Со бебе не би одела на остров, освен ако не се стационираш на едно место. А жалосно е кога си на остров да не го шеташ целиот, кога веќе си со кола.
Да мила зашто да не се иде со бебе на Крф. Не ни е до журки и којзнае какво шеткање. Доволно шеткавме и се журкавме. Сепак сме по над 37г и после долги години станавме мама и тато и сакаме да одмориме со синко Сепак за идење кај и да решиме ќе идеме со кола. @Annath среќо, зашто да не се шета со бебе по островот доколку се иде на Крф? Прашувам зашто искрено не ми е јасно. Мислиш на тоа дека е бебе па кенка, плаче итн. или поради некоја друга причина. Зашто реално многу што живеат и по странски земји со бебиња шетаат секаде. Еве сме во Берово синко има 2 месеци и без предрасуди ( нормално со одобрение на педијатар ) и на Клепало бевме. Сегде со синко шеткаме уште од кога е роден ( со одобрение од педијатар нормално ). Да надокнадиме за сите овие 13г што го чекавме Инаку, една од девојките на темава со разговор во лп ми ја фалеше Албанија ( Ксамил и Саранда ) она веќе била со бебе и си поминале супер. Па ќе видиме и за таму. Прво да видам со педијатарката зашто категорично си стои на ставот дека со бебе после 6мес на море.
@sofi2107 - мене некако ми е малтретирање на бебето ако нонстоп се шетаме наоколу. Се знае дека бебињата сакаат рутина и ред, па не би да го нарушувам само затоа што сакам да шетам. Не велам да не се оди никаде со бебето, таман работа. Ама кога веќе се оди на одмор, подобро е да си стациониран на едно место, отколку секој ден на различна страна на островот. А островите ми се баш да се шетаат, секој ден да се посети ново место, ама јас лично бебе не би носела, тргнувајќи од моето искуство со децава, и на двајцата (и големиот како бебе и малото сега) им било напорно и самото менување на место, камоли шетање секој ден. Ако твоето бебе поднесува такви прошетки, во ред, слободно шетајте. А за ставот на педијатарот, тоа со неа ќе си видиш.
Јас не се сомневам дека вие сте супер родители, и многу јасно дека на бебуш нема ништо да му фали штом е со мама и со тато, тогаш му е најубаво, и баш ми е мило што сте си дочекале бебе после толку време. Мене само ми е дека и со кола патот е мн.долг и напорен. Јас кога бев пред 4-5 год со друштво па и тогаш ми беше напорно, затоа викам со бебе не би одела. Инаку прекрасно е местото, водата топ, какви се места има за посета, ако отидете со бебуш ќе направите слики разгледници
Патот е најмал проблем, бебињата во принцип полесно поднесуваат патување отколку поголеми деца. Мене ми е муабетот за самиот остров. Кога ќе си стациониран на едно место и таму си продолжиш со рутината од дома е полесно, ама ако секој ден правиш нешто ново како што е случај со шетањето и бебето јаде/заспива/се бања во различно време, тоа може да му создаде несигурност и нервоза, па да биде плачливо и кенкаво цело време.
Да и за ова си во право, јас не го спомнав (немам толкаво искуство со деца (тек сега учам) за така да се изразам детално како тебе ) мада истото што го кажуваш го мислам и јас, кога викам дека не би одела со бебе на крф. Како и да е не е страшно и да се отиде, сепак родителите најдобро си знаат за своите деца.
@Annath се согласувам во потполност со све што кажа. И дома ( во Скопје ) сме многу често излезени, но секогаш сме дома во времето кога синко треба да се бања. Си имаме рутина, се бања и си легнува. Сега откако стопли му поместив бањање околу 21ч и си легнува. Си спие цела ноќ. Значи каде и да сме после 20ч сме дома. Сепак не е дека и цел ден го акаме На ексклузивно доење е кога сака, колку сака и каде сака. Затоа можеби и не сум приметила промена во расположението негово. Него кога му се спие без разлика каде и да сме си спие кај мене во раце, релаксатор или количка. Доколку сме на гости си спие таму. Нема веќе нас како ни одговара, он е приоритет А, доколку и се отиде на Крф нема да има многу шетање. Ќе се прилагодиме на потребите на бебе како и до сега овие 2ипол месеци. Сепак фала многу за советите и мислењето. Сепак ги зимам во предвид, мајка си веќе на две дечиња имаш искуство. @Lady*Bug фала ти Во право си и ти. Јас го земав во предвид Крф, но сепак доколку ни даде зелено светло педијатарот верувам ќе се избере дестинација која нема многу саати возење. Мада еве скоро 3ипол саати патувавме со синко Скопје-Берово за прв пат толку саати, зашто застанувавме за доење, пресоблакање па и нозе да протегнеме. Се изнаспа цел пат. Се покажа дека ќе може да се патува со него
Сум била во лето во Банско, преубаво поминат одмор. Прво, цените се багатела а добиваш алл ин. Друго, да си најдете хотелче со базен надвор, убавини. Мене ми е незаменлив тој одмор. Секако море е море за јодот,меѓутоа и воздухот на планина е препорачлив. Јас сум ЗА лето во Банско.
На 0m + еден педијатар сега брзо кажуваше дека бр. 1 дестинација за бебе на одмор е планина. Така да се сложувам со @kikin за Банско. Инаку не го заборавајте Охрид и таму климата е одлична. Едвај чекам наредна недела, се селам таму, јухууууу
Охрид е супер за со мало бебе, бидејќи е посвежо кога во Скопје е пекол, ама затоа е ноќна мора за мене за со мало дете бидејќи водата е ладна, плажите не се средени, има многу ѓубре, нема едно асално чисто вц на плажа за да измиеш/ преслечеш дете, не се наоѓа паркинг во сезона.... има многу недостатоци за да тераш одмор со мало дете. Не ме сфаќајте погрешно, Охрид е преубав и многу го сакам ама откако имам дете не е соодветен на нашите потреби.
И мене не ме сфаќајте погрешно, јас мислев за поинаков одмор, шеткање, кафенце утринско покрај вода и слично. Охрид дете во вода не мислам да ставам, барем не дури е многу мало, а и во јуни месец посебно. Но, убав е, свеж, со луѓе, не како грчко село. За се друго, море си е море.
Охрид како град го сакам повеќе од било кое море на светот зошто ме врзуваат преубави спомени за тој град, НО за бањање мало дете во водата големо НЕ од мене. Прво ќе зборам за мене, јас сум премногу зимурлива и кога и да сме оделе во Охрид јас не влегувам во вода, зошто водата за мене е многу ладна. За мене и Јадранското море во Црна Гора кога сум одела на одмор е ладно. Небитно, тоа сум јас, и ако ми е ладно нема да влегувам во вода и пак одморот ќе ми биде супер, без разлика што нема да се бањам. Но, да одам на одмор со мало дете и да му речам не влегувај во вода, зошто го носам на одмор тогаш?! Пред 2 год. бевме во Охрид со малата и баш си замислував како ќе си се шетаме, пиеме кафе, навечер е свежичко ќе се изнаспиеме.......аха да можеби за едно 10-15 год. А на плажа кога ќе одевме планирав да и наполнам вода во базенче, да се стопли и во тоа да се шлапка. Како па да не, она мои желби ќе ми исполнува на 1 год. Она одеше само накај езерото и сакаше таму да си игра, ништо друго не ја интересираше, ни шетање, ни кафиња, ни спиење. И за тоа си ги спакувавме куферите и си реков поарно за 3 дена да се вратиме здрави, одколку за 10 дена болни. Премногу го сакам Охрид, ама само за шетање.
Сакав слично ко Бубале да пишам ама знам ке се лутите.Која е целта на одмор со бебе-дете без да го бањате?Да смените локација да не сте дома или?