Vekje uplativme odime vo Bansko, znam deka super ke si pomineme, poznavajki se sebesi , mm I moeto dete. Spored mene I moite kriteriumi ne e odmor da sedam pogolem del od denot vo soba. Moeto dete za sega I za srekja nema respiratorni problemi pa da moram na more, podobro ke gi primi soncevite zraci na planina. Ova e samomoe mislenje I stav ne mora nikoj da se slozi so ova.
па и ние што одиме на море немаме деца со респираторни проблеми фала богу сите одиме некаде од кејф и со мисла да си поминеме убаво нели
За имунитетот на детето подеднакво е корисен и престојот на море и престојот на планина. Најубаво е кога би можеле да си дозволиме барем по 7 дена во годината и ваму и таму. Кога веќе мора да се бира јас бирам море.
Според мене Охрид е само за шетање и толку. Прво водата е многу ладна,хигиената е на пониско ниво и навечер за шетање со мало бебе е баш свежичко. Јас на одмори одам ради детето, сакам да се радува,да игра да шлапка во вода,ако е за базенче и дома ќе ја ставам во двор. Освен тоа, морето е многу корисно за здравјето на детето и водата да речеме на прв крак е без грешка,дури кристална. Јас сакам да шетам ,да видам нови нешта но со мало дете не е толку изводливо. Од сабајле одиме на плажа до кај 11 и 30, после во апартман пладневна дремка,оти ако не преспие е нервозна ,па пак плажа до кај 18 и 30,па малку одмор и од 20 часот до 22 часот шетање и правец дома на спиење Еее кога бевме сами заглавувавме до 4 сабајле,ама сега ги следиме потребите на детето
Кога ќе разбира детето ќе го носам на море, сега има 6м, буквално и е сеедно каде ја носам. На плажа нема да одам, посебно не сега во јуни, целта на одморот овој пат ми е да се прошетам, да си пијам кафе покрај езеро, да си шеткам покрај пристаниште приквечер и да се ослободам од стрес. За бебе мало ко моево, се друго би било малтретирање. Море евентуално август или септември.
Испадна нашиве деца имаат респираторни проблеми.. Немам зборови. Кој кај сака нека си оди ама изјавиве се стварно непотребни.
А па респираторни проблеми на море одма се решаваат да За мене лето е плажа, плажата е море и само море. Но и едно опуштање до Охрид не е на одмет.
Да ви споделам искуство од лице место на одмор, може некој што не се нафаќа да оди со мало бебе ќе предомислам 9 м е малиот, на море, втор крак, препородени. Мислев тешко ќе биде, но освен торбите, базените, гумата, количката, фрижидерчето итн за на плажа, другото е супер Глас не му чувме на детево, го седнуваме во количка го вртиме накај море, он си гледа, јас и мм пиеме кафе, се гушкаме, муабетиме. Шлапа у вода како блесав се радува, спие 2 часа обавезно на плажа итн.. бидејќи е јуни месец, и во најтоплото сме на плажа под сенка строго, вода нудам нон стоп и се е ок. Навечер за да не седиме у соба, го бањаме, мачкаме, цица и го ставаме у кола и правец до град на пивце, гиро, палачинка..он нана у количка. Така да, со добра организација може да се истера лабав одмор со бебе, ви кажува мајката што мислеше дека ќе биде замор а не одмор
Абе мајки,носете бебе на море за да диши чист морски воздух,и те како е здраво за мали бебиња и за деца, а и за нас,и јас не планирам да ја бањам мојата 4 месеци е,па заради тоа ли да не ја носам ,не разбирале нз што,ако не ги бањаме значи џабе ќе одиме ццц,што не ќе чуеш
@wings, дури се така мали, полесно е, уживајте. Иначе, мене не ми е сфатливо, еве, може дека Охриѓанка, ама кога ќе ми рече некој дека езерото е ладно и од тоа ладно се настинувало па како сме пораснале ние таму, од раѓање во таа вода бањати? Кога е ладно лето, како сега и водата не е уште стоплена, ни јас не би се бањала, ама во јули, август кога е жешко да не се бањаш во Охридско езеро ми е чудно. Сум го бањала големиов, и малово ќе го бањам здравје ако е топло летово, не мислам да му ускратам такво задоволство, бидејќи ептен сака вода. И морето и планината се убави за бебиња, а особено добра комбинација е море и борова шума. Непроценливо!
Ili zemete si ja baba da cuva dete najdobro hihi nie godinava taka samo da dojde avgust i pravec grcka
Ние лани бевме со 4 месечно бебе, десет дена, супер поминавме, на море секако. Оваа година здравје одиме повторно. Бебуш има годинка веќе, и мослам сега ќе е потешко. Ама ќе видиме. За жал нашивеее плати и одори не ни дозволуваат многу комоција, па можеме преку сила десет дена море. Планина е убаво, а и таму се оди за респираторни проблеми, особено ако има борова шума. Но тоа ми само за некој продолжен викенд. Десет дена на планина без снег, мискам дека на поголемото дете баш ќе му биде досадно. Но секако, убаво е да може човек да си ги дозволи двете. И двете имаат своја убавина. А одморот е релативна работа, она што за некој не чини, за друг е вистинскпто нешто. Све зависи од потребите. Убав одмор на сите летово!
@wings блазе вас, вашето бебе е мирно. Мене јадење раат гиро или палачинки или пиење кафе одамна ми е научна фантастика, заспивање во количка исто така невозможна мисија. Мојата од 6 месеци па натаму е темперамент невиден, прво не сакаше да се вози во количка, потоа некако се навикна па не сака да сме во едно место само да ја возиш, сега кога е проодена не мирува повеќе од 30 секунди. Моето дете е такво, да ми е здраво и живо поинаку не би сакала ни да биде. Дали на одмор или дома јас ќе трчам по неа
Ќерка ми имаше 8 месеци кога прв пат отидовме на море. И супер поминавме. Спиеше на плажа, се бањаше, играше во песок, навечер шетавме и се сеќавам многу спиеше и годеше морскиот воздух. Полесно е кога се мали иако ќерка ми се прилагодува лесно и до сега сме немале проблеми, уживаме на одмор и таа и ние. Секогаш сме оделе крај на август, почеток на септември и сметам дека тогаш е најубаво за на море. Нема гужви, се наспиваме и после одиме на плажа, може и цел ден, не е толку топло. Е лани направивме исклучок и отидовме во јули ама никогаш повеќе тој период, многу е жешко, моравме рано да стануваме за на плажа зошто после 11 веќе не се издржуваше, па во соба па пак попладне дури после 5, а сите сакаме насабајле да си поспиеме па ова темпо не ни одговара. Син ми сега е 3 месеци планираме почеток на септември да одиме тогаш ќе има 5 и пол месеци. Не знам зошто не би го брцкала во морето секако им годи. Туку ова за на планина сега на 2 месеци кога бевме на ортопед ни рече до 3 месеци да не го носиме на повисока надморска височина, рече може само до средно Водно.
Дали бевте сместени на плажа, дали бевте преку наша агенција или сами баравте? Би сакала и јас годинава натаму па затоа ме интересира бидејќи тазе си одена. Фала ти...
Секоја година одиме во Грција и никогаш преку агенција. Детално си барам на нет смештај, разгледувам каде е , колку далеку од плажа па резервирам. На 50 м од плажа сме, мирен дел без галами.