За мене Парга и Врахос се далеку неспоредливи. Врахос има само плажа, а Парга има се. И поубави плажи од Врахос. За со деца мана е што поубавите плажи не се блиску, иако има сместување до Валтос на пример, ама ќе мора со кола до град. А Врахос не би јас, еднаш така бев Уранополис, само плажа до мене и више никад. Кога бејби ќе порасне јас пак Парга ќе одам. Или Сивота. Во срце ми е Јонско море, но не е за деца.
Ние резервиравме за у Неи Пори, у септември бебе ќе има 5 месеци. И сега тие што сте биле кажете ми толку ли е страшно со тие комарци, да знам дали да го откажам одморот за таму, неќам одморот да ми се претвори у вечерна битка со комарци и бебе со пликови А толку сите ми го фалеа топ било за со бебе...
Пак ќе пишам по не знам кој пат , досадна сум си и на самата себе, не знам од каде тоа дека има толку комарци. Има комарци како и на сите останати места покрај море. Не паничете толку за баналности. Не е до толку работата.
I jas ke pisuvam iako e veke odgovoreno. Komarci ima kako i sekade sto ima ne e do tolku strasmo. Inaku e plazata mnogu ubava nie lani bevme
Бубче, плажите и водата во Вурвуру се рај за очи, мелем за душа. За таверни незнам бидејќи само на еден ден бевме.
Зошто мислиш јонско не е за деца? Ладно дека? На крф беше ладно ама лефкада на пр не. Ние ќе одиме годинава во Канали во близина на Парга со 2 деца. Ок не е веќе бебе моево скоро 2г ќе биде. Мене само малку патот ме мисли бидејќи не обожава баш да се вози
Сум била и во јуни,јули и септември во лефкада. Има разлика во температурата на водата. Јуни и јули е жешко на плажа пекол е, а водата е поладна. Во септември беше водата топла, а песокот пријатен не жежеше на нозе. Така да зависи кој кога бил,различни искуства имаат во однос на температурата на водата
Точно. Но во принцип секое море е поладно во јуни. А има разлика од море до море, некое убаво се загрева, а некое останува поладно и во септември.
Се согласувам, ние сме еве во Торони наредна гпдина пак се враќаме сигурно ама таму крај на август или септември,ние си сакаме потопла вода
Ние бевме лани во Неи Пори и супер поминавме. Носевме раид за во струја и се мачкавме со Чико Занза спрејот. Малиот помина само со еден убод од комарец. Комарци има секаде каде што има вода. Не знам зошто толку се пишува за комарци во Неи Пори кога секаде ги има. Сум била на многу места во Грција и нема разлика во однос на комарците. На други места дури и со многу повеќе убоди сум поминала отколку во Неи Пори. Сите викаат демек на остров помалку ги имало, па на Лефкада решето ме направија. Ни раид ни аутан не ме спаси. Така да не се замарај многу со комарците. Јас оваа година за некоја недела повторно одам Неи Пори затоа што ми е идеално место за со дете. Огромна плажа, плитко и топло море и се' што ми треба има во близина. Сигурно не сум луда да одам пак ако е лоша дестинацијата.
Фала за одговорот Инаку и јас пред да резервирам добив инфо дека има комарци, ама ајде си викам ништо страшно ќе си земеме заштита. Али после во темава почнаа да пишуваат за изразено лошата состојба со комарците во Неи Пори, и затоа и прашав. Јас со креветчето имам и мрежа за заштита од инсекти, така да планирам и таа да си ја земам, и спремни сме за на море
Не дека ладно. Јас сум била во секој можен месец од летото таму, точно е како што вели Китен, во септември е бања топло. Јас дури со сите се карам кога ќе речат дека е ладно, некои дури без да одат-така слушнале де Во Јуни мене секаде ми е поладно. За Јонско мислам дека не е за деца оти плажите не се песок како на крациве, туку се чакал претежно и мали деца потешко си играат и влегуваат внатре. А и подлабоки се. Мое видување е тоа. П.С Канали мислам дека е мало местенце, само плажа и нешто крај плажа. Парга да си одевте ( на сите ја препорачувам веќе) ))))
Резервиравме веќе здравје друг пат. Ова е точно во Епир, Канали. Мене искрено не ми смета да е мало мирно, само да има некое таверниче, гиро, лулашки и мало шеталиште, кафе за на плажа др не ми треба. На некои 50км е од парга така да може ќе отидеме и до таму. Не најдов поволна понуда кога гледав за резервација и овде некакп најдобра опција најдов. Се надевам дека не сме згрешиле.