Како местенце е сосем океј, мало е и мирно. Водата е баш тиркизна, ептен чиста, но и длабока. При самото влегување е веќе длабоко. А и доста поладно од Егејот.
Дали била некоја во Изгрев, Струга, да каже дали е задоволна? Сакам да резервирам за нареден викенд..
Само на еден ден. Не сум престојувала, а многу сакам. Кога прв пат го видовме со мм, сакавме да резервираме, скришно, бидејќи Охрид имаме стан па малце сулуда идеја беше И остана на идеја. Но, во аква паркот е прекрасно, местоположбата исто. Да си одите!
Ние вчера се вративме од одмор, бевме до Неа рода се наоѓа на третиот крак. Преубаво поминавме со оглед на тоа дека бебуш има 5 месеци и е доста мирна од 40 дена е во кола и гајле си немавме. Јас попат не осетив декаа сум со бебче. Смештајот ни беше на 10 мин од плажа ,мирно место баш фамилијарно за со деца. Мојата е на интезнивно цицање, ваму дури фативме ред и еднаш и се будеше за ноќен подој. Се на се задоволни времето ни се погоди, наредна година би пак таму. Препорака за идни мајчиња кои се двоумат да појдат со толку мали бебенца, не му ја мислете дур се мали полесно е дури и подалеку да појдете
Мами мислење за Пефкохори последна недела август ? На 50м од плажа смештај, во помирниот дел.. За шеткање навечер Ханиоти.. Ама дал водата е плитка за 3ипол годишно детенце да се шлапка?плажста? Бебушот ќе биде 3ипол месеци.. Тој не ме секира.. Ќе си одмараме и не ми се верува дека скоро се е зафатено до 10.09...годинава ќе биде дај шта даш..
Сме биле.. Знам дека има повеќе занимации за поголемково дете навечер од типот количиња, игри.. Ханиоти искрено и мене плажата ми е тесна, посебно за со две деца.. Затоа плажа Пефкохори, а шеткање навечер и до Ханиоти.
Ако сте со кола ви препорачувам да одите на ксенија плажата. Ќерка ми на 2.5 години лани од вода не излезе, а јас цело време од плажа ја гледав. Ептем плитко е. Песок ситен, вода чиста. Има дел и со лежалки, ама ние одевме таму кај што немаше лежалки. И јас барам сега сместување ама никаде нема. Вие преку агенција најдовте? Ако можеш пиши ми пп кој датум и која цена.
Ти благодарам за инфото... Ќути живци искинав за смештај .. Искрено сакав втор крак.. Последниве години одиме натаму.. Ама се што прашав зафатено е..
Исто. Само гледам и се нервирам. Вчера на сите агенции им испратив меил со тоа што ми треба и сега чекам. Не можам да вртам само по страниве.. На крај изгледа така на слепо ќе отидеме. Лани така бевме. Ама сега со бебево некако не ми се тргнува. А и агенцииве се некои безвезни смештаи имаат останато и се со високи цени.
И јас само ради беблаков не ризикувам... Изгледа ќе биде Пефкохори... И по српскиве форуми прочитав убави критики и позитивни искуства
Мамички прашањево е досадно ама можеби на некоја мама нема да и е тешко да пише.Сакаме да одиме во Грција само не би сакала патот да е повеќе од 4 5 саати.Малиот има годинка сакаме убави плажи чиста топла вода ситен песок плитко да е.Би сакале и да не е толку мирно една улица,него да може навечер да шетнеме по некој ресторан кафич шеталиште.совет и фала ви однапред
Зависи вие што сакате. На бебето ќе му биде сеедно се додека е со вас и додека не му го нарушите редот за јадење и спиење.
Bebe ni bese pred nekolku meseci so pneumonija pa sakame malku na cist vozduh da ja odneseme bidejki ne sme vo moznost da odime na more