Милa @leona83 aкo сaкaш пиши ми лп.кaде се сместувaте пoтoчнo мaрмaрaс ми изгледa дoбрa лoкaцијa,и aкo имaш кoнтaкт aкo не е прoблем дaј ми ,дa им пишaм пoчетoк нa јули сaкaме ние фaлa ти
Моиве се 8+ и планирам да одиме крај на јуни, на прв крак, се мислев дали хотел или апартмани ама се одлучив за хотел (најдов еден на сама плажа во Ханиоти) затоа што вака ќе треба да мислам само за нивното јадење, а ако идеме во апартман ќе треба и за нас да правам, освен тоа апартманско сместување не ми нуди дерски креветчиња, што ми е голем проблем, они само во креветче заспиваат. Е сеа, ај малку нели е глупо у хотел со алл инк да носам решо и у соба да спремам јадење за децава? Прво незнам и дали би ми дозволиле...има некој искуство вакво?
Јас лани носев и без проблем си готвев за бебуш.. Зеленчукот се вари брзо, а мој совет ти е ако планираш оброци со месо да си го свариш месото дома о да го замрзниш. Многу ќе си го скратиш времето на готвење..
ова е едното, од другите немам, не сум дома.... http://www.neosmarmarasnet.gr/gr/shop/moreinfo/roses/indexuk.htm
Зар Охрид не ви е ладен за бебиња?Асално неможе да се брцкаат во вода.Помодерен е од Дојран ама ако веке бирам мегу овие два Дојран е каде каде по топол и лековит. Ние иначе Грчка ке одиме најверојатно Калитеа.
Имаме базенче за бебето, ако му е ладно во езеро. Инаку ние одиме Охрид не од помодарство туку од потреба. Лани исто бевме ама синко беше многу мал па не го бањав. Ни на море не го избањав ми беше страв, имаше 5 месеци.
I jas ke nosam bazence. Dojran so komarcite I tinjata ne bi odela ni sama, uste pomalce so dete, a za Ohrid se resiv bidejki godinava e mal I sakam plaza so prirodni senki.
Абе дечки, па немора да ги бањаме бебињата ако осетиме дека не е за нив водата, доволно е да дишат чист воздугх, да си ги шетаме покрај вода...па не значи дека ако одиме на одмор на вода мора и да ги бањаме...
Јас па планирав Охрид со мало бебе поради промена на воздух, а не да го бањам. Ама затоа имам постаро дете, тој би се бањал. Ама море е море, нема споредба. Само уште да се организираме и тоа највероватно ќе биде тука некаде на првиот крак, блиску. Е таму би да одам и поради воздух и бањање. А во Дојран не би отишла никако.
Не сум била во Дојран. Но золва ми и сестрами беа и двете рекоа дека водата е катастрофа. За топла потопла е од Охрид. Сестра ми рече дека не ни влегла во вода. Така да по нивниве кажувања не би се одлучила да одам таму. Син ми на 1 година се бањаше во Охрид. Ама само последните два дена, по малку. Му беше страв од водата. Му стававме вода во чамче и се шлапкаше под сенка.
Ve molam preporacajte sredstvo za soncanje za epten malo bebe, i vasi iskustva, ste koristele ili ne, koi konkretno i sl. Blagodaram odnapred!
ние лани бевме во Љубаништа а моето ѕверче беше 5месеци.што убаво си се одморивме и се изнаспавме посебно тој.. А за плажа дефинитивно најубавата во Охридско! @stefanija70 јас го мачкав лани со бекутан фактор 50 и сега продолжив со истото!
Јас искрено многу го сакам Охрид поради климата, сакам да е посвежо посебно ноќе, многу ми е убаво за спиење, се надевам и на малата ќе и одговара климата и воздухот. Водата за мене е многу ладна и јас никогаш не се бањам, а не доаѓа во предвид ни бебе/дете да пуштам да се бања (освен во мало базенче да и наполнам вода и да си се шлапка), а на мм му одговара водата и он си се бања. Кога ќе биде поголемка и ќе сака сама да оди во вода тогаш не би одела Охрид на одмор, а за годинава ептен ми одговара. Иначе Дојран имам еднаш отидено и воопшто ништо не ми се допадна и никогаш не би одела таму на одмор.
Кога син ми имаше 10 месеци бевме на море јас му земав еуцерин, еве овој. Беше нешто околу 1000 денари, убаво се размачкува бидејќи е лосион и има добра заштита. И исто така бекутан 50 фактор. Тој е некаде 200 и нешто денари мислам. Ама сметам дека е прејак 50 фактор, како цемент, сонце не може да го допре, а син ми е плав, со бел тен. Кога го мачкав само со бекутан, ми се чинеше уште побел стана Сега со второво ќе земам што најдам, нема да фрлам многу пари, ете и бекутан има добра заштита, мада е и прејако, највероватно би земала нешто од тие спреј лосиони, полесни се за нанесување барем. Ама капче, сенка и малку заштита по потреба се доволни, не мора баш ни да ги зацементираме, секако не се препорачува надвор после 11 часот. А ако одиме во септември, големиот нема ни да го мачкам, можеби ни бебе дури, или ептен малку, ќе видам.
Jas zdravje ako otideme po plan maloto ke bide samo 3 mes, zatoa mi e strav sto moze da koristam. Nit planiram da go banjam, nitu da sedime na plaza vo najzeskoto, ama pa od dr strana i pod senka vo 10 saat sabajle bebeska koza moze da se zacrveni. Golemoto prv pat go odnesov na odmor na 1 god i ne bese tolku problem zasto poveketo sredstva za soncanje se 12+, a za malovo ne znam sto smeam. Inaku sme koristele do sega i eucerin 25 i chicco 50, dvete se izvonredni. Dilemata mi e sto smee za bebeto, zasto go najdov chicco od lani pakuvanjeto i na nego stoi za deca nad 1 god.
Мајче ич да не се секираш дека ке ти изгори бебето.Стравот е присутен, ама нема мајка која не е притресна за 3 месечно бебе. Јас еве ништо не го мачкав бебето и под чадор во количка супер помина.Два часа наутро и два часа попладне е доволно за него. Ама пак и кој овде од мајкиве спомна дека нечие бебе алергија добило од лосион/крем со 50 фактор ?! Има некоја такво искуство ?
Nivea ima sun baby protection, pa i bekutanot e mislam od 0+ Ne znam za ova eucerinot dali e za najmalite... Edit> se soglasuvam, koga kje go namackas so toa, pa i ako mu e zesko, se zatvaraat pori i uste potesko moze da stane, ako e vo prirodna senka najubavo e mislam. Sepak i jas kje nosam nesto, za sekoj slucaj.
Лани синко имаше 2-3 месеци кога бевме Охрид, Крушево... Ниту на езеро ниту на планина го мачкав. Си го држев под сенка или под "прошарана" сенка на сабајле и попладне. Немавме проблем со сонцето иако е мнооогу бел. Сега по препорака на кожен земав на авен како најдобра демек. Скапа е, ама тоа е... На детето не би штедела.