И јас гледам Уште од минатиот месец. Ние можиме само јуни. Почеток на јуни правиме свадба и потоа планираме да појдиме некаде на одмор 5-6 дена. Мислам за грција пошто ни е поблиску, инаку многу ми е мерак и за Анталија ама да не го малтретирам бебево по авиони. Има уште време за одлучување. Тогаш бебуш ќе биде 10 месеци.
Еве неколку во спојлер. Спојлер: Слики Ова од високо сликано, мало местенце е. Еве го студиото во кое бевме сместени: Од тераса:
Јас размислувам за крајот на мај да уплатам на првиот крак Полихроно или Пефкохори не сум била до сега таму ама гледам понудите се преефтини па да искористам А на сите за со бебе јас најтопло ви го препорачувам Никити на вториот крак ,ние предходните години 3 години по ред таму си одевме и ептен ме бендиса мало фамилијарно место е .Најмногу ми се допаѓа што на плажата има место да се раскомотиш не е гужва кога поминуваш да газиш преку пешкири .
Супер е Олимпијада за со дечиња. Голема песочна плажа, плитка е водата. Околу има преубави плажи за тие кои сакаат и шетање. А вака е мало селце, не многу бучно.
И јас уште од сега размислувам за одмор. Мислам дека најиделано време би било крај на август-почеток септември. Сакам да не е претопло, да се препотуваме, туку да е пријатно и топло за седење на плажа и да не мора да се оди два пати. Да го фатиме оној период кога денот се намалува, да не трчаме во 9 за на плажа бидејќи 11 е веќе пекол, да биде убаво и топло за седење на плажа од 11-3 или 4 попладне, па после тоа може да се оди на ручек и да се ужива во преосѕанаѕиот дел од слабото сонце и нормално зајдисонцето. За место, вистина Грција одговара најмногу- најблиску, најубаво море....немам идеја каде би ако не Грција. Сакам некаде на втор крак, немам идеја каде е најпогодно со мало дете. Вила на плажа обавезно, да не се влечеме со работи натака навака. Ми го предложија Никити и мене. @Lolipop23 може да ми кажеш вилата каде бевте смесѕени ккао се вика? И нешто повеќе за местово Олимпијада од твоја гледна точка за со мало дете што се нуди? Маркет, аптека? Уште имам з апишување ама бебе вика.... @kukla21 не ти се мешам, но од мое искуство. Лани јас бремена, заедно со пријатели со бебе од 9 месеци бевме на одмор во јуни. Од 11ти до 20ти. Ладна водата ептен, уште незатоплена беше...времето убаво за на плажа да седиш, но не и да се бањаш...
Јас вака без дете (не ми земајте за зло ) , немам намера да ви се мешам ама бидејќи ја имам прошетано Грција, од вториот крак ти ги препорачувам Никити и Торони.. Има и други што би ги препорачала ама ептен ќе умреш од досада таму. Една улица, еден маркет и тоа е..
Ние пред две години бевме Калитеа убаво место за шетање има и разонода за децата многу ми се допадна така да и оваа година може пак да одиме таму
Искрено мене Пефкорои не ми е за со бебе, у ствари не ми ни е за мене. Ама тоа сепак зависи што бараш. Плажата е фина иако тесна а многу е гужва. Цело време е како на панаѓур. Гужви, музика трешти јас не сакам такви места па затоа мене ми е нешто. Некој па не сака пензионерски места и затоа се сведува на тоа што ти треба.
Гужвата во Пефкохори и Ханиоти е "посебна". И во Неа Пори има гужва на пример ама тоа е на шеталиштето само и е гужва од луѓе кои се разминуваат додека на првиве две места секаде по уличките е гужва, поготово навечер ми е како на селски панаѓур. Ама па некои луѓе ако не се во таква гужва се чувствуваат изолирано па не им е убаво. Туку и јас како @Lolipop23 некако се мислам да и откажам љубов на Грција за одмор оваа година ама навистина не знам каде би со мало дете. Некако ич не ми е за на Црно море, пре би Јадран ама и ситен песок. Тоа го сведува изборот на неколку изгор скапи местенца ако сакаш да си до плажа. Па си викам за тие пари подобро Италија, Шпанија, па ми текнува на патот па се премислувам И така... Како што рече и Лоли ако има некој предлог, и повеќе од добредојден е.
прво гледавме преку букинг и покажува дека веќе се е резервирано.Така да ќе пробаме преку агенцииве наши.Ако не бива директно во хотел ке ѕвонам