Аман бе се букирано уште сега?! Знам која вила е. Ќе им пишам и ќе ти кажам што викаат за слободни места.
ке чекам важи ————————— инаку кој го спомна Торони не памтам.И таму бевме и поминавме најубаво од било кога.Толку мирна и чиста вода немам видено некогаш
Прв пат одиме повторно на исто место..Торони пак ..прекрасен одмор..во апартманите Blue sea Тогаш со едно дете..сега со 2 ца
А ќе бањате бебиња во море?? Ние ќе одиме кога бебе ќе биде 6+ накај 7месеци ама немам намера да го внесам во море, затоа и биравме смештај каде ќе има двор и сенки, па најверојатно базентче, малку вода од чешма и да се шлапка Инаку планираме и втор одмор крај на август за во Будва најверојатно ако се наканиме на толкав пат со бебе, ако не Грција не бега
И мене ме советуваа со бебе да идеме кога ќе биде топло, бидејќи порано водата е ладна а септември може и времето да се расипе . И јас незнам каде би иделе ,малото ќе има годинка тогаш. Грчка ќе биде секако, ама каде
@emkaemka јас не би БУдва со бебе мало.Доста е гласна,гужви огромни.Будва секогаш ме асоцира на одмор за млади,дискотеки,пиење ние бевме кога големата беше 4 години ама не ме воодушеви многу.Башка што и мн мн далеку од плажа бевме сместени.А за патот да не зборам.Два часа на граница окапавме на жешко
Немам поинакво мислење од твоето за Будва, ама мм е запнат, иако рече ќе тестираме првин до Грција дали ќе биде мирно бебе и колку, инаку најде хотел близу плажа, односно на сама плажа..
@emkaemka ние кога ќе одиме, син ми ќе има година. Планирам да го бањам. И да имаше 6-7 месеци ќе го бањав ако гледам дека сака и не плаче, а водата е топла ( чиста се подразбира). @victoria може да ми кажеш преку која агенција резервирате за тие апартмани? И колку време се патува до таму со кола? Ако и до лето не се смени нешто, ќе имаме мака по пат, едвај 40мимути седи моево бебе во кола...некогаш и така плаче...
310 евра не чинеше смештајот за 7 ноќи, период од 18-25 јуни. Игле немам поим како се вика студиото, резервиравме преку жената, таа ми прати слики од студиото, ми се допадна и резервиравме. Инаку Олимпијада е мало и мирно местенце, има неколку ресторантчиња и бич барови, 3-4 помали маркети и паркче за деца. Аптека не приметив, ама може од што не барав, од дома носев цела аптека. Нема што многу да се види, навечер за шетање одевме во Ставрос, Неа Врасна, Аспровалта. Плажата е долга и убава, водата е чиста и до далеку е плитко, само маана е што на почеток при влез едно 2-3 метра има ежиња, па мора да ги скокаш. Јужно од Олимпијада има многу убави диви плажи, кои исто вреди да се посетат. Јас првпат одам на одмор на вакво мирно местенце, обично одиме на бучни места, каде има забава, ама лани прв пат со бебче ја одбравме Олимпијада и не згрешивме. Времето во тој период ни се погоди лотарија. Сонцето не беше многу јако, ама беше топло и бевме на плажа од утро до вечер. Водата беше топла и го бањавме по малку синко секој ден. @emkaemka зошто да не го бањаш, нема да сте мали и синко толкав беше, таму наполни 6 месеци. Супер е за имунитет е морската вода. @*Лорена* и мене ме влече Јадранот, ако најдеш некоја добра опција, сподели те молам. И Турција ми се мота низ глава, ама па мм не сака да смисли.
@Lolipop23 не знам, страв ми е да не закачи нешто од водата, малечко, нежничко е уште За имунитет и морски воздух е таман ^^ми иде моментот дека сите мочаат во вода, па гнса ме фаќа мене, не па бејби да го пикам внатре
торони е малце подалеку за разлика од овие на прв крак како Калитеа,Пефкохори.Ако паметам добро ама од граница сигурно има едно два и пол часа вожња
Фала ти за одговор. Не ми доаѓа на памет прв крак со бебе, комерцијализирани бич барови и панаѓур плажи...
Стотина километри од Солун..не е многу подалеку. Малку повеќе отколу за на првиот..ама патот е добар и сме немале проблем. Претходна година бевме и Сарти..тоа ми се виде малку подалеку. Повели апартманите Користиш од хотелот базен.интернет .. Спојлер: Апартман https://atlantikturs.com/vila-blue-sea-|-toroni-leto-2018-atlantik-turs
Да ви се приклучам со мојава "мака" Сакам да резервирам за Грција за почеток на септември, а бебе уште неродено Што ме советувате? Да не си праам бајрам на умот или? Плус Грција не ја познавам ич, сум била само на Јонско. Како барате аранжмани? Преку агенции, букинг или нешто друго? Плус гледам сите аранжмани се по 7 дена, јас сакам 10. Изгубена сум во секој поглед.
епа зависи и кој дел од Торони ке фатиш.Ние бевме на плажа без лежалки кажи речи и без луѓе ама со кола моравме до таму.Понатака на другите плажи имаше повеќе гужви,дуќани,мало шеталиште со скара,гиро,тезги,музика
Кое место е најубаво на вториот крак со 10мес бененце во август/септември? Битно ми е да нема комарци, медузи, да нема мн ветер (како на сарти) и сл. Се мислеме за неос мармарис...
И мене нешто ми се уврте оваа година да смениме не ми се иде во Грција,се ме влече накај Јадран,не е само Будва на Јадранот има еден куп местенца за со бебиња само треба да се истражува , многу убави места а и прекрасни апартмани што се поевтини од Грција ,само патот ме предомислува ,ама и не е толку страшно па мојава си е навикната на возење. @Kitten ние секогаш сме барале преку интернет страни апартмани,си гледам и си резервирам директно по маил со сопствениците.Можеш и преку агенција ама можеш поубави да си најдеш сама.Инаку незнам што да те советувам ,тогаш бебето би имало три месеци некаде,@irena.1 лани беше со толкаво бебе и знам кажа дека убаво поминале.
Ќе размислиме убаво...не ми пречи мене и убаво среден бич бар, и полна плажа ама па некако да не го малтретирам бебе ми е мисла...пример сакам две третини од одморот поминат на мирно место, чиста вода и без гужва, а остатокот како што веќе набројавме...
Искрено за Грција со бебе само вториот крак,евентуално на прв само Сивири или Фурка,два пати сме биле Сивири и мене ми е многу убаво,од другата страна тоа ми е панаџур и Срби врие.
Крајот на август јас кога бев во Грција до нас имаше Срби, бебето таму правеше 2 месеци значи немало 2 месеци кога тргнале на одмор а имаа платено за 15 дена.