Јас искрено не би ти го препорачала Неос Мармарас со бебе затоа што вилите се на повисоко ,а плажата е доле и со бебе искрено би требала со кола секој ден да одиш на плажа ,ако сакаш вториот крак најубаво ти е Никити или Торони ,а можеш и Вурвуру преубаво е само мн е пусто нема ептен ништо ама плажа има фантазија ,од овие три места Никити ти е најголемо имаш доста продавници ,има ресторани имаш и Лидл во местото .
@azelea ај ако не ти е тешко кажи ми нешто повеќе за Фурка Дали е мало и мирно место како за пензионери и мали деца? Водата дали е чиста и топла?
Ребит јас само на поминување сум била,и убаво е да мало местенце, мирно со плажа долга,има простор и без лежалки колку ти душа сака,на едниот крај е поубава плажата и водата ,а на другиот е така малку со каменчиња ама чиста е ,плус од таа страна касно заоѓа сонцето и можеш да седиш на плажа покасно. Лани колешка беа фамилијарно ,она многу го бендиса.
Тоа ми треба за со мојата ѕверка, една улица и вода топла и чиста, зошто ич не сака да се шета. Фала многу
Nie se uplativme za Hanioti dva termini ... pa se nadevem deka ke e dobro... vilata e vo pomirniot del od Hanioti i si ima kako sopstvena plazicka... vo septemvri ne bi trebalo da ima i nekoja golema guzva
Јас би те советувала гледај истражувај, ама некаде во август уплати си, кога ке си видиш со какво ѕверче ке си имаш работа . Јас така направив. Синко роден во јуни, бевме септември, во август уплатив. Е сега тогаш повекето е резервирано веке, ама не ми се ризикуваше пред време. Важно ми беше ѕверко мали да е добар и кооперативен. Ние поминавме многу убаво. Бебе беше два и пол месеци. Но немаше грчеви, ноке се будеше само за цицање. Беше само на цицање, што е најлесно за на пат. Немав шишиња, цуцли, не се мислев кога, како на плажа или носење на термоси и млеко. Едноставно, а отвори уста го доев секаде. Повеке захтевен беше големиот. Резервиравме дирекно во хотелот ( наши пријатели беа претходно) и уште некој ден на букинг во друг хотел близу до првиот.
Прво кажете каде да се оди за велигден? грчка поголемиве хотели после 20 апр отварале. и времево какво ќе е
@joy1 ми дадоа понуда. Нема за јуни, ама за јули за 2 недели со појадок скоро 1400 еур. Пиши им за кои дати ти одговара. Брзо одговараат.
Ау машала...ова во Грција? За овие пари четиричлена фамилија со мали деца ќе помине две недели во турски хотел со алл ин. Се занесуваат малку Грциве. Секоја година се' поскапо и поскапо
ЛАни бевме на одмор почеток на септември. Малиот беше 9 месеци. Со оглед да решивме „5 до 12“ никаде не можевме да најдиме слободен смештај, па најдовме преку грчка агенција за посредување. Прекрасно место. Измеѓу Ставрос и Неа Врасна, местото е врасна бич. Значи хотелчето беше на сама плажа и имаше приватна плажа со следување на 2 лежалки. За со бебе топ. Цената одлична за такви услови. Тивко место, приватна плажа, на сама плажа па ако нешто му се сојаде, соспие одма си во апартман. МЕстото тивко, а само 5 мин со кола одалечено од Ставрос и Неа Врасна. Топло го препопрачувам за со дете/бебе. Водата кристално чиста е некогаш знаеше напладне да фатат бранови ама ништо страшно. Оваа година сакам да одиме на втор крај, Никити и Метморфози ни се опција. Најарно е од сега да си бараме нешто.
Во Турција со 2 годишно дете бил некој? За септември планирам во алл инклузив хотел.. Па како поминал, ваљда не е мал за такво патување...
Да, прва братучетка моја. Внучето тогаш имаше 2 години и 5 месеци исто all inclusive и супер поминаа. Да напоменам одеа сами со автомобил
Мила ,мојава бебушка крај на нареден месец планирам да ја носам кај свекор ми и свекрва ми во Истанбул ќе биди здравје 4 месеци... разговарав и со доктори за патување за неа кажаа дека нема проблем, само редовно да си ја носам да ги прима вакцините. Пошто не обожавам авиони , ќе одиме со кола..А твоето малечко е 2 години така што не е ни најмалку мал за патување. Позз
Турција не, ама Египет да, со двегодишно дете. Летот супер го помина, таму без проблем јадеше од храната што ја спремаа. Тој одмор воопшто не осетив дека имам дете. Спиеше, јадеше, играше, по тој редослед. Убавина од одмор.
Додека мм не си дојде ништо не можам да планирам, ама сепак разгледувам некои местенца, ако се решиме за Грција ке одиме директно па таму ке бараме смештај, лани пријатели беа со две мали деца и одма најдоа. Мене ме интересира мислења за Бугарија, дали ке издржи пат од 10 и повеке часа малово, многу сакам таму да идеме, најубавите одмори ми биле во Бугарија, евтино е, има кај да се прошета, има што да се види, водата и е не е така лоша како што се кажува, ама само патот ме плаши.