И Чањ не е лош, и таму плажите се убави песочни а и близу. Е сеа...нема каде да се шета, ама две убавини нема
имаш линк? ме привлече ова и ние би оделе тој период, па може би се дружиле Туку.... јас би сакала во хотел... не ми се оди по вили , ма да година ќе има здравје тогаш, цените август ќе бидат изгор , ама така ми влегло во глава
@stevemila не е ладна водата во Бугарија, зависи кој период си била и на кое место. Баш на пример Јадранско е поладно море од Црно.
Па не е ни Јадранско толку ладно како што го прават дека е,мене на Јадран ми се погодила бара водата сред Јули,а во Грција истиот период не ми била толку топла како што сите викат,а јас сум ти баш зимурлија и сакам да ми е топло.
Jas ne sakam ladna voda.Za mene crnoto more i jadranot e ladno.Ne sme site isti neli.Nekoj saka poladna voda nekoj potopla.Eve jas licno nemozam noze da stavam vo poladna @Kitten sum bila juli i avgust.Na neseber,sozopol i zlatni pesoci @eli25 nezbam kako da stavam link.Cek vo pp poraka ke ti pisam
Многу убаво место за мали деца е Сивири во Грција.Водата е плитка и ептееен топла,што вика маж ми како во бара да влагам од сонцево не можам да се разладам.Ама па за мали дечиња е идеално.Место да полните базенче и да чекате да се стопли вода,си пикаш дете во море.Мало е местото ама има се.Од таверни дуќани,маркети.Има преубави апартмани на сама плажа. Плус ептен е блиску и брзо се стига. Топло препорачувам.
Плажа и море прекрасни мислам дека ја има една од најубавите плажи на вториот крак ,местото е премало скоро да нема ништо за шетање ако си за таков одмор ич не се мисли .За понуди види на фб отвори никана.гр српска агенција со многу поефтини цени од нашите .Ние до сега 4 години по ред одиме на вториот крак на одмор искрено за разлика од првиот е далеку поубав и нема таква гужва е сега сместувањето е поскапо до сега одевме и на лице место баравме смештај таму повеќе од 35 е за вечер немавме платено за апартман ама па со дете не си да ризикуваш да одиш така .
Мислам се сменети...јас 2016 бев ама само на проаѓање нешто не ме воодушеви. Не ми треба за шетање, ќе одам до други гратчиња и така ќе е мала уште. Се е сменето во цг игало беше супер за мали деца ама веќе нема плажа... а толку можат убави плажи да напраат, ама црногорското хахах
^^ Чањ не е сменет 100% лани блиски беа, плажата е останата преубава. Но многу е изградено, поскапо е, гужви се поголеми и патеката за шетање која беше со 3-4 продавнички сега била со повеќе. Таму претежно идат постари и со деца бидејќи е мирно, мало место Сутоморе мене ми е хаос, узгорници и камења, кога бев средношколка ми беше топ, ама за со мали деца таму не е ни да помислиш Јас ја обожавам Бугарија и море и народ и услуга и цени богами. Морето за мене е претопло и преубаво, бранови има да но по ручек, но сепак плитка вода има доста па мене ми е за мали дечиња. Само не се иде таму крај на август бидејќи може да се дојдени медузите Сончев брег дефинитивно не е за мали деца, плажата да, но за навечер за шетање ќе се изгубите еден со друг од гужви, а и гласно е, иако ние бевме пред 3год и шетаа бебиња/дечиња низ гужвите и хаосот. Несебар е помирно место
Некоја слика од Чањ ама не од нет, тие дотерувани се. Јас сакам баш како во Улцињ. Ме чуди зошто 2016 цело приморје го прошетавме, плажа песочна не видов. Или е со ситни камчиња, а во вода карпишта. Краличина исто, од најубава плажа сега е крш. Да песок има ама водата е со големи камења, не можеш да влезеш. Суто море секако отпаѓа за со дете. За бугарија не сум размидлувала а не сум била одамна. Може зошто маж ми неќе во бг со кола. Не знам. Албанија пак освен Ксамил, што ми е далечку, друго место проверено добро не знам. Сепак со дете ми треба асална плажа, песок во вода и надвор. Би оделе септември на почеток. Стварно немам идеи ич. Хрватска е убава ама далеку исто.
Тоа што го бараш, најблиску го имаш во Грција, а Хрватска е прекрасна, но ако не сакаш камени плажи, тогаш не е за вас, таму песок нема никаде, ако сакаш да не те бодат камења во Хрватска, можеш едино да најдеш бетонирана плажа, ама не е тоа тоа. Бугарија јас ја исклучувам за било кого а не па за со дете, кај што е далеку, ај тоа не е страшно, па и опасно е морето, еден тон луѓе се издавија таму.
Две годинки ке полни во август, тогаш и планираме тој период да идеме. Инаку ние со години идевме во Несебар, на Јужна плажа каде што идевме јас немав видено ракчиња, освен по некоја медуза, бранови знаеше да има ама поручек. Песок ситен баш за дете да си игра. Не знама ама мене не ми беше катастрофа морето, првата година кога отидов очекував баш да е за нигде од слушање на муабети ама убаво беше, бар на оваа плажа. Надоле накај сончев брег беше понеубаво, имаше многу трева Инаку за водата јас баш кога бев во Суто море, крај на јули, не влегов ни еднаш во вода, беше премногу ладна, а Бугарија сме иделе август средина и по цел ден не излегував од вода. Јадранско е многу поладно отколку Црно море.
На Јадран нема песок, скоро сите плажи се камени. Ако сакаш песок, а да не е Грција, Албанија земи ја предвид, ама надолу после Валона. Нагоре мислам се скоро сите камени плажите.
Има и на Јадран во Хрватска песочни,барем јас сум нашла,ама по некои од островите ако некој сака да патува,камените се накај Север а во Јужна и Средна Далмација плажите се со шушљак како го викаат тоа они,ситни каменчиња,ама не се страшни тие камења не боцкаат ,баш се пријатни за седење. Во Црна Гора знам Плави Хоризонти е со песок и плитка за со деца,ама мислам дека нема апартмани на сама плажа туку малку погоре во тоа селото Радовичи. А во Турција какви се плажите да кажете тие што сте биле?
Минатата година со 8 месечно бебе во Врахос,Грција ! многуу убаво место . Идеално за со мали деца.Водата многу топла, песок плажа.Единствено што е проблемот е патот, се патува од прилика 7-8 часа.Тоа е во близина на Парга.Ние имаме бебе патувалче кое спие во кола и патот не ни беше проблем . Препорачувам.
За во црна гора,читав препораки за ова место,но незнам точно каде е ,огромна изгледа плажата на сликите и песочна.http://www.putovanja.info/forum/forum/topic/26028-donji-stoj-velika-plaza/
Шљунак се ситни камчиња точно, ама искрено, за деца најубави се песочни плажи. Оти баш песокот е она што им треба на децата, а со камчиња тешко дека ќе се добие тоа. Хрватска не е баш евтино, а е далеку, за тие пари до Грција може да се оди. Јас лично бирам песочни плажи. Во Турција има мешани, и камења и песочни плажи. Во Кушадаси на плажата во хотелот каде што бевме ние беше песочна, оваа е конкретно таа плажа а за другите плажи не можам да кажам. Секогаш кога бирам место за одмор, гледам да е на сама плажа, по можност песочна. Небитно за каде се работи. Кога гледавме понуди за Турција, видов дека доста плажи се исто како во Хрватска со ситни камчиња, ама има и песочни.
Хрватска има преубави плажи со шљунак. Лани ние бевме во Цавтат со 19 месечно дете на кое ич не му сметаше тоа што нема баш ситен, ситен песок. Играше со камчињата и во вода и околу на една од плажите имаше малку песок па таму играше со песок ама искрено повеќе ги бендиса камчињата за претурање од кофа во кофа и фрлање во вода. Најголемата предност на Хрватска е боровите сенки на плажа. Дете се „убиваше“ од спиење во борова сенка и немавме потреба да одиме во соба за денско преспивање зашто на плажа беше поладно од соба. Сите што беа со мали деца а ги имаше многу истото го правеа како нас. Плус за кафани и слично Хрватска има многу попристапни цени од Грција и поголем избор (барем ако споредувам копно со копно, островите на двете места се дура приказна). Исто Хрватска е подобра за шеткање после плажа, Грција е општонароден панаѓур (особено на прв крак) без нималку шарм барем за мене. Турција е потполно различна приказна од Хрватска и Грција. Претежно се хотели, малку е сместување во апартмани. Има песочни плажи скоро секаде. Јас сум била околу Измир (Чешме) и во Сиде (долу кај Анталија). На двете места имаше песочни плажи. За со дете во лето јас би одела околу Измир, Бодрум. Долу околу Анталија мислам дека е претопло.