@Цвет88 некаде на хард диск имам слики тон, па периодов ако ми се укаже шанса и не заборавам ќе ти пуштам да го видиш Чањ Песок не е, ситни камчиња, со измешан песок мали дечиња обавезно со сандалки движење/бањање
Ете уште некој како мене импресиониран од Јадран ,значи потполно го делам твоето мислење дека Хрватска не е многу поскапа од Грција,напротив лани кога гуглав најдов многу поефтини апартмани од Грција и тоа внатре со машини за садови ,за перење буквално како дома да си,а не како тие дрвените кревети во Грција.Проблемот е само што патот е многу подолг и со тоа поскап.Инаку ние со мм до пред да имаме дете постојано летувавме таму,и точно се наоѓаат попристапни цени,имаше еден куп со дечиња мали Германци,Полјаци,Чеси и сите играа со каменчињата да,и што е најбитно за боровите на плажа рај,ама тоа е секој има различна перцепција за тоа каде сака и во какви услови да летува. Во секој случај ми нема споредба на Грција (краците) и Хрватска,посебно па за гостопримливост да не зборам. Ако можеш пиши ми во пп инфо за смештајот во Цавтат.
Bil nekoj Turcija pocetok na juni? Me interesira vremeto kako e toj period,ke odime so dve mali deca pa mi e stav da ne e mnogu zesko
Зависи каде во Турција, имам два пати отидено и тоа во месец Август на почеток, во сред лето, еднаш во Анталија каде што не знам искрено како живеат на таа жештина и тој влажжен воздух, но ако го тргнеме тоа на страна баш беше прекрасно и јас лично мислам дека од сите можни настинки и болести во следните две години ме заштити тој одмор, дали беше топлото море или воздухот не знам, ама знам дека никогаш поздраво не сум се чувствувала како после тој одмор. И еднаш сум била во Кушадаси каде што има далеку поиздржлива клима од тие места што се појужно.
Фала ти... Знам дека не е песок. И кога ќе ми кажат дека песок се ситни камчиња мн се напнувам. Да да песок плажа, вода карпи... Песок плажа ко сликата од членката погоре..таков сакам. Ќе смислам нешто. Сакам бебе босо да се движи а не со сандали, зошто баш 1 годинка ќе има. Ќе оди или ќе проодува тој период, па не сакам да ја боцка и да се исплаши.
За сите што ги интересира Турција јас би го препорачала Олудениз. Сезоната трае од март до крајот на октомври, се е блиску и на едно место. Плажата мешана, крупни мазни камења и песок, водата многу топла и чиста. Медузи и риби нема. За со мали деца е супер. Има на еден км едно мало заливче и тука е детска плажа (јас никогаш немам отидено). Може да го погледнете местото на интернет, а можам и јас да ставам пак (имам ставано слики оттаму). За мене едно од најубавите места за одмор. Малку е далеку, ама многу вреди.
Ако одиш во Анталија и околина, топло е. Најжешкото фаќа јули и август, но не мора да значи, како ќе ти се погоди. Лани едни пријатели беа во Анталија во екот на сезоната (крај на јули, почеток на август) ептен се фалеа дека времето им било таман. Во делот што излегува на Егејско море е малку посвежо, макар што и таму е влажно. Мене во септември во Кушадаси ми беше топло, ама водата ми беше ладна. Вакви плажи ни Албанија нема. За Улцињ не знам, ама ваков ситен песок има најчесто на грчки плажи.
Те читав и лани за местово и многу впечаток ми остави. На google.maps ми дава дека е 17часа до таму, реално колку е? Многу сакам годинава да одиме за Турција, ама мм е со некоја аверзија кон таа држава и ќе ми треба многу да го убедам. Во хотел бевте сместени или?
Да, таму се исклучиво хотели, евентуално хостели. Реално временски не можам да ти кажам колку е патувањето, затоа што зависи од каде одите (дали преку Бугарија или Грција), колку паузи правите, колку брзо возите, колку на граница ќе се задржите...Околу 1600км е оддалеченост. Ние обично патуваме од 24-30 саати, ама со многу паузи заради децата. Минатава година се вративме за многу пократко време. Зависи како ќе се погоди. Има и авионска линија, ама е до Даламан. Оттаму мора пак со превоз до Олудениз.
Ufff, mnogu pat e, 2 dena celi vo pat idat. Nisto ke gledam nesto poblicku, na Egejot: Izmir, Kusadasi... Cesme isto mi izleguva kako opcija, bil nekoj tamu?
Многу е. Ние до Кушадаси два дена патувавме, ама само преку ден возевме, преспавме во Чанак Кале на одење, во Галиполи на враќање. Ама не фати толку, затоа што по пат често застанувавме, меѓу другото и Троја ја посетивме. И ние сакаме Чешме, некако со авион ми фуфка мене, инаку би сакале до Анталија, поточно Кемер или Сиде. Ама малово ми е мало за толкав пат, па можеби наредна година, на две и пол години здравје. Мм не сака Грција годинава. Албанија не ми се оди некако. Имам една познаничка, мажена за Турчин и живеат во Измир, нонстоп се во Чешме, ако сакаш да ти пренесам што ќе ми препорача за хотели таму. Секако и за нас ќе прашувам.
Јас пишав погоре сум била во Чешме како дете. Иста далечина е како Кушадаси. И ние патувавме два дена до таму. Со деца мора да с еправи пауза за спиење и да се вози преку ден само. Тогаш спиевме во Чанак Кале. И исто ја посетивме Троја зашто останува време кога патуваш само преку ден, плус ти треба пауза за деца да се издуваат, а успат е Троја. @Annath со авион е мерак. Одма се стига и најмалку малтретирање е. Ограничувачко е само што не можеш да ја носиш цела куќа со тебе како со кола. Ние лани да не беше авионот немаше да одиме во Хрватска на одмор. Само ако одиш со агенција во Турција пак ќе ти се раплаче мајката со атобусот од/до хотел зашто намерно прави паузи на бензински за купување (на пример на 5 минути од аеродроом).
И мене тоа ич не ми се допадна на пат од/до аеродром. Само што сме пошле застанување. Башка со дете кое е нестрпливо да стаса, ептен е напорно. На враќање исто. Застанување на некое шопинг место (демек ваучер за попуст ти даваат) и те малтретираат да тргнеш во ниедно време од хотел.
Со која агенција сте оделе вака што правеле по пат? Два пати сум била во Турција со авион еднаш со Фибула, еднаш со Аурора, со автобусот по пат немало застанување, само сме застанувале во хотелите каде што се оставале/ земале патници.
Знам, ама пусти страв од висини и од летање. Иначе јас не носам многу алишта. Египет кога бевме, само еден куфер носев за сите тројца, со алишта, мини аптека и книги. Играчки таму купивме и им ги оставивме на дечињата со кои што детево се дружеше додека бевме таму. И сега не би носела многу алишта, најмногу за децава, јас и мм ќе поминеме и со помалку. Немам искуство со летови до Турција, па не знам како е. Секако уште се мислам, а можно е да не одиме годинава на одмор, сепак минатата недела ни излезе така поголем непланиран трошок, ама само за убаво нека е. Ако не годинава, догодина Турција не ни гине. Макара што, ако споредм Турција и Египет, во Египет е каде каде класа над Турција, ама зависи каде, нели. @Lolipop23 зборев со познаничката. Има убави хотели во Чешме ама не се баш евтини, како за со деца најубав е Ilica Hotel Cesme. Има и waterpark во склоп на хотелот, ама не е евтино во сезона. Зависи секако кога би сакале да одите, таму е подобро во јули и август отколку во Анталија, бидејќи долу е прилично топло и влажно во тој период. Ако одите со кола, патот е убав, поточно најголем дел е автопат, само еден магистрален пат има кога се оди надолу од Чанак Кале према Измир, да не се оди одоколу покрај море. Инаку јас преферирам денско возење, страв ми е ноќе, лесно се заспива при возење.
Ако ти е страв од летање немаш избор веројатно. Јас повеќе мислев на носење играчки и слично не на облека. Инаку мене измеѓу Турција (оној дел кај Анталија) и Египет ми нема некоја голема разлика. Хотелите се исти принцип, единствено Египет има корали Турција нема. Сите се само за хотел да седиш и да не излегуваш нешто многу надвор од хотелот. Турција е само почиста, Египет надвор од хотел ми е баш прљаво барем Хургада. Делот од Турција на Егејско море ми е различен. Ниту една од овие две не ми е прва опција за одмор ако ги ставам во избор со Хрватска и Грција. Мене ми е Хрватска број еден било каде, остворите Грција два, Грција копно три... па потоа се друго. Не сум била на пример Малта и Италија за да знам како е ова зборувам од места што сум посетила за летен одмор.
@Annath , @JoyJoy фала ви девојки. Од она што го споделивте, сепак премногу пат е за со кола и дете од 1ипол година. Ќе разгледаме опција со авион. Ќе летаме мај за Швајцарија па ако поминеме добро може и летото да одиме со авион. Ич не сакам во Грција, сакам да смениме нешто. Евентуално некој остров.