Ние одлучивме да одиме во Турција во Аланија во Јуни.Бебето ке има 5 полни месеци.Има ли некој слично искуство,колку време трае летот?Засега сме само на доење и се надевам дека ке бидеме и тогаш, со дохрана би почначнала фждури после 6 полни месеци тоа е во Јули.
Преку која агенција? Мајки, резервирав за Банско викендов. Бебето ми има полни 5 месеци. Искуство некој со зимување толку мало?
И ние викендот одиме за банско ама моите се поголеми едното 4 год а малото 1 год. се надевам времето убаво ке ни биде.
Еве јас ја носев мојава во Банско баш кога беа најголемите снегови. Секој ден убаво облечена ја шетав по 3 часа. Супер и годеше воздухот бебе си уживаше. Не ја качував нагоре по препорака од педијатар, само доле во селото. На 2 месеци кога беше ја носев во Охрид, ладно беше и дуваше пак ја шетав луѓе се чудеа. Убаво облечено бебе и немате гајле. Убаво да си поминете мајка
Банско и не ти е некое зимување. Самото место е ниско и не е планинско. На терените горе нема да го кажуваш бебето заради висинска разлика. Ќе шетате низ селцето и немате гајле. Инаку за деца во Бугарија подобра опција е Боровец. Сместувањето е баш во боровата шума.
Мене така ми кажаа. МОже да има проблем со изедначување на притисокот во ушињата како прво. Кај некои бебиња може да се јави и проблем со бели дробови повторно заради разлика во атмосферски притисок и количина на кислород во воздух горе и долу. Ова ми е од лекар со викендица на Попова Шапка. Децата до година дена на Маврово ги носеше зашто Шапка е високо. Боровец и на иста висина со Маврово отприлика па бебе може и на Боровец. Терените на Банско се на висина како Шапка. Прашај си педијатар за секој случај.
Ова и мене ми го има кажано педијатар. Дека за бебе до Х (не ми текнува сега точно) месеци и за дете со белодробни проблеми (чести бронхити и спазам) најдобро било Берово и Маврово и надморската висина на Банско, но предност дава на Берово и Маврово
Боровец е ваљда. Банско долу кај селото е ниско не е планина, горе кај терените е многу високо за бебе. Маврово според педијатри е иделано, во Берово може да е многу ветровито кај езерото горе за мало бебе.
Ние се решивме , вчера уплативме за Аланија , со авион во август.Бебе ќе има година и два месеци. Се надевам се ќе биде ок.
http://www.fibula.com.mk/mk/Hotel/hedef-kleopatra-golden-sun-?PL=21524-2800-218323-5122757 еве ја понудата ако порано уплатиш имаш попуст.
за кој хотел се одлучивте? и преку која агенција се мислам дали агенција и авион или сопствен превоз и сопствена режија едит видов сега си постирала кој хотел не ми се бендисува идемо даље фала ти
Искрено, за тие пари што ќе ги платиш во Грција, повеќе ќе добиеш во Турција. Иначе има, Anthemus Sea Beach and Spa е моја најтопла препорака, други Lagomandra beach Hotel, Porto Carras, а од поевтините Coral Blue Gerakini.
Емка ние лани и предлани бевме на одмот во Сончев брег на исто место значи и седевме. Супер си поминавме првата година без дете како дечко и девојка а втората како фамилија со бебац една година и три дена. Искрно подобро поминавме со малиша кога бевме на одмор тоа беше средина баш сезона на јули и немаше месдузи вода топла пеколна беше што знам може нас така ни се погоди... И оваа година мм напиња Бугарија ама јас му велам може црно море ама од другата страна на него(Турција) .
Како поминавте по пат со малото? Решени сме бугарија да идеме, само ме плаши патот малово да не побесне во кола
Натаму патувавме ноќ накај 22часот тргнавме така што цел пат си го преспа само еднаш се разбуди близу Пловдив поседе виде темно и си продолжи да спие,тогаш и подолга пауза правевме . А за враќање беше доста интересно ден си појдовме седеше некаде до кај Бургас и после си заспа па кога стана не сака да седи во седиште не сака ништо па си најде занимација отвараше и затвараше шишиња менуваше капачки па цртани гледање. И за назад повеќе паузи правевме поради него се на се добро поминавме искрено и зависи какво си е детето моево е многу живчано неможе да седи 10 мин на едно место.