И моево е живчано, дома не седнува ни минута, цел ден трча низ собиве, затоа и ми е страв да не му се здосади
Ќе земеш фул опрема батерии полни за цртани. Книги било што играчко ќе го занимаваш и јас се плашам за ова лето како ќе биде за по пат ама ќе се снаоѓаме некако добро он е и навикнат да патува мојот барем еднаш во месецот одиме Бугарија-Софија/Благоевград што сепак е пак подолг патот од саат два. Така да вреди и сега кога е поголем да пробаме да патуваме со кола некаде на одмор.
Лани бевме до Охрид и за натака ми идеше од кола да рипнам Ужасно досаѓаше, а на враќање пак спиеше цело време
Дали некој бил во кампов Thalatta kalamitsi и какво искуство имал?Го видов на нет се заљубив куќарките скоро луксузни,сопствено вц,базен, плажа на минута од куќарката, амбуланта,маркет.кафичи, ресторан,лулашки,лизгалки.Прав одмор за со мало дете
Не сум била во кампот ,сум била на местото на плажа само ,плажата е преубава вода топла плитка рај за мали деца ,самото место не нуди баш нешто пошто е многу мало нема каде да прошеташ .
Ова за Каламици дека е мало место дека нема ништо така?Или за кампот?Да ти кажам право со мојов багабонт не ми треба ништо посебно бар сега за сега дур е мал мислам дека тука би се изнаиграл,изнауживал.
Се наоѓа во Каламитци според мене идеално за со бебе и мало дете додуша гледам и интересни активности за возрасни,млади.Мене највеќе ми се допадна што е во дрва да не речам мини шума а плажата на две минути па и колку што гледав цени не е ни толку евтино во сезона 120 е од ден за 4 особи.Ова на сликите е за четири особи а имаш на нивната страна да видиш повеќе опции за 6 души,шатор,бунгалов,камп приколка
Па по агенцииве гледам поевтино е ама од први септември е 70 е од ден што не е лошо од пар би испаднало 35 е.
Да да со две соби дневна кујна трпезарија тераса многу фино ми изгледа баш затоа и сакав мислење искуство.Таа што е за 6 особи е со три соби и се останато.Просторот изгледа доста голем.
Треба да летаме следната недела со бебче 4ипол месеци. Сакаме да земеме количката со транспортерот прикачен на неа, некако малечок е уште за тој обичниот дел... знам дека доколку количката се склопува во еден дел ја зимаат без проблем и доплата пред да се влезе во авион. Меѓутоа за вака, два посебни дела (шасија и транспортер) немам појма и авиокомпанијата (Аустриан ерлајнс) од завчера не одговара на маил и на тел има ли некој од вас искуство?
Јас бев лани во кампов, супер е кампот и бунгаловите се одлични, се што ти треба имаш. Баш е како на сликите. Само има една мала работа што не ја прикажуваат на сликите, огромна гужва на плажата. А додека да сигнеш од Никити до Каламитси кривини, бебе вришти пишти можеби бидејќи ни се погоди огромна гужва на граница изгубивме саат време, па патот ми се виде вечност. На плажата има и многу млади, журка и многу деца некој убав микс. За одмор со бебенце, многу поубаво е на плажата три километри пред кампот. А доколку сте расположени за камп бунгалови имам јас подобар предлог за вас Уранополи кампинг на почетокот на третиот камп ми е далеку подобар избор, малце се намќори газдите на кампот ама се останато е топ..
Нема проблем. Ние со дупла количка, со три дела, основа, едно седиште и еден транспортер сме летале. Те прашуваат од колку делови е количката и толку ленти принтаат. Се води како едно парче, односно една количка, иако е составена од неколку делови. Ќе ви закачат една лента на основата од количката а една на транспортерот. Пред влевање во авион ќе си го извадите бебчето и ќе им ги дадете двата дела. Потоа ќе ги чекате на лентата заедно со багажот.