Za vleguvanje znam deka mozes so nea do vlezot da odis, ama potoa ja zemaat i ja nosat kaj kuferite. Koga ke sletas treba da ja cekas zaedno so kuferite. Nemam iskustvo, ova od sto mi kazuvale.
Јас па сум гледала дека и на излез им ги даваат. Ко што не се води сметка за багажот, можам да замислам што ќе добиеш на крај.
@stevemila лани кога бев им ги зимаа количките на влез во авион, ама не им ги дадоа на излез, туку ги чекаа на лента, први им беа пуштени на лентата (и за натака и навака исто беше), не ми изгледаа друскани и дека само ги ,,џитнале,, никој не се пожали на оштетување
Читнав на интернет. Најчесто "чадорче" количките дозволуваат да се пријават на гејт и тие ти ги даваат на излез од авион. Сите поголеми колички, колички во делови и сл. Или се пријавуваат со багажот или се даваат при влез во авион, ама секогаш се земаат со багажот. Ова е најчеста пракса. Сепак, треба да се провери праксата на авио компанијата со која ќе се лета.
@stevemila вчера летав со виз аир, јас носев само транспортер ама имаше 3-4 жени со колички од кои едната со голема количка 2 дела. И кога слегувавме од авион беа оставени пред авион, одма си го зедов транспортерот и др жени количките. Инаку 8+ сме супер поминавме за време на летот, бебе беше многу мирно, дури и си поспа малку.
Ве собира уште во транспортер? Јас планирам да одам тој период па нарачав моите седиште да купат се плашам мал да не ни е транспортерот.
Јас за 2 недели со малото летам со виз, можеш ли да ми кажеш што смеам во рачен багаж да носам за него од храна?
Па не го собира баш, ама дека сама бев па така ми беше полесно да го носам. И транспортерот ми е многу лесен. Седиштата се многу потешки. Ама не пуштаат да се качи горе, ми го земаја пред авион. Јас носев само бебешка торба. Во незе имав 3 шишиња со вода, термос, една кутија АД, една купена кашичка, лажиче, памперс, влажни, термометар и играчка. За ништо не направија проблем.
Ортопедот ни посочи до кај 9м да го возиме во транспортер, се додека не му се скрос свиткани ноџињата во коленици било ОК да седи во него. @danichap мислам дека ја имам читано дека до 11м ги возела малите во транспортер или грешка сум?? Мал во должина им бил секако верувам..
Да, двете моми до пред година се возеа во транспортерот. 50 цм се родени а не се ситни, баш таман се со должина. Има транспортери до 10 и ди 13 кг мислам. Се додека главчето не испаѓа од предвиденото лежиште и каишите правилно се местат, а истовремено не е надмината максималната тежина, се препорачува употреба на транспортерот. Нема врска со сигурноста дали нозете целосно внатрешно пасуваат или не, туку главчето.
Нас ни рече да обрнеме внимание на нозете.. ама фала ќе следам секако и ќе приметам сигурно ако му стане неудобно и мал транспортерот, иако голем е нашиов, па верувам до 9м сигурно ќе си седи во него
Тие што ќе одите на одмор со дечиња до годинка,што планирате за нивното јадење? Ние уште немаме уплатено а јас тоа мислам. Готовите не ги сака баш А за таму ќе треба цела кујна да ја пренесам Па ќе премијувам 100 пати Конкретно за Грција прашувам. Се извинувам ако не е за тука прашањево,незнаев каде да го поставам
Во Геракини Coral Blue Beach, јас лани бев во соседниот но луѓето кои беа во овој многу се фалеа. Има одлична плажа.
и нас ова ни е проблем. готови јаде само овошни. Препорака зс хотел 1,2 крак не е лошо, ама некако сум за втор
Прв одмор на годинка му беше. И мојот не ги сакаше купечките. Јас му го готвев ручекот. Искрено не ми се виде проблем. Бевме во кука до плажа. Понесов тенџерче и пасерот само. Бевме две недели, си испланирав што ке јаде и си понесов.
Ние се решивме и уплативме апартман, на втор крак во Торони, на сама плажа. За синко како и да е ќе мора да готвам, па хотелска соба без кујна не ми одговара. Побитно ми беше да е на сама плажа, и по можност со двор.