Преку која агенција, име на апартманот, ако не е проблем пиши?? Мм уште се занаса за Црна Гора, ама јас сум во план да го преварам, па да уплатам пак за во Грција
Ано и ние гледавме за Торони, но покрај плажа речиси ништо немаше слобофбо или не ни одговараше. Може линк од апартманот во кој сте резервирале?
Преубава плажа има, верувам дека супер ќе си поминете, за шетање навечер блиску ви е неос мармарас ептен е раздвижено и убаво а во таверните покрај море имаат превкусна морска храна ако сте љубители Хотел Торонеус во Никити, не сум била колешка беше и ептен го фалеше
@emkaemka @Igle @Klarisaa @irena.1 @eli25 Уплативме преку арт оф травел, ама аранжманот реално е на српска агенција, а они само го препродаваат. Олга хаус и бунгалови (ние во куќата уплативме). http://artoftravel.mk/packages/olga-bungalows-house-toroni/#! Не е луксуз, ама побитно ми беше близина на плажа. Пристојно во секој случај. Е сега ние одиме после 20 август, дали има слободно за претходно незнам.
торони најубавиот одмор таму го имавме @Ano супер избор сте направиле.Малце е далеку да знаеш и со кривини е патот.
и ние одиме после 20 авг ама прво ќе фатиме мајот продолжениот за тренинг Јас го гледав Alexander The Great-Криопиги и тој е во игра. Ако има некоја искуство изволте
Криопиги ли Не знам за хотел ли е што ли е, ама местото безврска, угорници огромни, прв пат гледам такви, хотелот ни беше на некои 100тина метри до плажа ама дур слезеш и се искачиш ѕрцки ќе ти паднат а сите плажи им се така, па со бебе, реквизити, јас не би. Јас трудна и два пати успеав нагоре/надолу и мислев третиот ќе се породам Но најдовме една плажа од некаков си камп, па се стигаше близу водата со кола, имаше и место за твој чадор, имаше и чадори, вц и ресторанче кое беше огин и пламен и да ти преседне дур најдеш маса за седење, бидејќи се на се 10 ако имаше. Гужва голема таму, иако место за чадор се наоѓа, долга е плажата.. Или освен ако идете надолу во Калитеа на плажа (каде е тутма) или нагоре не ми текнува кое место идеше тогаш ти е ОК Криопиги.. Јас не би више никат, ниту за јадење горе има асално да седнеш, се како прчвари беа Не ми иде во кој хотел бевме ама беше супер, чисто, средено, храна ОК, полупансион, базент и маси покрај базент, бар, тревници, се тоа убаво..
Золва ми(така доаѓа на мм сестра мислам) беа пред две три години и бевме на посета па од она што видов впечатокот е - хотелот е ок, од јадење знам беа задоволни, а за плажата нема утка широка, песочна, комоција меѓу лежалки ( не можеш да си правиш муабет со комшијата зошто се раздалечени). Е сега не сум сигурна за паркинг во комплексот дали се доплаќаше, а лежалките знам сигурно дека се плаќаа. До плажа има стрмни скали и едно мало лифтче (што значи прилично чекање ред). А и балкончињата во собите беа прилично теснички. Нивната соба беше прилично комотна, ама им беше подарок од хотелот за тукушто земен млад брачен пар и трудница(обичните незнам какви се). Ако те интересира уште нешто можам да ја прашам.
Колку скали, ти текнува?? И овде викаа има неколку скали па искочија едно 50тина Ама ако има лифт барем за до пола ајде некако, ама пак јас и за другата половина не се лажам Што знам, со мало бебе може и 3-4пати ќе треба нагоре, надолу, ќе пукнат по вруќини
Не го сакам ни јас Криопиги. Ама хотелот ми се допаѓа. Нема да се акам со дете по плажи битно да е тука се да одам да се враќам нели пократко ќе се седи на плажа ( претпоставувам).....( сега Ано ме разочара за лифтот само) , затоа многу многу не загледувам каде ....инаку за шетање ќе се шета по другиве местенца колку ќе дозволи бебе нели толку
Под нас хотелчето имаше некаков лифт, ама се гледаше да е вон употреба оддамна, ако сакаш ќе прочепкам да видам дали е тоа што го гледаш, ама ипак тоа да е и за после лифтот имаш уште скали и убава уздолница/узгорница Туку совет од мене, да бираш нешто каде секогаш ќе ти е опција да можеш на вода пред тебе да биде, убав план имаш дека ќе шетате по плажи ама со мало бебе плус враќање во најжешко, па склет го фатило, па не знае што сака.. ти си знаеш и јас сум без искуство, ама цел ден и дека ќе седите на плажа. А пак да губите везден време за пат, пак ќе склетисуваш бебе.. Јас тргам од моево по претпоставка, ти си го знаеш најдобро твоето
Не,не, нема шетање За преку ден нема шанси а за навечер мислам би можело ... ајде види баш тој ли е. инаку на плажа е опција за смештај,, друго не помислувам , овој ми се виде интересен ради лифтот да нема замарања , а и хотелот ми фати око
^сите ќе одиме после 20ти август на одмор изгледа. Уште во Торони сите да уплатиме. Куцкање на фемина од плажа наредени една до друга со деца на слична возраст - нема да се утнеме и да сакаме!
Не е тој што бил пред нас Го видов на мапа, тој е доста подолу од ние каде сме биле, значи по накај Калитеа и ваљда помала удолница следи, па постои можност ако работи лифтот да немате до толку скали до долу Вака по сеќавање ми стои дека ми текнува кој е, мислам дека од карши се наоѓа голем маркет и сваштарница.