Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каде на одмор со бебенце?

Дискусија во 'Бебе' започната од gorda, 9 мај 2013.

  1. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.843
    Допаѓања:
    109.671
    Пол:
    Женски
    Што знам баш побарав од вилава да ми пратат слики од плажата што е пред нас, ова ми пратија, не е најсјајна ама е ОК, ионака план е под дрва во склоп на вилата да седиме, на плажа само за бањање, сите тројца не смееме ич на сонце :(

    BLUE-STRATOS-VILLA-20.jpg

    Видов на гугал има и поубави плажи, но и полоши вистина е..
    @JoyJoy вашата плажа каква била??

    Тешко ми е за избор бидејќи барам вила близу плажа со голем двор со дрва и сенки. За шетање не ми треба ништо, едно продавниче ми е доволно :)
     
    На MADO, eli25, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Емка и јас ќе потврдам плажата е навистина катасрофа ,мене лично не ме бендиса ни плажата ни местото .Чим сакаш мирно место јас би ти го препорачала Вурвуру преубава плажа има ,и само една продавничка :)
     
    На MADO, eli25, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.749
    Допаѓања:
    145.207
    @emkaemka веќе ти кажале се.
    Имам одено на минување и плажата не ми остави некој впечаток.
    Спротивно пак братучетка ми со малото секоја година одат таму на одмор.
    Ја носат од кога беше 6м.

    Јас би Никити. На таму ми оди окото или Торони од втор крак.
     
    На MADO, eli25 и emkaemka им се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.194
    Допаѓања:
    88.831
    Пол:
    Женски
    Идеална плажа за бебиња и мали деца е Лагомандра.
    Огромни дрвја ,природна сенка,еден куп бебиња спијат во мир .место има секогаш бидејки е голема .Паркингот е до самата плажа.Тука е и хотелот Лагомандра ,а во близина го видов ова сместување,https://www.halkidiki.com/kohyli/index.htm со сопствен дел од плажата.
     
    На Girl159, didisi и eli25 им се допаѓа ова.
  5. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.739
    Ко ќе најдеш вакво нешто, кажи. :) И ние бараме.
     
    На duffi и emkaemka им се допаѓа ова.
  6. MADO

    MADO Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2012
    Пораки:
    1.247
    Допаѓања:
    3.234
    Пол:
    Женски
    Емче мила,тоа е мое видување,јас како го доживеав местото,тоа беше пред две години,значи и јас сум тип што сака мирни тивки места,баш од тие причини отидовме,на слика изгледа супер ама плажата е како удолница,се слегнува надолу што не личи на скали,плажи тесни,несредени,нема од каде кафе да нарачаш,з шеткање може да шетнеш доволно ти е за со бебе....ама мене ме не ме бендиса плажата,водата,амбиентот,незнам,јас никогаш повеќе не би отишла.
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MADO

    MADO Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2012
    Пораки:
    1.247
    Допаѓања:
    3.234
    Пол:
    Женски
    Торони убавини.......10-ка ,и тоа место е мало,ама водата преубава.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mia.milicka

    Mia.milicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    205
    Мајки што биле во Торони, дали има место за шетање навечер, продавнички и слично? Гледам и два добри хотела, Blue sea и Akti Toroni, препорака за добар смештај?
     
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.819
    Допаѓања:
    325.589
    Пол:
    Женски
    скоро и да нема.За шетање е ептен оскудно и сиромашно.Мислам дека има само еден маркет ,нам ни беше доста далеку дека така бевме сместени.За разлика од места на првиот крак кои се полни со луѓе,тезги навечер овде нема скоро ништо
     
    На Mia.milicka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.952
    Допаѓања:
    29.046
    Пол:
    Женски
    Неколку таверни, луна паркче за дечиња малечко,нишалки..еден маркет во стариот дел и два во другиот ..оние продавничиња за суврнири и облека две три и барчиња и рестораничиња на плажа..тогаш роден беше само поголемиов имаше 2ипол години и најитересната продавничка му беше една малечка за мед каде во стален затворен ло аквариум налик беа ставени живи пчели..(да се гледа процесот ..имавме дремено со мажот ми по пола час :)
    Ние бевме во Blue sea..и годинава одиме.резервиравме во фебруар.бр на соба ..се ..добивмe попуст околу 15% мислам.
    Водата е преубава.плажа супер широчка и долга..за со две деца треба м2 за да се распостелиме со играчки и занимации :) , ми се допаѓа што вториот крак е "поприроден..има преубави плажи со појас од дрва околу нив..природни сенки ..лагомандра ја спомна некој ..прекрасна ..
    А за шетање може Неа Мармарис
    .многу пати одевме натаму..
    Се гледаме во август значи :)
     
    На MADO, Lolipop23, emkaemka и 3 други им се допаѓа ова.
  11. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.021
    Допаѓања:
    123.884
    @victoria како резервира за хотелот?
     
  12. victoria

    victoria Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.952
    Допаѓања:
    29.046
    Пол:
    Женски
    Во вилата Ели..не во собите од хотелот..искрено мислам дека не вреди за толку многу пари во соба таму..се користиме исто..базен плажа..ресторанот е како менза на отворено..нас храна ни е наутро житарки..овошје, бели пецива (пиблискиот маркет секое утро имаше од некоја пекара) ручек по рестораничиња и вечера повеќе пати гиро ..пица..
    Минатиот пат не беа овие крила реновирани аега се..на линкот ги има и сликите од собите..
    Ние резервиравме преку Атланик.
    https://atlantikturs.com/vila-blue-sea-|-toroni-leto-2018-atlantik-turs
     
    На duffi и emkaemka им се допаѓа ова.
  13. Lorins

    Lorins Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2015
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    3.710
    Пол:
    Женски
    Не следам мн, ама тек тук што читнувам се за Грција е. Сакав да прашам, да не бил некој накај Шпанија, Италија...да ми предложи место, да има плажа, но и што да се види...би ми било од голема помош.
    Дете 2 години ќе биди.
     
    На KidA и didisi им се допаѓа ова.
  14. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.506
    Допаѓања:
    113.990
    Пол:
    Женски
    Мајкички дали случајно знаете некоја страна каде можам да најдам приватно апартманско сместување во неа пори, не преку агенција ? И не хотел. Може има нешто на booking.com ама не ја баратам многу таа страна, не можам да се снајдам (facepalm) :doh:
     
  15. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.843
    Допаѓања:
    109.671
    Пол:
    Женски
    Шпанија е доста ветровито и променливо, медитеранска клима, па не ми е баш погодно за 2годишно детенце. Лани бевме ветерот не уби во поим :doh:
    Водата е преубава, но ладничка и со струи кои влечат, плитко и да нема, одма е длабоко.
    Додека плажите рај!
    Јас таму мало детенце не би носела :(

    Италија сим била само Лидо де јесоло, пред повеќе години, преубаво туристичко место, па погледај некоја понуда од таму може ќе ти се бендиса, за вода не знам да ти кажам не се бањавме мај бевме, но има плитко и убави песочни плажи :)
     
    На Lorins му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.070
    Допаѓања:
    40.424
    Пол:
    Женски
    Бебе 9+ до која надморска височина смее да се носи?
     
  17. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.843
    Допаѓања:
    109.671
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да го качам на 1.600 па матичната ми рече по 6м и тоа постепено подобро, со неколку паузи до горе. Така да твоето на оваа висина можеш, па и нешто плус е сосем ОК верувам :)
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.070
    Допаѓања:
    40.424
    Пол:
    Женски
    Благодарам на инфо. Како и да е ќе одиме и кај матичната па ќе препрашам.
    Сакаме да одиме за банско па да знам какви планови да ковам, дали само градчето или ќе може да одиме и погоре за прошетка.
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. KidA

    KidA Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2014
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    997
    ние бевме без дете во Мајорка, во местото Cala d'Or, хотелот беше Barcelo Ponent Playa. Уште тогаш си реков ова е преубаво за со дете :), хотелот е на мало заливче и веднаш до плажа, водата е топла и не дува дека е залив, мажот ми се бунеше што мора долго да плива за да излези на отворено море :) ама па затоа нема бранови)) храната беше многу добра, полупансион имавме вечерата беше многу богата со секакви готвени јадења, види на booking reviews и слики. Сега сакаме на одмор со 7 месечно бебе и се мислам за таму, само ми е дека нема природни сенки, лежалките се плаќаа плус, и пошто хотел нема кај да готвиме за малото..Ама со 2год би било добро :) инаку местото си има убава да речам чаршија со ресторани и продавници, а може да се одат и на секакви екскурзии. Ние и без кола многу убаво си поминавме.

    Мене сега ми текна за Хрватска, може некој може за таму да препорача со бебе 6-7 месеци?
     
    На Lorins и azelea им се допаѓа ова.
  20. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.198
    Пол:
    Женски
    Немате гајле тогаш, Банско и така е на ниска надморска височина :)
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.