Ние бевме во градчето сместени и ни беа блиски две различни плажи или ајде подобро да се изразам две страни од едната плажа што продолжуваше до Геракини. На едниот дел се слегуваше по едно надолу патче (широко) и покрај хотел Симеон. Таму има лежалки и кафе. На другиот дел кај што се вилите напред плажата е како неуредена ама мислам дека е поубава. Нема лежалки и соблекувални. Ние шетавме и бевме и во Вурвуру и Лагониси или нешто така демек најубавата вода и плажа на втор крак (во вода се влегуваше на пластични вреќи со песок). Мене на пример Никити ми се бендиса за шетање навечер, а на плажа таму не би одела многу тесна и згужвана ми се виде.
Кај нас беше монтажно. Душек немаше, што било случај и други хотели, туку јорганче наместо душек. Ок беше. Најдобро лрашај си бидејќи треба да си го резервираш и да ти го спремаат пред да стасате.
Каде да се шета низ Македонија со бебе 6+? Се мислиме за продолжениов викенд тука некаде па здравје за одмор надвор од Мк.
Здраво, сакам да ве прашам дали е препорачливо да се оди на остров со мало дете (22 месеци)? Сакаме да одиме на Тасос ама се мислам да не е многу далеку за таа возраст?
И мене се накај МЕтаморфозис ме тера за летово. Читам секакви коментари, ама гледам @emkaemka веќе резервирала за таму и пограј негативнитер кои ги прочитав. Изгледа и јас ќе одам да видам сама шо е тоа чо чини односно не чини
Да резервираш и ти Ма одлично ќе ни биде, секако има и поубави места и плажи, ама и тоа што се нуди пред вилава е солидно, а амбиентот ме бендиса во склоп вилата и близината до морето, башка борова шума милина. Ќе минеме топ
Каде емка? Сабајле колешка (дека пишавме веќе на работа одмори па само тоа се збори ) ми го збореше добро било, за со мало дете.Гледав и за Никити две хотелчиња. Едното исто со борова шума околу. @Среќичка Охрид
Сте биле во хотел на одмор со 11 месечно бебе и како се снаоѓавте за правење јадење (бидејќи нема кујна) ? Пак јас со јадењево ама некако тоа ми е проблем . Секако побитно ми е малото да му правам за нас ќе се снаоѓаме. Во агенција ми рекоа во хотелите не е дозволено да се уклучува на пример решо,да се готви.
Готови каши ти се опција. Јас на одмор тоа носев, бидејќи така ми беше најбезбедно. Да влечкам јадење од дома не баш, бидејќи и да е во фрижидер, од каде да знам дека нема да се одмрзме, не знам колку би се задржале по пат, на граница и слично.
Кажете ми искуство за фурка. Одмор со две мали деца, година и три години, бива ли. @Klarisaa ако немаш услови за готвење опција ти се готовите каши или хотелската храна. И моето купечки каши не јадеше, беше годинка, па се одлучив за приватен смештај и готвење. Носев намирници, немав никаков проблем.
Исто скроз ,пробав и холе и хип и ништо. А овошните ги сака на хип,слива,круша,јаболко. Моментално се на акција во веро 3 кашички за 122 ден ))
Пробај со ДМ био. Мојот тие ги сакаше. Тие на Холе нејќеше ни да ги мирисне, ама па и мене тие ми беа најгрди на вкус. Имаше една со тиква и морков и цела ја исплука кога ја пробав ужас жив беше.
На вториот крак има, ако не сум грешка... меѓу Никити и Порто Карас. Ама претежно се помали плажи тие со природна сенка. Моево ги јадеше кашите од БејбиЛав и Алнатура. Не ми правеше проблем воопшто. Ние бевме во приватно сместување, не во хотел, имав опција за готвење, ама искрено, побезбедно ми беше со каши. Немаше ни годинка.