http://acibademsistina.mk/health/in...te-na-odmor-so-bebe-pomalo-od-dva-meseci.html Прочитај го ова па размисли си убаво
Да. Ама ако го прашаш сајковски ќе рече најубаво е на море за бебе. малце им се косат ставовите во систина и патем што ако живеат на море? Не знам ни ја не би се осудила само поентата ми е систина веќе не ми е репер..
Да ама мислам дека за деца кој се родени на море е друго. Кај нив не знам како да објаснам ама " се навикнати на таа клима, бидејќи таму се родени. Сепак мене ми е ризик премало е не дај боже нешто да се случи ако се подалеку друга држава што ќе прават? Родителите сепак си знаат најдобро и најубаво е да си прашаат педијатар за сигурно.
Искрено и јас со едномесечно бебе не би одела на море или планина,барем после три месеци,тоа е мое мислење.
Имам пријатели што пред две години (лето 2016) беа на одмор во Грција со едноиполмесечни близначиња. Родени во јуни, во термин, ги однесоа на море во август. Се фалеа дека убаво си поминале, имаат уште едно поголемо детенце, тогаш околу 5 години имаше. Мене ми е шубе со толку мало, знаејќи дека до три месеци може грчеви да имаат, па со плачки не мислам да го поминам цел одмор, башка да ги деранжирам сите во околината. Освен тоа, комарци, претопло, не можеш да го бањаш... ај, брзо ќе дојде следното лето.
Јас не би... Тоа бебе треба прво да се аклиматизира на надворешниот свет, па промена на клима може и неповолно да делува. Првата ќерка ми е во јуни, таа година решивме да прескокнеме одмор. Оваа ќе биде во мај, но решив ќе барам аранжман дури крај на август, за во септември, ако сѐ биде во ред и сметаме дека ќе можеме.
Фала ви девојки И мене ми е шубе со толку мало бебе, од сите причини кои ги наведовте, ама си реков да прашам некој да не имал искуство. А и некако си мислам може нема да се види одмор за ќерка ми, таа е веќе поголемка и си има барања. Греота е и неа да ја затвориме во соба. Изгледа ова лето ќе се задоволиме со викенд.
И мене ми е криво ради поголемата ако не излезе одморов. Но ако не излезе, како опција имам да ја пратам до Охрид со баба и дедо.
А зошто не одите средина на јуни? Јас бремена во 6ти месец бев на Закинтос, па во 8ми пак до Лептокарија.
На работа имаме само колективен одмор кој ни го даваат на почеток на јули, а мене ми се поклопува со породилното отсуство и ништо не ми значи оваа година. Јас уште сум на патолошка и баш се враќам во најголемите гужви и горештини, а немам опција да го земам одморот баш во тој период кога ми одговара.
Мајка јас бев со моето кога имаше месец ипол во Охрид. Супер поминавме. Во принцип од кога е родена сегде ја шетам и Охрид бевме Грција кога имаше 3 месеци, Банско, Боровец, Германија патувавме, Малта, и еве сега има 7 месеци ќе бидеме 2 цели месеци на море во Грчка. Јас секогаш прашував педијатар ако има зелено светло одиме со торба спремна медикаменти за не дај боже и желба за убав провод. Не сум имала црни мисли ако нешто бидне. Ама секогаш на контрола сум ја носела пред пат. Твоја одлука секако. Со лесно
Јас уште не сум породена, затоа не можам да направам план ни отприлика. Ако е на почеток од 9-ти месец, може да се испланира нешто, ама ако биде на термин, а тоа е средина на август, ми отпаѓаат опциите и за Охрид и за море. Крај на септември, а може и октомври не ми е тоа тоа.
Ако си термин средина на Август според мене подобро прескокнете одмор годинава, другото лето ќе надокнадите
Jas sin mi go odnesov na tocno dva meseca vo grcija i da ti kazam poubav i pomiren odmor ne sme imale bebe se iznaspa..normalno ne sedev na zeskoto na plaza go nosev na sabajle i posle17h
Околу 7-8 саати.Зависи. Патот е оној за кој се оди до Лефкада,убав е. Не заморува ич.Нашево дете многу спие во кола па може затоа не видовме мака Врахос топло го препорачувам.
Јас го носев моето на два и пол месеци. Многу убаво поминавме. Одев ради постарото детенце. Мислам на месец не би носела, зошто првиот месец јас сеуште не бев фит за на пат. Зошто не размислуваш за крај на септември да биде бар два месеца. Всушност мораш прво да видеш какво ке биде бебето. Ако има некој проблем, грчеви, ако не напредува тешко дека би тргнала на пат. Не можеш после плачки цела нок да се ставиш во кола и возиш не наспан на пример.