Во октомври ако имате шанси, можете Турција. Ние секоја година одиме средината или втората половина на октомври.
И јас на истово помислив, но искрено мене ми е страв толку далеку со мало бебе да одам, а многу би сакала.
Јас првпат син ми на неполни 5 месеци го однесов Турција. Пак, поголем беше. А двете уште од 2 месеци Охрид и Крушево ги носев.
Nemam mila link.Mm mislam ima tel br.Manolis se vika gazdata.Nie odime prethodno,se dogovarame i uspat terame vikend
Што мислите за Амуљани или Паљури? Ние сме фамилија со четиригодишно девојче и седммесечно бебе, плнираме да одиме во Грција почеток на јуни со автомобил ама не знаеме каде. Смештај планирам таму да бараме. Што би ме посоветувале? Почеток на јуни може да се најде смештај на овие две места?
Паљури го обожавам. Ама не знам како е со смештај зашто не сум била таму сместена, од ханиоти таму одевме на плажа. За Вурвиру мислење?
Во Амуљани не сум била, можам за Паљури да споделам мислење. Селцето е далеку од плажата и со деца (а посебно бебе) тешко без кола, да не речам невозможна мисија. Од друга страна кампот е на сама плажа, фино е среден и има убави сенки. Ама тоа значи дека треба да си камперски расположена за приколка. Не знам дали изнајмуваат од самиот камп. Плажата е убава и песочна ама песок во водата е каде што се бич баровите а таму е лудница, посебно за викенд кога цел Солун доаѓа. На страна од нив е мирно и воопшто нема гужва ама додека влезеш нозете отидоа. За бебето ќе биде супер ама поголемкото нема да може само во плиткото.
Дефинитивно Амуљани. Плажата е плитка и местото е таман за со деца. Додека за Паљури не можам истото да го речам.
Мој предлог ви е Скотина,мирно место ,на 5/6 км од Лептокарија.Одлично е за мали бебиња и дечиња. Во Јуни и Септември апартманите се по 20евра од ноќ,на 60/70м од морето.
Само ммногу комарци има тој дел. Нас сега за 1ви Мај бап не испокасаа. Прв пат одевме на тој дел да го видиме што чудо е. Водата е плтика и баш песочна во Лептокарија ама комарци леле мајко.
Јас лани бев Скотина се опремив убаво со аутан за мачкање и раид за во струја. Ниеден комарец не не касна ни мене ни мм. Братучетка моја беа дојдени заедно со нас (но во друга вила) со ќерка и (немаше ни 2 години тогаш) и маж и. Ниту тие не се пожалија на комарци. Јас од 18-22.06 резервирав за таму.
Ја не сакам да користам Аутан и хемикалии. Мене лично не ми помагаат за дете не сакам да користам. Може затоа и имавме проблем.
Во Скотина ние преноќивме една вечер пред две години на враќање од одмор. Септември месец, решето не направија комарци. Ни аутан ни ништо не помогна
Јас па дури се изненадив како е можно да не не касна ни еден комарец во Скотина. Сум била Закинтос, Крв, Олимијада, Аспровалта решето ме направија. Башка тоа што цело време седевме на терасата со запалено светло околу кое се береа само пеперутки. Лани таму јас бев во август. Имам мрежа за количката за бебе ќе земам и алка и оној Мапез спрејот што го препорача биодевојка во друга тема. За со бебе местото е стварно убаво, многу мирно убава песочна плажа, Лидл има во Лептокарија на 5 мин со кола, водата е плитка и чиста.