Јас планирам првата да одиме. А за друго се е до ксметот. И втората е супер, ако нема дожд. А не значи дека во првата нема да врне. Нема правила.
Зависи како ке се погоди. Ние лани бевме после 15.9 и супер. Сите денови ни се погодија, а поубави беше зошто оној жешкиот период од денот кога не се седи на плажа го немаше.
И јас го сакам јуни за на море. Таман не е многу пеколно. И ќејф е во вода да се влези после долгата зима, веќе до септември и желбата ми поминува за пливање
Ние првата година со бебе бевме од 1 септември до кај 8 ми и супер беше времето и водата,а се зависи и како ќе се погоди ,може и втора половина од септември да ти се погоди топло
Би одела и јас почетокот на септември, но како резерва ако нешто не излезе сакав да чујам какво е бидејќи не го познавам Егејот, а оваа година ќе мора да биде таму, бе можеме подалеку. На многу други места знае да се зезне времето втора половина (нели, таков е месецот) па за бебето е сеедно, ама поголемово греота е да не се избања, уште од сега кутрата збори: "сакам на плажа"
На два месеци вадевме пасош, воопшто не беше тешко, од прва. Само мирно и будно да е, мм клекна до столот и го држеше како седнато, јас од другата страна припомагав. За разлика од него , брат му (скоро 3 год) едвај го сликавме. Плачење, трескање, скокање од столот, фрлање на под.
Vo jumbo imate koritce na duvanje @emkaemka ne mkni legen Nie ke odime Avgust zdravje.Planirame Kalikratia pak.So godini sme tamu i preubavo e.
Не. Морска болест може да го фати и мало дете, не дај боже! И тоа многу полошо да се манифестира отколку кај возрасен.
Со мм никамо да се договориме каде на одмор. Крстарење беше негова идеја дека ќе сме виделе повеќе места. Дајте ми предлог за септември крајот. Турција, грција или италија?
Predlozete nekoe ubavo mesto koe e na pocetok na Grcija deka so bebe nemame mnogu vreme za podaleku ..
Неи пори е волшебно убаво за фамилија со мали деца од страна на олимписката ривиера е последно место, со долга песочна плажа, на првиот крак би ти го препорачала Полихроно, со убава, нешто потесна но песочна плажа. Втор крак се уште поубави плажите, шитоки и песочни, но сс нешто подалеку. Врасна, Аспровалта исто би биле добар избор. Јонско море има убави места, но се подалечни за разлика од првиве.
Врасна и Аспровалта не се добри за со деца. Ветар, бранови огромни. Еден чекор направиш накај вода и до половината ти дошла, уште еден и те покрива. Плажата не е песок, камења е и тоа остри. Ќерка ми лани ај што не влезе во вода, туку и во песок не можеше да игра, нема ситен песок. И влезе трн во стапалото. Најлош одмор во животот.