Ние одлучиме за Будва , пред 1 год беме сами сега со плус пуфчето наше 14м ќе е , нез колку е најсоодветна , ама ние сме доста задоволни , сега уште да се најде апартман , доколку има некој искуство да споделе патот не ме плаши , спие умна е во кола , со паузи со се , ќе се стаса .. Друго , кога беме таму ни кажаа после Будва , некое добро место соодветно за со деца,мало местенце било ,ама заборавиме име , Некој знае ?
За со бебенце најубаво да се сместите во Петровец, Лучице ми е убава плажа и за Црногорски услови најпитома за со дете, градчето е преубаво.
Лел да Лучице е мн убава ние преку ден одеме до неа со кола , имаше доста дечиња таму .. за градчето нз баш че разгледам ..
И ние тргаме сега во недела Црна Гора,мада мојава не е бебе веќе 3,5 години е ама така решивме да сменеме малку да искористиме стар одмор.Највеќе ми е да дишеме морски воздух ,не ми е битно дали ќе се бањаме,секако ќе играме на плажа,ќерка ми обожава со саати на песок да е. Се мислевме каде да се сместиме ,прво варијанта ни беше Котор ,ама некако се тоа што ни се свиѓа нема место,па Будва и сега на крај по се изгледа Петровац ќе да е,ми се бендиса местото,а и секако ќе шетаме и до другите места и плажи. Инаку после Будва @Poppins може мислеш на плажата Плави хоризонти ,таа е убава песочна и плитка за со деца, и мене ми е во план да отидеме.
И јас мислам дека ви кажале за Петровец. Убаво местенце Ние се одлучивме за Никити. Ако има некој одено таму со бебенце пишете ве молам како е таму. Исто и ако некој бил во Costa Domus Blue Apartments .
И мене ми е опција Јадран годинава, сподели што ќе најдеш, моментално немам време да барам, а планираме крај на август. @azelea и ти да пишеш импресии како ќе поминете.
Јаз некако и тогаш не ни остави впечаток , ама се се мења .. Петровец е добро местенце ама бараме Будва , близу центар , за плажи и така со кола ќе се оде насекаде , смештајот да е на добро место битно ни е .. @azelea чекаме упдејт @Lolipop23 утре планирам да седнам подетално да се развртам на Airbnb , некако таму по добри понуди ми имаше .. Ќе споделам одма ..
Може некои искуства кој бил во Неи Пори? Совети за сместување, цени? Со наш превоз без агенции би оделе. Детето е 2год. а јас сум бремена, па ако ми дозволи докторката би сакала да отидеме на неколку дена таму. Поздрав
Мене ми се допаѓа. Иако сите се плашат од комарците , ние ,,лошо,, искуство со нив не сме имале. Комарци има секаде на морето. Јас пораснав таму и ми носи убави спомени. И јас го имам на памет. Плитко е баш за мало дете. Треба долго да одиш за да се стаса до длабокото. Плажата е голема и песочна. Главно се фамилии. Има доктор, амбуланта, аптека, секакви видови ресторантчиња. Пица у Вулканос обавезно и многу чоколадна кроасана од пекарата на ќошот.
Јас или јаз така некако се викаше местото. Мислам дека за тоа збориш. После будва е. Местото е сон. инаку не би ти препорачала да ги посетите каменово и буљарица . не е за деца .