Ние за Улцин решивме. Од искуство таа плажа ми е најубава во црна гора. Најдов апартман за 20 евра кујниче како со дневна и спална за во септември 50 м од плажа. Само уште да разервирам. Не ми е за шетање, луксузи ресторани и слично. Ми треба за малово песок и топла плитка вода. И онака ќе си готвам така да ова ми е одлично. Се надевам ќе ми успее планот
Не не е јаз мила , мене па најмалце ми остави впечаток јаз .. отварам мапс сега да а истражам црна гора
Да доста голема , и мноогу мноогу народ , некако за тоа не сме ние , секој што оде натаму мора и на Јаз да мине ден , ама секоа сезона е се различно , ние беме пред една год така да , лесно може мислење да ни се смене ..
епа не знам срц.. таму се сутоморе, бечичи, мичичи (вајда го погодив по име), каменово, петровац, буљарица и кралската плажа која се оди со бродче од бечичи. не ми текнува на друго место таму... И тоа св. стефан ли како ли се викаше..
Краљева и Краљњичина плажа се во Милочер. Местото Милочер е од карши Св Стефан островот со тие две плажи.
Абе колку краљичини имаат. На таа нас што не носеа не беше баш кај св. Стефан по накај суто море беше, а и искрено никаква. После на нет нешто за друга видов и ич не ми е јасно. Оваа беше крш, со карпи у вода, а викаа песочна била.
Бил ли некој во Неа Скиони. Како е за со бебе. Читам мало селце. Такво ми треба. Мало место, без гужва, без многу продавници. Само плажа ми треба и апартман со двор.
Не сум била ама една колешка со години одеше таму со децата вика дека било преубаво тивко место и се фали дека е презадоволна.
Ние лани отидовме на еден ден од Сивири, мало симпатично местенце, на едната страна има песочна плажа со лулашки во песокот, мирно на плажа, нема гужви а за шетање навечер нема. Имам нешто слики во компјутер ќе ти пуштам во пп кога ќе седнам
Оваа година одлучивме Албанија да одиме. Прв пат ќе одиме таму. Сакаме Ксамил да одиме,крајот на Јуни. Држете ни среќа како ќе поминеме со 3 деца (2 бебиња). Мене многу страв ме фаќа.
Фала. По секако одиме таму, па ако Ај баш прати некоја слика. И мене така ми пренесоа, мало, мирно место и нема кај да шеташ. Лани бевме кај што има да шетаме па џабе. Седиме до крај на плажа ( дека нели тогаш не е жешко) се прибираме, четворица да се истушираат, четворица да јадат и готово време е за спиење. Лани имаш лулашки , па син ми ги бараше, па атер на него ке го истушираме и право таму, па ние се туширавме деца кога ке заспијат.
Здраво женски препорачајте некоеместо во Грција за одмор после 15-20август, за со дете 23 месеци, сакам песочна плажа, да има каде да се прошета но да не е премногу бучно навечер. Грција речиси ми е непозната па заради тоа ми треба совет. (П.С. сум била во Паралиа, Олимпик Бич, Неа Каликратија ама тоа ми отпаѓа како опција).
Јас децава ги носам од бебиња. Гоелмиот ми беше неполни 5 месеци кога го однесов првпат и после секоја наредна година. Ние одиме во Олудениз втората половина на октомври. Местото е доста појужно и сезоната трае подолго. Не знам што поточно те интересира.