Првиот пат имаше 1 оброк но потоа 3 оброци и 2 ужинки дури но како што кажав пола и повеќе враќавме назад затоа што имаше и таму храна за бебиња и деца
Мајки сакаме втора половина на јули да тркнеме до Охрид на неколку дена. Синко ќе биде 5 и пол месеци. Можеби ќе јаде каши, ќе видиме што ќе каже педијатарот. Пре би на море, ама некако касно ми е да барам аранжмани по агенции, плус кнап со париве, а да тргнеме сами со кола и да лутаме од смештај до смештај во грчка со мало бебе не сакам. Ми падна на памет Трпејца. Близу до Љубаништа и до Градиште. Никогаш не аум била баш во Трпејца. Градската гужва сакам да ја избегнам. Единствено што сакам е да се избрцкам во вода да оладам душа неколку дена само сместена близу до плажа. Синко секако нема да го бањам. Единствено да му стоплам вода во мало базенче па да прошлапка 5 -10 мин Што викате за идејава? Бил ли некој какво е местото? Да не се зафркнам? Или Пештани да не е подобро?
Втора половина на јули секаде има гужви. Пештани е доста прометно и што не ми се свиѓа е што плажата е блиску до патот. Трпејца многу не сум одела, ама и таму некако ми е се збуткано, тесно. Ние стално одиме Љубаништа дека најмалку гужва има таму, иако после 15 јули секаде има народ.
Љубаништа ви е најубаво за со мало дете. Трпејца е мала и тесна плажата. Можете таму да се сместите, а со кола да одите до Љубаништа, не ви е далеку воопшто.
Сигурно е преубаво чувството на одмор со бебенце , па голко се шлапка во водата мераци Едвај чекам...
Па така и планирав, можда сум испуштила да пишам. Затоа и спомнав измеѓу Љубаништа и Градиште па да можеме да менуваме. И мене Љубаништа ми е најубаво ама нема смештај во куќа, бидејќи е автокамп нели. Ако ни досади таму друг ден во Градиште и така. Искрено ептен ми се оди на море, ама не сакам да се врзувам со дати и со однапред платен аранжман. Можеби ќе врне можеби ќе е прежешко, а да мораме да одиме бидејќи е уплатено. Плус ми досадува некако на одмор повеќе од 4-5 дена. Секој ден исто, па кога ќе видам луѓе како седат од утро до вечер на плажа си викам алал да им е. Јас не сум човек за плажа За 2-3 саата пекам да си одиме, досадно ми е и жешко, а и во вода не ми се дреме многу. Сакам да искомбинираме годинава пола одмор планина, пола на плажа. Не знам колку ми е паметна идеја Охрид. Не сум била таму на одмор од своја 18та година. Којзнае какво е и колку е сменето Ама па немам избор друг. Дојран и преспа не доаѓаат во предвид. А догодина здравје ќе тераме море, сакале нрќеле мали ќе го бркаме по плажа
Villa Neso во близина на езерото е....ако сакаш приватност, двор, ако си готвиш. Искрено хотелите се прескапи. Манастир е убав, ама е во градот. Аурора искрено премногу ми е фенси за планина. Други вили мислам дека се со заедничка кујна и вц, само нешо, лина и уште една беа со сопствени. Ѕирни на фб ова што т понудив, нема утка.
фала ти многу! ги изнагледав сите на интернет, и мене око ми фатија Нешо, Лина и ранч Фета. За вила Нешо не ми беше само јасно ради локацијата, дали за шетање директно се тука патеките, или треба прво по асфалт/со кола? А дворче си има убаво за седење под сенка денски, да? Мислам таму најповолно ќе ни биде
Имаш смештај горе во селото и не е далеку. Претпоставувам со кола сте. За минута-две сте на плажа. Ако ти треба контакт кажи, имам неколку.
@DaenerysT заборавив да ти кажам дека сместување има и на патот кон дивата плажа и на самата дива плажа покрај езеро. Помина времето за редактирање, нека средат модераторите.
Фала ти на идеите. Ако не ти е тешко пиши ми контакт во лп и ако има некој линк да видам би било супер Него друго нешто ми падна на памет можеби е смешно ама да си прашам. Бидејќи го дојам бебо, можно ли е да има нешто ефект врз количината на млекото од влегување во ладна вода во Охридско? Плус како правите за доење после капење? Ги одмивате ли градите и со што, пред да цица бебето?
Ние бевме во Охрид со бебе од 6 месеци. Супер си пројдовме. Охрид е таман поладен од море, бебе се изнаспа додеак бевме таму, во Скопје тој период беше претопло не можеше сиромашкиот да спие. Ние бевме кај Метропол сместени. Сабајле одевме на плажа до кај 11/12 и потоа пак после 16:30. Супер опција е за со бебе Охрид климата е баш погодена. Бевме бап во Јули и не беше гужва барем не во периодот додека ние бевме на плажа. Гужвата е после 10 до кај 4 не знам ни сама зошто. Јас малку ги одмивав градите со обична вода пред да му дадам да цица. Пливањето не влијае на количина на млеко.
Пливај мајка, бањај се, ако имаш шанса. Јас немав шанса, само со нозете влегував до над колена максимум. Ако имаш тушеви можеш да се истушираш иако нема потреба, не е солена вода. Можеш да ги измиеш градите со обична вода од шише после бањање. Сега следнава недела треба да одиме Љубаништа баш, па се што знам за сместување ќе ти пишам во лп. Што и да те интересира пиши слободно. Едит: еве најдов линк од тие на самата плажа. https://www.pazar3.mk/Оглас/Се-изна...-vo-Ljubanista-na-samo-10m-do-ezeroto/2139968
Може и преку дворот пешки да се оди, не знам што како ама маживе одеа. Во дворот е клупата кај скрата па како врти сонце така има сенка, ама побарај си чадор газдата ќе ти обезбеди ептен е фин. Инаку на тарасичките од апартманите нон стоп е сенка. За пешки е блиску се, аурора, вип езерото(патеки има) кај езерото кај што се бунгаловите е преубаво за пикник. Ние лето сме биле ептен на почеток на јули, и баш било пријатно. Види па кажи ми што ќе направиш. Ако идеш кај нешо, кажи ми да ти кажам од кого да го поздравиш хахахах